Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
ДК,

Тие што „навиваат“ за Палестина во конфликтов, нека видат во која група спаѓаат и со какви сурати се поистоветуваат.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.107
Поени од реакции
10.406
Драга,

Кога се сладоледи во прашање преферирам полесни овошни вкусови и не толку благи. Најчесто бирам банана и шумско овошје. Имам моменти (пмс најчесто) кога ми паѓа и тензија и гликемија и единствен спас ми е некое тешко благо и кока кола. Тогаш обично бирам некои карамелизирани вкусови, сникерси, нугат итн итн. Пред некој ден кога пазарував во кам си налетав на сладолед - алпико кафе лате и како coffee addict immediatley fell in love with it. Сладоледов е перверзија. Малку е тежок, ама многу вкусен! Сигурно ќе си набавам резерви за во зима.

Ам и уште едно нешто ново што го пробав месецов исто така на база на кафе е najlepše želje tiramisu. Значи, после schogetten и toblerone, ова се дефинитивно моите омилени чоколади.

Инаку периодов се соочувам со reading slump. Годинава убаво си почна, ама последниве два месеца замрев. Веројатно заради тоа што немаше член во семејството кој немаше некаков здравствен проблем. Од карциноми, преку корони, до скршеници и телесни повреди. Среќа па сите ми се на број, сите се добро и се помина во најдобар ред! Се надевам дека толку беше од шетање по болници како пациенти, а и некако оптимист сум дека конечно ќе му дојде крајот на ова корона срање.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
ДК

Судбината не е пат кој што треба да се изоди, судбината го сече патот на неколку страни, а на тебе е да одбереш која страна ќе ја одбереш...но, тоа нели е она " пишаното" што го викаат старите, наречниците што ти го пишуваат кога се раѓаш!?
Колку би било убаво кога би се пранашло оружје против судбината...или гумичка за бришење на тоа што ти било пишано:(
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.094
Драга

Ми излезе афта по не знам кој пат и се сетив на таткото на една другарка кој пред десетина години отиде во Брза помош поради тоа што го мачела афтата. Да добро прочитавте. И не знам што му рекле лекарите таму, ама да сум на нивно место би го праќал насекаде цела ноќ. Лабораторија, колоноскопија би му проверувал, па пак лабораторија, па утреден кај забар, па уште што ти не. А инаку човекот е многу разгален, па затоа ова го велам, а и малку е глуп.

Него боли многу ова у пичку матер.
 
Член од
15 мај 2021
Мислења
125
Поени од реакции
302
Знам дека не постои побанален муабет од тоа дека администрацијата и шалтерските работници не работат како што треба, и мразам да го повторувам истото, но денес за жал го поминав цел ден по банки. Ако некому му е потребна една причина да ја напушти оваа вукојебина, само нека проба да извади било каков документ. Ова е НЕВОЗМОЖНО што се случува.

А цивилизациското ниво на народот кој чека пред шалтерите е уште подолу од услугата. Она не се луѓе, она е стока. СТОКА.

Денеска изгубив стрпливост и на две само-да-прашам кокошки им се развикав и ги нареков чурки, за на крајот да дојде обезбедувањето.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
ДК,

Ако не си се слушнал/а со одредена личност времиња, и одеднаш и притекне на тебе да знаеш дека освен за Лајонес може да биде и за WVP Fund Management. ДА, овие се новата секта во државава и секој втор се претставува како брокер со ислушани 2 презентации ;)

Само не ми е јасно дали се свесни дека некој може да ги рокне ако го заебат за добра сума :unsure:
 
Член од
15 февруари 2021
Мислења
79
Поени од реакции
399
Драга кајгана

Во држава каде можеш да отидеш од еден крај на друг за час или два, ми се смачи чекање цела недела за испорака до дома од успорените снимци од kupikniga, по брзо ќе беше пешки да отидам до книжара.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom