Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
11 јануари 2021
Мислења
63
Поени од реакции
261
Драга Кајгана,

Matching тренирки и пижами со партнерот се еволвирани маички queen и king. Па и тоа мора да се обелодени по социјални мрежи.
А баш мислев дека не може да се надмине нивото на глупавост. :гомце:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
D....koga gospod odese po zemja a jas i nekoj drugi bevme mali,sal nesto sobiravme,po novo hobi.
Jas sobirav kutii od cigari,bideiki ziveev blizu do Kamen most odnosno avtobuskata stanica za Mariovo,Osogovo i dajle kade bese polno narod a se razbira i srestva-elementi za moeto hobi.Duri imav i nekoj pecal od niv so razmena edna stranska za dve nasi dobivav.
A cesto znaev po tooa stranskite da odam pes od Badar,pokraj vetersko i Sopot,preku Novacani pa dur do Veles.Tamu po parkinzite naogav najdobri svapski kutii vo tvrdo pakuvanje.
Sega koga gospod e na neboto ili uste pogore jas povtorno se mislam da go obnovam ova HOBI.
Bideiki sum izbran kako radnik-cuvar na zgradata po novo domar moja zadaca e i da ja sreduvam okolinata t.s. da zametam okolu zgrada i slicno,zamenam sijalici i slicno.
Tuka sum veke 3 godini veke nauciv koj Mariovec ili Osogovec kakvi cigari pusi.
E kako ili po sto, pa po kutiite frleni dole od nivna terasa.
A sega utrovo koga go cestev pak snegot dodeka tie navedenite pogore M.... i O..... spijat, povtorno si sobrav nekolku kutii od cigari.....za mojata kolekcija.
Aj sega so zdravje da si svaram edna rakija i da gi zasusam kutiive.
A ke zaboravev potoa vednas odam da im frlam leb na gplubite,tie ne mi praat gubre pred zgrada.
 
D

dobramuzika

Гостин
коа станав сабајле се осеќав како да ме тепал некој вчера, туку, земав се средив, си сварив кафе, чекам бурек (третина со месо) и се надевам дека нема да ја откажат борец - шкупи поради големи количини на снег.
 
Член од
5 март 2011
Мислења
844
Поени од реакции
825
30 годино пасошот ми беше "невин" еве уште не поминало година дена работев во Германија (до душа кратко) во Швајцарија еве сега работам во Италија е животе рингишпилу....
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.351
Coolio - "I'm 23 now, but will I live to say 24, the way things are going I don't know"

Тони Зен - "Имам 22 години и имам што да кажам"

Meanwhile, просечен македонец: "Добро, млад сум ја 39 имам, животот е пред мене"

Meanwhile, просечен македонски спорт "Еве, влегува во игра 29 годишниот талент, можеби ќе биде и новиот Кире Лазаров, сепак вреди да се дада шанса и на помладите"
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.052
Поени од реакции
11.368
Кога гледам спорт скоро секогаш сум за тој што е underdog. Не знам, некако природно му доаѓа на човек да навива за некој кој се труди на свој начин за било што.

Кога гледам постови на форум, од друга страна, останувам рамнодушен. Понекогаш она срцкање, лајкнување и остали срања во поддршка на другарчињата е "must have", недај Боже да ти се налутат ако имаш спротивно мислење и СВОЕ јас.

Истото е и во хејтањето. Обично се собира скупштина на џаболебари и хејта некој, онака, ради забава - бидејќи мислат дека повеќе вредат или дека ќе бидат во добро форумско друштво заради тоа.

Не бе драга К., напротив, повеќе СВОЕ јас имаат овие кои ги дупчат на секој чекор отколку таа насобрана глутница од другата страна - али тко да ти каже Ивана. ;)

п.с. Знае ли некој терапија за хипокризија на душата?
Не?
Океј, продолжете.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Требаше да падне -10 и тоа неколку дена по ред за конечно да се напијам ладна вода од чешмава у станов,и тоа у населба Ѓорче Петров.Иначе влеговме у минус ко Рицк Слабиот УТД
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Го искористив денов да тркнам до Водно,бес разлика што се алкохлизирав до 5 сабајле,али за пешачење ст станува за работа малку потешко :D. Првично требаше да одам до средно но си реков ајде цепај до врв можеш ти.Морам да признаам богами со оглед на временските услови беше напорно.Али се исплати подобро да имаш запалење на мускулите,него ли да го преспиеш цел ден.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.818
Поени од реакции
7.132
Гледав компилации од американски тиктокери за полиаморија, гендер флуид и слично. Дечки, живеете во поразвиена земја и да се посети психијатар и не е толкаво табу. Лол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom