Драга,
Како побогу успеав од дома дремење, од чување у стаклено ѕвоно да настинам, да ми е да знам. Ме уништи додуша претоплово дома, у комбо со хормони. Уште 3 месеци најмалку ќе се жалам на труднички хормони, после на породилни хормони, а после на 3ка што осеќам од сеа, ќе биде ултра бесна. И ова мирново збесна. Мислам дека на сите тројца омилена забава у стомак им е да икаат, на рати, еден по еден, три пати на ден. Не ми се верувало дека бебе во стомак ика, епа дочекав три да икаат.
Туку снегов во двор не мрда, кучињава вчера го средија еден дел, девојчето не е заинтересирано многу за снежни лудории, да не бев ко планета голема досега ќе направев 3 снешковци. Ама убав е да го гледаш од дневна дур пиеш чајче, идила. Многу сакам снег, мада сум заљубена лудо и во море, ама снегот таков сув, нераскашавен и флуросцентно блескав, го обожавам. Стигна и новото ауто па може да се паркираме во Маврово деновиве. Гад блес работа од дома и настава од дома, уживанции е да имаш избор. Додуша и градскава планина нуди убава глетка на снегот, а приватноста што си ја создадовме е непроценлива.
Убав ден кајг!