Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Не дека мора да се враќате у канцеларија али пожелно би било....

Па аутсорсинг работам, курац мења дали седам у канцеларија, дома или во Пехчево. Добро во Пехчево нема никој ама ме сфаќате, веројатно.

Кој ти е бе овој муабет, жити се'?!?!?!?

Прееска се изнервирав, после работа отидов и однесов коНпјутер, не ни чекав понеделник.

Кимо, не кур ми гроцкај додека го читаш постов и пиеш џин у 1 сабајле, гомно, сеа ќе умарам комкопиле некое подмолно да се вратиш и ти, што те ебам. Ќе објаснувам дека не работиш ништо, најлош колега у историја на фирма.

Еве, на шанк, пијам, љут сум и пишувам постови на Кајгана.
Сакав слика ама курац, не ја бива, не се атачира зошто имало некој проблем.

Zs sakas problemi da praime? Znaes koj sum?

Абе, што живот ќе беше ова, вчера една ме праша "го знаеш ли Хит Леџер?"

Кое ти е бе ова прашањее??
Вчера и кажуев баш на Фрос. Им кажав и на Кимо, Марио и Стек комрадите, браќа и побратими. Сите се смеевме, Марио ми даде супер совет.

- Залапај ја.

Да ја залапам преку социјална мрежа.
Фала Марио, фала, супер совет, ќе лапам монитор....

Би стаил слика и од тоа ама не сака, не аплоадира, семката...

Него, знаеш ти кој е Хит Леџер?
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
Секогаш сум бил емотивно неутрално копиле од надвор, ама внатре вријам посебно кога се работи за глупи луѓе мајка да ви ебам писхички ограничена.
Имам комшија, со слаб коефициент на интелегенција ако воопшто го има, го слушам сѐ што зборува бидејќи имам процирни ѕидови, за жал. Пред некој месец им се роди дете, да е здраво и живо, ама тешко на тоа дете со такви ретарди. Го слушам пред некој ден во ходник како прави муабет на телефон, од оние типичните клошари е, му вика на соговорникот „Јас брат правам по 1500 евра месечно, неам гајле слушај шо ти викам, ни од корона ни од ништо какви глупости, дај да правиме кафанче некој ден, да се договориме, ќе собереме екипа....“. Не знам зошто уште се нервирам за ова, ама има ли смисла бе? Новороденче имаш, кур ти чуе мајка ли ти ебам ненормална. Баш сега кога имаш уште илјада причини да бидеш уште попретпазлив. Толку луѓе со години се мачат да добијат дете, ама ете на овие ваквите што кур не им чуе за ништо природата им дава. Сто пати го слушам како на другото дете кое е отприлика 6-7 години му се обраќа со глуп, мајмун и слично, урлаат двајцата со жена му како да нема утре. Како би те тепал да знаеш еј. Сум пишал претходно дека премногу се гласни, го слушам и бебето како плаче сега како да ми е во соба, ама воопшто не ми смета тоа, бебе е, работа му е да плаче, но од друга страна немам трпение за такви родители. Што ќе излезе од тие деца во ваква средина не е тешко да се претпостави, жално е.
Ваквите ликови во општеството се дебело мнозинство, воопшто не е чудно, ама пуста демократија што го вреднува гласот на кроте мроте луѓе што немаат три чисти во главата исто како на некој нормален човек. Број им ги гласовите по 0.2 таму. Пет души да им требаат за еден глас. Дури тогаш можеби ќе видиме нешто нормално. А до тогаш, еве ме мене со две испиени пива во кои алкохолот ниту го осеќам, ниту ми менува нешто во животот, спремен да јадам гомна во петок навечер, во 1 по полноќ. Ти ебам денот и викендот во кој треба да пишувам дипломска која ја влечам скоро три месеци. Истурена нервоза преку тастатура е половично успешен обид, но доволен за сега.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.957
Поени од реакции
8.141
12.12.2020, некако се реди хороскопот и планетите за на телевизија да биде пуштена алфа тв и некоја од новите мизерни приказни кои ни дома не знаат дека ги снимале и кои служат само за да врти парата.

