Кога сме кај глупи наседнувања...
Татко ми пред некој ден ми вика да видам еден разговор во телефон и да му кажам што да прави...
Гледам, прифатил некоја "баба" на фб, и оваа му пишала, на скоро совршен македонски, нема шанса да беше тоа на гугл транслејт.
Здраво, може ли да споделам со вас нешто?
Татко ми и вратил дека може да сподели.
И оваа напишала срцепарателен текст со слика "нејзина" од болница, како се наоѓа во тешка состојба, блабла. Си викам, ќе бара пари сега, сигурно...
И вратил овој некоја сожалувачка порака и оваа му вратила дека во банка има 300к еура и сака да му ги остави во наследство бла бла... знаете, како секој скам.
Овој само тамб ап и вратил.
И му викам, измама е ова, сака да ти земе пари.
Е, викаш измама е? А како ќе ме измами?
И му го објаснувам начинот и ми вика:
Ееее уште ли бе има луѓе вака што ги мамат?
Па ти што ме прашуваше, ете и ти за малку наседна.
Ааа не, никако тоа. Јас одма знаев дека измама е, хе хе. И се смее така под мустаќ.
Му ја блокирав, и му одржав лекција да не прифаќа секакви на фб.
Вчера ми ѕвони на телефон да ми каже, прифатил некој од Тајланд.
Ако не излезе овој трансвестит, еве на.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)