Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.881
Поени од реакции
17.714
Драга

Жал ми е што порано не се зачленив кај тебе, ама добро ми беше сиве овие години, запознав многу луѓе и така....не бе, не те напуштам, само онака мислев која е поентата на постоењето. На форумов, во животот, во државата. Некако почна да ми пречи што живеам во ваа држава, полна со криминалци и сива иднина. Се осеќам како да живеам во некоја бедна држава, мада се прашувам дали има победни од нас.

Спремам еден проект за форумов, па би ги замолил администраторите, модераторите и кој и да е одговорен, да ни овозможи пак да постираме слики, не ми е цел да спамам со глупости како една членка, туку онака, да ја збогатам темата.

П. С. И јас да се заблагодарам на @Ilumious и @Peja989 кои секогаш ми излегуваа во пресрет, мада овој вториов ми даде опомена зашто сум го нарекувал јувентус, ѓубрентус на пријава од @DeviAngel како со ку...куферот у вариво да сум и м бркал. Исто и првите казнени ми ги даде, ама оправдано. Сакам и натаму да останете дел од форумот, затоа што сте супер позитивни личности!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.762
Поени од реакции
43.964
Драга,

Да знаев дека дружбата меѓу @Клипче и @Комита Ултрас почнала после ваков фантастичен совет од клипот кога знаеја да дојдат во Рустикана дури работев таму, сметката секогаш ќе одеше директно кај вториот, на кој очигледно животот му цвета од тој момент навака и сигурен сум дека никогаш повеќе не се соочил со љубовни проблеми. Поздрав.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Спасибо @chef_cook, фала многу @Sasa Ilic

Ќе си се дружиме дечки, дербиња има викендов, ПЛ темата мора да ја држиме во живот :D

Со солзи се смеев на постот на Иво, 10 години ми се свртеа како на лента. Со Пеџа, Комита и Клипче имаме поминато низ сито и решето, можам само да жалам што не сме веќе дечишта без обврски и не можеме да се будалееме до тој степен :(

Комита заборавил да напомене уште два моменти:

- Кога седевме во Рустикана четворицата со Столе и го надрукавме Столе дека чекаме фајнл фор годинава, му инсталиравме притисок :pos: (годината Вардар кога освои), после тоа на сликата од нас 4, на ФБ во коментари почнаа Иво, Пејо и Клипче да се ругаат како на форумов, Столе не знаеше што е финтата и фати да ги смирува, мислеше стварно се здавија :pos: :pos: :pos: дечки смирено ќе ве молам им викаше :pos:

- Кога бевме во Куманово кај Зорица и Комита го имаше земено џипот од чичко му за да се натовариме раат со донациите од Кајганџиите. Патот нива, на идење накај дома Иво го вади џипот рикверц, јас му кажувам, даде гас наеднаш, испушти чад ауспухот, ме исчади матер ми еба, до ден денес комарец ме нема каснатo :pos: :pos:

Навистина ми е жал што обврските не навјасаа а и полека фаќаме правци низ светов. Не можев да си замислам викенд без Комита, Клипче, Пејо и Ред Џон :(

Дечки, запознавајте ликови од овде, има деца злато вредат, тоа имам да порачам (y)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Рикџамин Днатон, од коа го знам на форумов не мрднал ни напред ни назад, стагнира, дури сеа уплатил за возачка и цело време има исто толку години. Се надевам бар дипломирал таму учеше нешо историја кујзне што праеше. Поместен е од мртва точка само што веќе не слуша шабанорум. Иако ова не знам дали може да се смета за еден вид на напредок. Од Кичево.

Ќе ја искористам оваа прилика дубацам една епизода vintage, ја имав спремено оваа дешавка со собиранката што ја спомна Комита, ја планирав за пред нова година ама ок. Само ќе се надоврзам на истата со некои детали и ќе ја спомнам и другата што се одржа хммммм во Бар Он ќе да беше ваљда.

Јас тазе форумџија, приватно се знаев само со Стекот и Клипче, до душа Клипот прво го запознав ко член на форумов за после да се дознаеме дека сме бивши фудбалски колеги коа трениравме заедно фудбал ко копиљаци. Мојот човек Кимо. И Саше, не знам као се викаше на форумов. Другар од маало, школски.
И ок ќе има собиранка, ја Стек, Кимо и Саше се договараме приватно прво негде да седнеме да испиеме некои пијачки и да идеме у Мистик. У меѓувреме Пеџа ме аднува на фејсбук и ме поканува кај него у стан ќе имало предсобиранка ама да не ширам многу за да не се наканат милион луѓе. Му кажувам со кој сум договорен вика ок доете.
Се договараме со овие што како и Стекот искача со еден предлог, сугестија за пиење, он знаел кај него некој човек продавал премногу убаво црвено вино, да помислиш дека богот Дионис го правел. Се собираме и Стек не носи у една зафрлена трафика и купува вино у пластична туба, тон вино за 150 денара. Одма све ми стана јасно и си реков боље вода од ендек ќе пијам него тоа.

Идеме да го бараме станот на улица Петар Дељан. Све е кажано со името на ликов, кој и да е.

Влагаме, се поздравуваме све фино, коректна бројка на луѓе, се запознаваме, шведска маса кој што донел од дома, салати малати ракии. Стек вино служи, сите го одбија. Јас сместа бев понуден од Пеџа домашна жута, апсолутно ја прифатив. Како што течеше вечерта така станот почна да се пуни со народ, све и свашта дојде, луѓе се претставуваат со рандом имиња, пиеме се веселиме... и одеднаш влага мојата ноќна мора, големата блу лејдибаг, модераторка, мој непријател број еден. Се изгушкавме како брат и сестра. :D
Го глеам Стекот со модра уста, обоена од отровот што го пиеше, но тоа не го спречи да иде од човек на човек и да им праи муабет и да ги замара со исфорсиран хумор. Стоиме еден до друг и посматраме ситуација, го глеам пред мене Ред Џон, врвка од човек, пијуцка пиво од пластична чашка, гледа некој сеир у далечина, едноставно ја осеќа нирваната на непостоењето. Викам Стек, види го овој дури и од Интер е послаб.

Од таму правец мистик, по пат пеевме навивачки песни, ооооооо шинџи ка гаааа вааааа во ритамот на seven nation army.
Идеме у Мистик таму народ фул, се запознаваме кој со кого, играме пееме урламе... апсолутно све што набројал Комитата. Посебно сакам да ја поздравам @KingB и да и се извинам уште еднаш што цело време мислев дека е машко. Девојкава преубава јас и викам па цело време за тебе мислев дека си машко на форумов. Говедо едно Џонтра.
Отидовме после у едно диско тука у близина, не знам као се викаше, урлавме и таму, имаме една слика заедничка, ликот мој од таа слика сеуште се користи како меме. Bent neck lady од Hill House кој ја знае, епа таков сум, само дупло погрд и поужасен. А приватно сум убав хехе.
Искачам ја од таму, земја пијан, се качувам у такси и му викам вози ме у Салун. И тој ме глеа и ми вика па дечко ене го Салун бе на 100 метри од тука.. ок бе друже вози ме директно пред врата не е проблем. Му даов стотче, му се изгребав цигара и отидов у Салун. Поима неам како заврши вечерта нит па како сум дошол дома. Секс, секако немав.

Фаст форвард ваљда година дена подоцна, макс 2 нека се. Се организира собиранка у Бар Он, ние пак се договараме на предсобиранка во истиот стан на истата адреса кај истиот домаќин. Ама помирно беше, полабаво, помалце народ. Место Саше, си го земав мојот драг комрад и другар Штрафценигер.
Претходно Кимо Ескобар се пофали дека има контакти од кои може да најде марихуана. Ок Кимо нареди ние ќе ти даеме пари. Дојде, донесе 3-4 џоинта, сите ги испушивме, пари ни ден денес нема видено. Пиевме, праевме што праевме и отидовме у кафичот. Немаше толку активност и гужва како у Мистик ама сепак имавме задоволителна бројка.

Седнуваме, се сместуваме, доаѓа келнерка, кој што ќе пие.. си нарачуваме, посебен акцент ќе стаам на нарачката на Штрафценигерот, вика за мене узо... во кафич, узо. Ок, фалеше уште зелка салата и маслинки да нарача. Тотално би го убил и у очи би му го плиснал узото да се вратам сеа у тој момент.

Пецнавме уште некој фиш надвор и во еден момент доаѓа еден форумџија чиј ник не може да ми текне моментално, во кафеав кожен дугачок капут.. како да искочил од Дони Браско филмот. Ист ваков, само до земја му беше капутот.
Стек мртво пијано сместа му вика еј (пошто не ми текнува на никот, ќе го наречам брат) брат да не имаш џоинт, и он горд одговара иам бе. Вади едно криво кебапче од кое ни дим не пецна, ја Стекот, Кимо и @Andrew (поздрав, ако ти текнува и ако постоиш на форумов :D ) цел го испушивме. Џоинтот де. Дупнат фиш, од сите страни димеше, нит се влечеше нит ништо, но тоа не не спречи да се иживљаваме како мајмуни. Крш се напраивме таа вечер. И парва беше, го частев пива, рече ќе се договориме некој ден да пиеме пиво и да праиме џоинт. Ама не кажа кој ден. Ни која година. Ни кој век. Ни кој милениум.

И таму не ми текнува како заврши вечерта иако квалитативно беше многу далеку од Мистик. НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ како не ми текнува бе хахахахахахаххаха тотално го допревме дното. Најдовме едни девојки, форумџики, не знам као им беа никовите врабауууууууууу ги товараме у на @wiksa 101от, он вози, ја седнат кај Стек у скут на предно седиште, овие другиве позади. У Вокс отидовме. Таму кратко истрајав пошто имав овер. Брзо испарив. Секс, секако немав.

Изнапишав еден тон глупости. Ама мислам дека вредеа овие постови да се потсетиме на едни убави времиња. Се надевам ситуацијава во најбрзо време ќе се опорави па да напраиме и некоја нова собиранка за која искрено сум скептик дека ќе успееме да се собереме. Секако и еден фудбал да изиграме со екипата со која го допревме дното у Премиер лига темата пред некој ден.

Поздрав и секое добро, се читаме следен пат со нов материјал во на никој омилената кајгана vintage серија.

Искрено ваш, Джџонтра Вол та.

и стек.



данило дамброзио и лукас подолски.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Да ве ебам у уста и ја ќе пишам.

Прва собиранка у Мистик коа бев 49 кила со се облека, отидов директно таму. За после да дознаам дека имало pre-party на која Предраг Пеја @Peja989, човекот кој од 2012та ме патронизира тука, не ме повикал :cautious: Од тогаш му го имам на ум и чекам да му текне.. (изглеа му текнало али кур го боли)

Доаѓам пред Мистик, пред да влезам глеам луѓе како прават осмици по улицата пред мене и пеат, си викам сигурно се форумџии. Ги пречекав да се упознаам, али пази тогаш бев мизерен и контроверзен, не како сега само мизерен, и сите ми рипнаа у фаца ко „еЈ тИлИсиРИкикиики???“, имам едно 12 глави у фаца како ми зборат, никој ништо не разбирам само одделни зборови онака „Ливерпул... ФУДБАЛ... шабанарии.. БОБАН РАЈОВИЧ.. уа турбофолк... РИКИ ТИ ЛИСИ??!!“ и така натаму. Apparently тоа беа луѓето од постот на @Джонтра Вохохолта :unsure:

Влагаме у Мистик, не се сеќавам многу на почетокот освен дека влезе една преубава девојка од форумов на која сите и се убација у фаца у рок од 5 секунди. Не ја тагнувам. Би сакал да го прочитам нејзиниот point of view у Блам Состанок темата, ама да ве тагнува сите вас еден по еден нападни пијани копилиња :D

Имаме и селфи со Џонтра и со @KembaW кај што изгледаме како оние децана што ти викаат ко мал да ги избегаваш пошто имаат вошки. Го ставив friends only пошто Џонтра ме има избришано од фб, па нека пуши кур. По некое време се дозна низ Мистик кој е Рики и ме донесоа на „бина“ на караокето, а пред тоа со @Донев како еден од ретките нормални луѓе таму се консултирав која песна да ја пеам, падна изборот на Лична Карта од Аца Лукас. Ова ѓубрињата се нафураа и смешно беше што сите шо јадеа гомна за турбофолкот пееја погласно од мојов микрофон, со акцент на бубамарата што се трескаше од земја пред мене. Пеџа ми донесе шток да пијам дур пеам (или да пеам дур пијам, сеедно), за да изглеам ептен ко Аца Лукас. Косплеј демек. Го направив кејфот на мене и на сите, интересно беше to say the least.

Некако завршивме кај на Пеџа некој уџум стан у К. Вода, што до ден-денес не сум сигурен дали стварно беше негов или не натера да провалиме негде со @Комита Ултрас. Секс немав, како и Џонтра. Само што ја уште поише го допрев дното пошто спиев у спиечка вреќа со @Red John. Would not recommend.

Од тогаш сум магистриран (да, не само што дипломирав туку и магистар сум од пред еден месец), сфатив дека се заебав со историја и секој ден ги жалам фрлените пари, работам нешто трето веќе неколку години, иам девојка, пуштив демек брада, и сум здебелен од 49 на 69 (hehe) кила. Некои денови се будам и се уште нешто ми мириса на таа комбинација од форумска пот и пијанка. Ме грее и ми се гади. Али пак би го направил јбг.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.704
Поени од реакции
115.446
Морам да се надоврзам на дешавката у Бар Он, ликот на кој не му текнува на Марио е @stormage или така нешто, познат под името Митре. Таа вечер дно избивме од нас, издувавме тон џоинти, како нуклеарен погон бевме и испивме божја киша. И стоиме такви умртвени од алкохол и се избацува проќелаво човече со кожен капут, како мафијаш од Неапол под името МИТРЕ. Секако добивме ужасен џокац од него, ждиреше од сите страни али дај шта даш штакурац. Ми ја криеа јакната некои, мислам Лејдибаг на која патем и бев наапан таа вечер, се воспалив у мојата потсвест вака така и на крај со дечко дојде, све допрев. Секако и јас немав секс таа вечер, да не ме мислите.

Со Парва сум се запознал, не памтам како и зошто, сум договорил пијанка некој следен пат, секако никад не се деси до ден денес тоа нешто.

Иначе на таа првата собиранка кај Пеџа у стан, на Петар Дељан, мнноооогу работи се исподесија. И као што кажа Марио 300 души се собраа у станот и само Викса пиеше тоник. Би го полил со бензин и би го запалил без око да ми трепне. Јас срамот го осетив со виното, благо умрено вино, гарантиран запек и главоболка имаш утредента ама битно убаво ти е кога го пиеш. Ок, само мене ми е убаво. Кастиел дојде со сако и патики за кошарка. У Мистик скоро ништо не се сеќавам што се дешаваше, до толку бев озрачен.

И уште еден момент мора да спомнам, 2016 (ваљда тогаш беше поплавата у Скопје) договорени ја, Марио, Пеја и Кимо да пиеме кај Марио. Арно ама Марио у Илинден живее, Кимо и ја во Ченто, а Пеја у Ѓорче Петров. И сеа се дешава поплавава, снемува струја, све си ебава матер, апокалипса осеќаме, ја не знам што да праам попрво дома пошо све живо у подрум се поплави, ми ѕвони Пеја накај 9 и нешто и ми вика брат ја у Аеродром сум не врне многу ќе ве соберам тебе и Кимо. ЧАО ПЕЈА, кај мене сите улици по метро вода имаше, овој вика не врне многу овде. Ај излегов некако до семафорите, татко ми ме пребаци и уз пат гроб ми еба како тоа сум акал натака навака а надвор апокалипса имало. Стигаме кај Марио, братот спрема шопска у леген, кујзне можда нозе мие у тоа али нема везе јебеш га, битно да е вкусно. Спукавме литро и пол ракија, памтам у шише од кисела вода беше, али најјако беше што одеднаш дојде помрачувањето кај сите, почнавме песни за Косово да пееме јер Марио и Пеја се Срби, ја пробав склекови да праам ламинат у вилица допрев. Пеја седна и од кај Марио на фб пишуваше на рандом девојки, ама не она обичен муабет што праиш како си, него ме сакаш ли и зошто не?... и такви слични фрази. Тивок блам осетил Марио сабајлето на чат, милион анфрендови и блокови изел ни крив ни должен. И така накај 6 тргаме да си идеме, искачам пред врата скоро отрезнет што се вика, се наведнувам да врзам врвки, одеднаш почнува Чернобил у стомак да ми се дешава, сместа се потпишав кај Марио пред влезна врата, сиот можен патлиџан на светот го повратив. Марио зима црево демек да испере и одеднаш сфаќа дека НЕМА ВОДА. Коа го заџитари тоа цревото лелеле ахаххахахахаха многу луд момент беше тоа, не ми беше мене лут него на цревото, па дури и го запцу сочно. Да не заборавам, добив и пар клетви од баба му, можда затоа не можам спортска и ден денес да фатам. :D

Се на се многу дружби имаме спукано со луѓенца од форумов и искрено се надевам дека ќе заврши срањево со короната па да може пак да се собереме некад, ако ништо друго на една пијачка и муабет.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Само ќе надополнам, морам и се извинувам.
Палам кола во Џорче, седам на паркинг и си викам, абе да одам по обиколница, поблиску ми е, кај куров преку Центар 9 години ради семафориве ќе патувам.

Среќа (или не, зависи за кого како), свртев десно иначе ќе пловев таму по покриви, недај боже, немаше кој да ве банира после тој кобен ден...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да не го забораваме и хајлајтсот од поклоните за роденден:

1. За мојот - маица со шеикот Мансур од Сити која до ден денес знам да ја носам и по тим билдинзи, се чудат рецепционери по хотели :pos:
2. За Пеџа - Алаху акбар слика + торта која што нема да ја опишеме, само ќе напоменеме дека Комита потона од срам кога беше да ја земе во Канела + од Рустикана на пацовите им ја дале :pos:
3. За Клипче - Автобус на батерии зошто тогаш Милан беше тенок со финансии и имаше шпекулација (а може и не беше шпекулација) дека го продале автобусот
4. За Комита - Мапа на Македонија со сите бензински зошто имаше случки со ограбени бензински од Комити :pos:

Мислам се ок поклониве ама оди дома објасни ги...

Ај доста беше, Донев ќе не казни... Oh wait :icon_lol:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Кеј пред 10год со друштво се договоривме во Мистик онака лабаво викендашки, ќе лигавевме една пијачка и ќе се молевме некоја да ни пријде. Стигаме таму што да видиме, првин од димот не можевме да се пробиеме до кафичот, ама ај некако влеговме внатре и имаше што да видиме. Ме обвива смрдеа од лоша трава, луѓе прават осмици, некој дури беа соблечени по рамбовки и пробуваа склекови да направат. Имаше една екипа која беше качена на бина и се дереа, а воџа им беше еден со 49кила и блатеше нешто на исклучен микрофон. Од страна имаше едни дечки кој се беа фатени за гуша и викаа ,,Челзи е боље, не Ливерпул е боље,,. Се погледнвме со другарите и си рековме не сме ние за тука, тешка секта е ова. Искочивме надвор за да си идеме и гледаме како некои истураат црева. Веќе не отидовме во тој кафич, слушам дека го затвориле послем тоа.


Штета што не сум бил член во тој период, можеби ќе сум отишол и ќе сум ќутел ко муле. Исто штета не добив никаква опомена и бан од таа модераторска екипа, барем ќе им раскажував на децата дека ме банирале големите Пеџа, Ilumious и остали форумски легенди.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.874
Поени од реакции
21.720
Драа

Ја се сеќам дека не се сеќам како се деси овија модератори да ми утрапиф усисувач у јуктуриз. Носи га у Куманоо, сфе е
средено,само нек се усисава : D Ја га преработа нешто му мења и га користу како бонг : D

Шалу се. Усисувач беше купен за самохрану и сиромашну мајку која живеше сс неколко мали дечиња у најсиромашно маало.
Сфака чаз за хуманост! Ваљда модераторски тим стоеше позади овј проект.

После тој главоња ме напуши у бар он, Адревв преведуеше, Хулахопка сс тачке стфарно носеше хулахопке сс тачке,Лејди баг лумпуеше, а Стеф Коби беше спонзоруша која се сликаше сс ногу потпрену наназад на ѕ'д, праеше дакфејс селфи и пиеше без паре хаха. Џонтра беше Бледско езеро у фацу, забравија си гу крф у Велес(л'же дека е од Скопје), стфарно зшто си толко блед, фаца виледа жута две недеље стискана и употребувана.Пеѓа ми делуеше како да е на мдм, фаца му трепереше, серотонин од очи му течеше.Илумилумоунус штракаше телефон и се смееше на наши глупости.
После тој не се сеќам ништо, само некои флешови како смек мај бич ап од Продиџи.

Поздраф Нездраф.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.019
Поени од реакции
8.698
Драга, жалосно е коа читаш кирилица, а писателот не научил да пишува на македонски туку на некоја шопска модификација за која се тепаат србите и бугарите истовремено гледајќи на истата со потсмев, која е очобол за секој кој не е од тој реон.

До кога бе вака?
Златен јазик имаме! Ах брее.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom