Деновиве некако ми се вртат спомени од ноќниот живот во Скопје.
Сфаќам дека уствари без музиката, забавите и меѓусебната интеракција на луѓето, градот за жал не нуди многу...
Мислев и тема да отворам во ноќен живот да се продискутираат интересни искуства моменти и дешавки од проводот додека го имаше... кога го нема, барем да се сподели позитивна енергија од спомените.
Лично за тоа можам да пишувам премногу, а можеби еден ден и книга, две ...три
За оваа Нова Година прв пат планирам да останам дома и да ја поминам со моите.
Требаше и ова да се случи за да ни текне дека некогаш треба и така...
НО, ми текна и тргнав ова да го пишувам за една од многуте интересни забави кои ќе ми останат во сеќавање.
31 декември, станувам во одлично расположение, веројатно како и секогаш
Си правам кафе и неколку труби
нели Нова Година е... Го продолжувам денот со некој пелниковац и си викам сега шо како.
Друштвото бевме договорени да одиме вечерта Епицентар, денски ништо.
Кога ете ти го ми се јавува Ајзберг ДЈ-от спомнат на темава, кој сега веројатно знаете каде, што, како, со што. Ја само ќе напишам
величина од човек!
Ми вика ајде помини од 12 пуштаме во Љубов со Лефанк. Живеев кај соборна на 3 мин. од таму и брзо се нацртав, веќе беше преполно и имаше топ загреана атмосфера, убави и разиграни луѓе.
Ме споија на маса со ликовите што го држеа кафичот, не ги познавав ама ми изгледаа прилично сериозни и повозрасни, воедно отракани и откачени...иста крв во секој случај.
Продолжив со пелин па свртев на џејмисон и веќе за брзо бев лом. Имаше едно ѕвоно, го искинавме од удирање
Кога овие на маса вадат џокац, ееј си викам видии ѝ палат тука директно и се цепе...ама мало тоа кец, кец и пол...
Го снема за секунда, на никој доста.....Така ли... Вадење јас труба нашибана и повеќе од максимално
Кога видоа овие радости се стишува музика па се тропа на тоа ѕвоното, фрлаат пари...страшна работа
Продолжи џокацот низ гостите секаде не се знае кај заврши...
А цело време од шанк две типки, онака лабави, милф, и си загледуваат. Си викам ќе им се ставам, отварање одма муабети заебанции, прво одбиваа пијачка после се опуштија и до толку да излезе на крај дека се УЈП, дошле работно, ама им се засвиѓала атмосферата и си останале.
Не сакам да продолжам да пишувам поеќе затоа што мислам дека ова е доволно
АМА поентата ми е и сакам да кажам дека сите сакаат да се забавуваат и на сите им фали забава.
Во секој случај, како и да е, во Скопје не само на ден Нова Година, имало добра забава и ќе има добра забава!
Се е до пристапот, енергијата, луѓето со кои си и нормално музиката.
Доволно е да се надеваме!