Рандом политичар: BrAvO za UsPeHot nA FuDbalEriTE, EvE DeKa EdInstvOtO e ReSHenIe Za PoBeDa
*ако фудбалерите функционираа како политичарите*
Пред прва утакмица, се појавува скандал.
Како тоа Мрме селектор? Зошто македонец? Не е ли време за албанец селектор? Ова е фашизам, како тоа немаме Албанец на клупата а сме имале луѓе од странство????
Пред втора утакмица, Пандев дава интервју за странски вебсајт
Адеми излегува со мислење 100% на Албански во кое вели дека е глупаво што Македонец е капитен, и Албанците се луѓе, нема зошто да се делиме, време е во репрезентацијата капитен да биде тој, а не Пандев, пошто нема потреба да биде не-капитен само поради тоа што е албанец. И тој сака да дава интервјуа на свој мајчин јазик, до кога со поделбиве?
Среде натпревар:
Одиме во контра. Секој се дере на свој јазик и играчот што ја има топката не знае дали треба да подаде или не пошто нели, баш и не знае како се вика "подај ми ја на мене", "долг пас кон крило" или "иди му не знае" на Албански, навикнат е на тоа да се збори македонски во репрезентацијата
По натпреварот Столе Стоилов е обвинет за национализам и расни поделби поради тоа што одбранил топка на играч од Косово. Кој е тој да му брани, нели и другите се добри?
И тако даље, и тако даље.
Да, чуда се дешаваат кога луѓе со различен национален бекграунд доаѓаат во Македонија, ја репрезентираат Македонија, зборуваат на Македонски и слушаат совети од тренер Македонец.
Кој би рекол дека единството како концепт и не било толку чудно или тешко за остварување.