Она што ме тригерна повеќе е што немаше синхронизација на сликата и гласот. Барем тоа е технички проблем и се средува за 5 мин доколку веќе немате идеја и креативност да направите нешто квалитетно.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
RADIO DVA>>>OVA E RADIO DVA...izgasi toa radioto da ne zemam da go djitnam od prozor,zeno slusas gasi,da ti ib... toa radioto,slusnavme r.....2 i sto sega treba na sekoj 24 sekundi da se deres ova e radio dva,eb.vi g...te,daj edna pesna bar da cueme vo godinata bez sedum pati da ja prekinuvas za reklama na vaseto radio dva,toa ti e kako vo Skopje na sekoj semafor da ima tabla siti Skopje.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Драга,

интересно колку многу блиски другари имам. Секогаш кога си имаат некоја потреба/интерес се преставуваат како многу блиски другари мои. Колку сум богат :love:!
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Драгице,

Утепав бубачка во доцниве часови и само ја шутнав под радијатор кај пајаковата мрежа. Си велам, нека се нагости и тој.
Не знам дали сум великодушен, или само мрзлив.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Дефинитивно форумов го одржава оваа екипа. Жал ми е од денешна перспектива што не бев у барон на собиранка ама да ме превртеше некој наопачки и да ме тресе немаше денар да испадне од мене тој период. Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Петар Дељан, страшно многу се смеев на тие слики може и имаше избор за слика со најизместена фаца не сум сигурен.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
ДК денес е Недела и е многу слична на еден поим што ќе ти го објаснам во оваа прилика. Надвор облачен ден, со многу облаци, нула сонце, но не врни и се темни во 16:00. Навидум скрос исто како некои други Недели пред да дојде короната. Додека сега за жал пијам кафе, поточно ќе ти раскажам што мене ми одзеде короната кога ме натера да се вратам дома кај моите и што всушност значи поимот “Недела”
Што е “Недела”? Недела e седмиот ден во неделата. Simple as that. Ден кој Господ го створил за одмор. Иако не сум религиозен, строго ја почитувам оваа негова заповед, без разлика дека не е заповед. Недела е ден после Петок и Сабота, што значи дека тие два дена кога нормалното човечко битие од себе го вади животното и како пуштено од синџир хара по градските биртии. А јас сум задолжен да го услужувам тоа битие и да се погрижам говедото да остане напоено се додека може да стои на нозе. Во меѓувреме и јас сум битие, со човечки потреби па покрај тоа што го служам, безрезервно му се придружува и многу често и надминува во задоволувањето на тие гадни потреби. Е сега, Недела е ден кој скоро секогаш го земам слободен и го резервирам за Премиер Лига и Ливерпул. И да не игра Ливерпул дента, се си оди по истата агенда, само кога игра ми е појако. Како што кажав облачен ден, со многу облаци, нула сонце, но не врни и се темни во 16:00. Значи редоследот на настаните се одвива точно и редоследно како што ќе биде напишано и што би рекол култниот Мите К. од Неготино, “Не е лага ваа”. Па врзи го појасот и иде гас!

Алармот звони точно на пладне, 12:00. Го снузнувам 3 пати до 12:30 и тогаш станувам на нозе. Се осеќам како црвен Змај комбајн да ме жнеел прошлата вечер(пред неколку сати). Никој не знае, што и колку сум испил синоќа. Не знаат ни на работа, пошто не се поарни од мене, а тие што се, сигурно се изгубиле во броењето. Во устата имам чуство како да имам мртви гулаби и толку ми е мртва, што не би можела ни “питкиот хашиш” од црногорците во Балканкан да го пуши. Пробувам со последни сили да ја навлажнам, зошто има ризик јазикот да ми се скрши. Отворам прозор да избега радиацијата и не го затворам до вечерта. Кој го ебе парното, ако не оставам отворено и тоа ќе се истопи. Цимерите имаат среќа што ме остадоа да бидам во собата за еден, инаку имаше во спиење да се угуши несреќникот што ќе беше во соба со мене.
Облекувам шорцеви за да не шетам низ куќа по гаќи, палам цигара и одам да мочам. Додека мочам цигарата веќе стигнува до степен кај што мора да ја истресам, зошто пепелта сама ќе падне. Во меѓувреме ако завршам со мочање, ја тресам во шољата, ако не во мијалник. Пуштам вода и одам во дневна. Таму цимерите веќе свежи го започнале денот, едниот готви (прави некои егзибиции во кујната во вид на омлет), другиот работи за факултет. Јас го колнам татко ми што ме направил и мајка ми што ме родила. Растварам шумеча, и додека се раствара, цигарето доаѓа пак до степен каде што мора да се истреси, отварам прозор и го тресам. Ја ексам шумечата, пијам пола литар вода и абрака дабра пуф. Нов човек! Како вчера ништо да не се десило. Ја допушувам цигарата и одам да мијам лице и заби, облекувам тренерки, па по работа.

12:50 тргам за Спорт Лајф да пуштам тикет, во меѓувреме звонам во Мама Италиана и нарачувам фамилијарна Стелато. Мама Италиана се секогаш точни и знам дека одприлика 13:20-13:30 ќе бидат пред зграда. Стигам Спорт Лајф, пуштам набрзина тикет, класика топ 5 лиги, колку да се има нешто за пратење да биде по интересно. Излегувам, палам цигара и правец маалската продавница. Се пазари точно оваа листа: 4 Хајнекена, 2 води, чипсови, смоки, благо глупости и Винстон Силвер. Додека куца стариов таму со саати, ми лафе на струмички (читај го дијалектот во глава) зошто сум излегол по дукс, ќе сум измрзнел. Кутриот не знае дека коефициентот синоќа, дека сум испил повеќе Шток, него тој што има на залиха е 1.17 и опаѓа, а крвта уште ми врие. Од “убавото” си средувам секогаш ден унапред, да не мора со тоа да се замарам во Недела. Одам накај дома, се качувам оставам ќесите и ја пуштам Тијана. Тијана е телевизорот, кој ме потсеќа на едно девојче што учеше со мене во основно, колку што беше убаво толку беше и глупаво, а богами беше една од најубавите во генерацијата. Тијана каде ли си сега и што правиш со животот во Недела? Наоѓам Спорт Клуб и седнувам да виткам цигарче. Само што завршувам звонат со пицата. (единствена грешка што може да настане во протоколот е да ми звонат додека виткам, но ништо срашно)

Ја земам пицата ја оставам на маса, отварам Хајнекен и си палам цигарче. Додека пецкам и пијам во позадина оди некоја текма од типот на Лестер-Вест Хем и го имам Варди на Фантази. Појако не мојт! Пецкам 1/3 од цигарчето, па го оставам на пепељара и влегувам на пицата. Во рок од 30 секунди пола ја снемува и локам од пивото, па доаѓам до степен кај што не можам да дишам. Земам цигарчето, пецкам уште половинка, го оставам и палам цигаре, за што еден драг мој колега од Кавадарци би претпочитал да каже, “Буразеру, поубаво да залепе буксната”. Притисокот ми паѓа, јас сум патос. Zen mode on. Се знае дека наредните неколку сати ќе бидам во вегетативна состојба. Ме болииии курот! Ама баш ми е гајле за сметката за станбен сервис од Августот што замара газдата, за новите силикони на Јелена Карлеуша или дали заев ја продава државата. Ич не ми е чуе. Во позадина светот си продолжува, јас запирам. Едниот цимер ќе оди до на кафе, па ќе се врати. Ќе дојде другар дома, па ќе си оди. Ќе дојде девојка му од другиот цимер, па и таја ќе си оди, додека тој во меѓу време проектирал кровна конструкција на био-одржлив кров за некоја фарма во Злокуќани, од нула.

Си одминуваат сатите, си мезам пицуле со чипс, пивце, се витка уште некое цигарче, поминуваат неколку фудбали, а јас сеуште сум диагностициран со синдромот на куроболие. Доаѓа 21/22 часот, полека привршува последниот фудбал, па така и јас излегувам од вегетативна состојба и почнувам да се социјализирам со околината. За тоа како ќе се одвиваат настаните понатаму зависи од тоа што ќе одлучат да прават другите околу мене, а најчесто има два исходи. Едниот е да дојде уште некој другар, па да почне да вари бонгот. Да се гледаат глупости од стилот на “Паљото-Сакаш Компири?” или да се слуша Кицо Праската. Тоа ќе трае кратко пошто за брзо сите ќе испопаѓаат како глувци и мене ми останува некако да се довлечкам до спалната и да не постојам до другиот ден во 17:00. Другиот исход е да се расположени за излегување, па тука следи мавање екс едно турско со 100 грама шеќер, туш и повторно оди гасот. Прво во “Ла Делишс” на баничка со зденка маслинка, па потоа каде што ќе не води судбината. Најчесто не води на местото од каде што започна оваа приказна, а тоа е кај мене на работа. Од две кристално чисти причини. Местото е кул, а другата и најбитна е што иам 50% попуст да пијам кога не сум на работа. Тоа во превод значи: 100че Џејмисон, 80че Хајнекен, 60че Шток, 80че џин тоник со Гордонс, газдата ќе фрла шотови или да не кажам АЈМОООООО ДЕЛИЈЕЕЕЕЕ ИДЕМОООО, КРАЈ !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom