Драга
на работа има една девојка на која многу и го имам меракот.
Ми пристапи додека работевме и ми вели слушнав дека си од Македонија. Јас и одговорив да од Македонија сум. Јас сум родена овде но по потекло сум Хрватица ми рече, моите родители се исселиле од Југославија во 80ти. Јас бев шокиран, со русата коса и ангелските проѕирно кафени очи си реков оваа мора да е домородна овде. Плус тоа јазикот го владее одлично.
Изгубив надеж дека можеби би знаела Хрватски, со оглед на тоа што е родена овде. Но на крај ми проговори на Хрватски и јас во мене, тооооо!!! Родителите дома зборувале на Хрватски па успеала да го совлада.
Ретко се гледаме, и ретко се погодуваме во иста смена. Ама стискам палци да е слободна, иако да бидам реален тоа би ме изненадило. Will see.
Ми кажа дека лани прв пат во животот била Хрватска на одмор. Пред тоа само Шпанија, Шпанија, Шпанија - ко сите други овде.
Рече дека Хрватска и била 1000 пати поубава и од сега секое лето ќе биди во Истра. Го видела и Белград, рече преубав град.
- И Македонија е убава земја така?
- За тебе најубава и велам. А во ум веќе не гледам нас на Галичка Свадба.
![Љубов :love: :love:](/styles/default/xenforo/smilies/inlove.png)