Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Секоја година на овој ден фејсбук ме потсетува на првата собиранка од форумов на која присуствував. Модераторска кафана, веќе доста зборена, а спомната и претходниве денови. Меѓу сите други дешавки од таа ноќ, мене најмногу ми текнува на тоа после кафаната, моменти кои можеби другите ги имаат заборавено поради состојбата во која беа.

После долго време на форумов се решив конечно да отидам на собиранка. Кога излагам обично не возам, ама дека прв пат ги запознавам луѓето си реков ќе бидам примерен и нема да пијам многу, само едно пиво или две. Да не должам, се собравме десетина модератори, се јадеше, се пиеше, се пееше, имаше девојачко. Неколкумина пиеја ракија, мислам дека келнерот цело време доаѓаше со ново бокалче. Јас си останав на зборот и само две пива се напив. На крај сметката кажа дека се испиле 13-14 бокалчиња ракија. Тие што пиеја не знаеја кај се, заспиваа, паѓаа. Вака нешто изгледаше целата ситуација:



Затвори кафаната и се собравме да си одиме, ама некои решија дека не им било доста и ќе продолжувале во Пингвин. Ко што се сеќавам јас и Фросе со кола ги префрливме, требаше да ги оставиме кај Тутунска до Рамстор што е, на раскрсницата. Другите веќе беа стигнати, јас ги истоварив тие од кај мене и останавме со Коп во кола за да си одиме накај дома. Друштвото што остана беше Пеџа, Клипче, Комита, Крејзи и Лејдибаг. Не ми текнува дали имаше уште некој. Излегоа и тргам јас, ама семафорот беше црвен, па застанавме на раскрсницата на 20 метри од кај што ги оставивме. Во еден момент слушнавме смеење или викање и се вртиме назад, гледаме нозе во вис. Комита... Имаше таму некоја ниска ограда, оние до колена што се. Овој преку неа прелетал и се забил со главата доле, а нозете му останале горе. Среќа немаше никој, па одма се вративме во рикверц за да им помогнеме да го станат и да видиме дали е ок. Добри беа сите (или бар така се осеќаа), се кренаа на нозе и се враќаме јас и Коп во кола, кога гледаме Клипче си влегол позади, се предомислил и ќе одел дома. Ок... Возам јас, овој позади се превртува, не може да седи исправено и во еден момент вика ќе повраќа. Мислам немаше каде да застанам одма и му реков отварај прозор, ако не издржиш бар да не е внатре. Ич не ми текнува дали застанував или само во движење повраќаше, ама си се олесни човекот и ми остави траги на колата за спомен. Го оставивме Коп во Кисела Вода и го прашував Клипче кај живее он, јас дека одам накај Бисер. И он натаму ќе одел, таму да го оставам. Го препрашав после уште некој пат, пак рече да го оставам пред Бисер. Тек после дознав дека он во Ченто живеел. Си дремел на клупа умртвен од ракија, среќа дошол некој и го собрал. Или бар така вика. Ништо чудно да се разбудил сабајлето на клупа па да си фатил такси.

Од тогаш немам отидено на таква собиранка со кола :toe:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.516
Поени од реакции
28.995
За тој Пингвин ми има Пеџа раскажувано. Нит бев свесен дека сум паднал, нит дека сум спиел на сепаре ништо. Сабајлето ладна пот ме облеа коа дознав што сум праел у Два Елена, пред Пингвин, и во Пингвин.

Од тогаш немам отидено на собиранка :icon_mrgr:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Драга,

Имам веќе зборено за врската на татко ми со папагалот, али мислам дека секоја година си зема се посилен замав. Лани татко ми реши да подсобере слики од наши дешавки од моб, да ги изваде во физичка форма. И си одбирал, ова она, иде и се враќа со најмногу фотки од папагалот. Му иам стварно добри фотки направено, али тоа не значи дека мора неговата да стои до телевизорот. Според мајка ми. :D
Летово ме чекаше јас да сум пошла, за да го искапам папагалот, пошо овој мрази да се капе и едвај се натерува, и после го мрази тој што го капи. Пилето нејќеше да игра со мене тие ден, два, тотално бев на игнор и другите пати кога им бев во посета. Али битно татко ми уште му е прв другар.
Пред некој месец, зеде нов тел со подобра камера. Секој трет ден слика од папагалот. На скали, по кафез, над кафез, на маса, под маса, селфи со папагалот, итн. Некни украсуваа, мајка ми праќа слики од елка, декорации и шит. Тој прати слики од кафезот на папагалот, пошо има две црвени машни по страните, и тоа е за него битната декоратива за празниците.
Беше тешко да си второ омилено дете, али како тргнале работите, ништо чудно да сум моментално третото. :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.639
Поени од реакции
35.179
Кајганке :love:

Ти се молам, веднаш да се банираат сите оние готвачи, кои постираат во темите како „Што готвите во моментов“ или фото натпреварите за храна. Влијаат на кревкото нарушено психично здравје.
Па навистина не е фер. Отвараш во темите, ги гледаш фотките што се спремиле и ете ти проблем. Дигестивниот систем веднаш се активира. Со брзина на светлината се телепортираш до фрижидерот и таму наоѓаш ред решетки, ред промаја :( ќе си легнеш со празен стомак, а во устата ќе го имаш вкусот на палачинките што си ги гледал на фотките :icon_mrgr:
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
198
Поени од реакции
244
Надвор ветар дува и 95% од минувачите се покриени со маски, додекаво гостилници гостите се со откриени лица и без дистанца. Народот го изгубил умот. Мајката Природа тоа некогаш ќе го наплати.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Арно си пишуваше по тоа статусот што се вртеше на ФБ, ние немаме апсолутно никаква потреба да се плашиме од наводно чипирање, нема драјвери за нас.
И да чипира Гејтс, ние повеќе од Windows Vista не гледаме а фалично беше тоа срање, не се секирајте, нема да работи :blablab:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom