Драга.
Животот ти давал она ти што си му дал. Демек шири позитива и се ќе биде сончево.
А што ако е обратно? Што ако враќам, она што ми дал животот?
Преку глава - ама баш преку глава од мазохистички Мајка Тереза изјави - ти заслужи да се мачиш. Колку е тоа само умно болно? Да го убедиш некој дека заслужил да страда.
До пред едно време ја следев Ана Јовковска на фб. Кога бев средно имаше интересна тв емисија во која канеше луѓе од култура, интелектуалци, доктори, како и да е... Демек луѓе со искуство од кои можеш да научиш нешто.
Сега ја гледам споделила објава за нејзина книга, на следнава тема, парафразирам: Зошто ни се чини дека овој свет е неправеден, зошто ни се чини дека ангели од луѓе се измачуваат на ужасен начин, неправедно, со болести? А други пак, кои јасно гледаме дека најмалце заслужуваат, се опсипани со благодети, здравје и хармонија? Одговорот е - КАРМА.
Го читам ова што го напишала и стојам занемено пред мониторот. Инаку за тие кои не се запознаени - во Индискиот систем на верувања ги има 'законите' на Карма и Дарма. Дармата е она што опфаќа систем, начини на морално - добро однесување. Оттука, се се сведува на тоа што си правел во претходниот живот, пошто веруваат и во реинкарнација - демек сите сме во циклус на постојано умирање и раѓање. Пардон ако сите сме истите души кои одново и одново се раѓаат, тогаш како тоа популацијата се зголемува? Нели треба да остане иста. Неважно, одиме понатаму - ако не си ја почитувал Дармата во претходниот живот, сега ти следи живот на мачење, страдање, пекол и единствениот начин да си го објасниш тоа што ти се случува, според нивниот систем на верување е - Ти тоа го заслужуваш. Ти имаш таква Карма, тебе овој живот ти следе мачење без услови, без ама, без компромиси. Само мачење. Страшно, не? Како окован во невидливи синџири. Цел живот ќе се мачиш и немаш право на ама.
За оние попаметните - станува збор за систем на владеење. Како да ја убедиш милионската Индиска толпа дека со право е сиромаша, а Махараџата од друга страна е диспропорционално богат? Едноставно. Врзи им филм за Карма и Дарма.
Ана Јовковска? Не е веќе во листата на луѓе кои ги следам. Како човек од далечниот Запад (во споредба со Индија), должност ми е, ОБВРСКА ми е, животот да пробам да си го објаснам на друг начин. Дека не е фер. Толку едноставно. А не дека сум заслужил. (каква патологија од Религија)