Последниве 7 дена... совршенство.
Не знам што се деси, како, од каде и зошто ама решив да сменам некои работи во животот. Си ветив дека ќе почнам да трчам секој ден. Си ветив дека ќе читам по 2 книги неделно. Си ветив и дека во фрижидер од благо ќе имам само благи пиперки. Дека сувомеснатото ќе го заменам со овошје и зеленчук и дека после 19:00 нема вечера.
Така и бидна. Прва недела секој ден по 4км. За некој малку, за некој многу. Ама ќе качувам по некој километар секоја недела, секако дур телото дозволува. Најголем страв ми беше дали ќе издржам вакво темпо. Сега за сега супер оди.
За полесен старт си ветив некои книги што ги имам веќе читано па оваа недела ги завршив Алхемичарот од Пауло Коељо и Божествена комедија од Данте. Да бидам искрен, најголемиот страв беше со исхраната. Чим тука не наидов на никакви потешкотии тогаш сум на прав пат.
Пробувам да си дадам објаснување зошто не сум го направил ова до сега и зошто живеам нездрав живот. Не памтам кога последен пат вака добро сум се чувствувал.
Внесувам здрава храна, месото го сведов на пилешко, у маркет трошам пола саат у сектор за овошје и зеленчук. Кафе и алкохол исфрлив, цигари не пушам секако. А, искрено и многу полесно се спие после трчање.
Веројатно се заљубив па од таму овие промени.