Драга Кајгана (виртуелен дневник)

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.816
Поени од реакции
21.445
Драа

Има неколко видови на фризери и бербери.Разлика у овија два поима е што едни плус бричиф а други имаф некоју медијапан сталажу плус и рекламираф скупи стфари за косу.
Постоиф бербери од стар ков.Они су више изумрен вид.Они су бричиле и шишале у СФРЈ, а ск ги пиеф задњи чаше шпиртоваче,а у фацу изглеаф несредедно и како онога што шиша од Тетовирање филм,онј што му гу праи финту за брион и шамар на Илчу.
Тија најчесто имаф селски имиња,Тозо,Војо и слично.Ако некога су крстиле сс селско име пред сто године,знај дека ке биде бербер.

После имаш фризери од девеести,тија девеес посто бесфа на хорс или спидбол.Пропаднати,задужени,сс гел на косу и црни кожњаци,некои се отрусфа или обесисфа ради невозвратену љубаф.

После имаш новопечени бербери и фризери.Првите су градски деца сс селски манири, а фторите педери.

Бербери су како таксисти,сфе они знаеф и замараф за небитни работе.Ке ти га испуши за да ти земе пеешче плус за бричење.Ти му викаш не толко кратко, а он ке шиша ке шиша, ке те напраи умпрофорац.Што поише време ке те задржи, само за да те замара поише.Ке ти земе седмдешче или стотче, ама ке те отруе сс муабети и ке те направи "си ме правел зелка".
Поише влакна у уши и на рамо ке имаш, него испод туј столицу што гу земаја на старо од некоју стоматолошку ординацију.

Фризери су сфи педерастични.Чупани депилирани,глашче пискаво,тесни фармарке и некои плетени ролке што моеш да ги видиш само на фешн тиви.
Куде њима омилен дел ги е миење коса.Ке те гали ке те гали док не те запали, мислиш ке испљукаш сперму, а он си замислуе како га прскаш по фацу.Ке те шиша саат време,цакум пакум ке те напраи,степенасто,изретчено,абе сфакако.Па восакче,а ако сакаш и ке те испегла... сс пресу за косу.Ке ти земе над триса денара и ке те исчисти како ноф да си, тазе роден, ке се пипаш за стомак дали ти е туј папочно црево.

Ама да су живи и здрави, какфи и да су,без њима неможемо,без њима би биле котруљани,металци и хипици у главу.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Драга,

Не знам што ми текна веќе една недела ги имам анализирано емисиите на кои има гостувано Мирка Велиновска од периодот 2015-2018. Дали е тоа Во Центар со Васко, дали во Миленко Шоу или други емиси, и дојдов до заклучок дека жената има сериозни психички проблеми. Значи, буквално ништо, ниту 5% од она што најавуваше во тие интервјуа дека ке се случи, не се случи во реалност. Се дере како нездрава, зборува со таква самодоверба мислиш ти информациите што ги поседува таа ги немаат ни тајните служби на државата. Жалосно е како жената сеуште себеси се смета како голем ум или добар "аналитичар", интелектуалец не знам што. Логично е, ако се сметаш добра во анализа на политиките што се случуват дали на национално, регионално или меѓународно ниво, во политиките на светските сили, со светската економија и геополитика накај се движи, во тој случај треба да си способна да предвидуваш и да погодиш барем 50% од она што стварно ке случи во иднина, во наредните минмум 5 години, зошто реално никој од нашите аналитичари не бара предвидување на подолг временски период. Вака, испаѓа дека се ПРОМАШЕНИ и Мирка, Латас, Миленко и други истомисленици "новинари". Обични ниско платени платеници од странски тајни служби да креират и шират паника, страв, параноја, омраза меѓу народот во Македонија. А и Васко со таа емисија Во Центар испаѓа кловн заедно со гостите што ги вика на интервју да дискутират за иднината, за плановите на големите сили или плановите на соседните земји за Македонија. Сериозно, се смеам на глас какви глупости се трескат а толку сериози во фаците, понекогаш си мислам, таа емисија или слични емисии се добро платени да се игра мајтап со мозоците на обичниот народ . Многу поинтересни и посимпатични му се темите за тоа што се случило во македонската политичка сцена во минатото.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Дк,
Најсреќниот ден во мојот живот, петок 13ти,ни се роди синче мене и @Crazy.M.Girl . Стварно немам зборови да ја опишам радоста и возбудата, едноставно треперење на секоја клетка од телото,дури и воздухов што го вдишувам има поинаква тежина, наеднаш се ми е поинакво, поубаво, посреќно. Возбуда која трае и трае, неопишливо чувство на радост и среќа дека ќе сум татко. Останаа уште некоја вечер да спијам мирно, и после ќе станувам на секој плач. Едвај чекам, превозбудливо е.
Дефинитивно иако годинава само посебе е катастрофа, 2020та ќе остане длабоко изгравирана во мојата меморија како една од најсреќните, како нова страница, и почеток на еден поинаков начин на живот. Пресреќен сум, со куп и тон измешани емоции, и нетрпеливост Крејзи да дојде дома.
 
Член од
19 август 2020
Мислења
55
Поени од реакции
187
Злобните луѓе уживаат да даваат лажна подршка кога не ви оди у животот но штом почнува да ви тргнува на подобро магично почнуваат на секој можен начин да ви внесат негативна енергија.

Ваквите повеќе ги радува туѓата несреќа отколку сопствената среќа.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Социјална дистанца од 100 метри од ваков тип на луѓе.

-Тоа е братче.
-Што да правиш брат живот.
-Гураме.
-Викај ура и држи позадина.
-Ајде ќе биде.
-Ќути може да биде и полошо.
-Колку толку а ич.
-Снајди се па живеј.
-Ќути какви ги има.
-Не се замарај бе брат.
-Што е твое ќе си дојде.
-Кур те боли што Маџарска нема море.
-И нашето ќе дојде хаха.
-Што се не биднало па нас да не не биде.
-Тоа е трпи трај.
-Уживај бе.
-Ај може нешо ќе улета хаха.
-Тури кур брат.
-Тури им пепел.
-Битно е нешто да капне.
-Јас на времето.
-Од трите подолгото хаха.
-Ќе фатам побрзо корона него ли на спортска брат хаха.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Почна веќе да ми паѓа криво што лани ова време мрчев дека ништо посебно не се дешава по градот, дека кафе шемата е тапа и дека на живите свирки се свири едно па исто. Дури сега гледам што значело стварно ништо да не се дешава. Вчера излеговме да шетаме со еден другар. Скоро па жив човек немаше по улиците, дури ни цајкани да контролираат дали некој почитува мерки. Гол да шеташ нема кој да те види па да те оговара. Сега би се отровил од кафиња секоја вечер и би уживал и во најдосадната свирка, макар и да ми свират корејски народни песни.

Ма настрана тоа, почна да ме фаќа желба за старите добри собиранки и играње пантомима, монопол или карти цела вечер. Не дека некој брани тоа ама на тие што до сега им предложив само ме изгледаа како чудак. На сите повеќе им одговара да дремат дома и да се жалат колку е досадно.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
ДК,

Имам соседи кои имаа куче. Од оние малите, кога го гледаш од подалеку не знаеш дали е куче или маче. Ја отворија капијата да зачистат лисјата, излезе кутрото на улица и на кривината еден им го удри. Селјак селски. Уште отвара врата и им вика "да сте го сакале дома ќе сте го чувале!". Ништо спектакуларно не бидна, си разменија по некој збор и си продолжи. Живее малку подоле.
Арно ама тој колата не ја чува во гаража, туку пред гаража и некој му ја лупнал онака убаво. Да ја сакал ќе си ја чувал во гаража, нели?
Некогаш кармата е кучка. :love:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
"Which is more likely: That the whole natural order is suspended or that a Jewish minx should tell a lie? " :pos: :pos: :pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.416
Поени од реакции
113.997
Не ги сфаќам готвачите што се мотаат низ нетов за некои работи. Пример, месото се пече 13 минути, 14 секунди и 2 стотинки, шпагетите се варат 3 и пол минути, се става 1.2456 децилитри масло итн итн, со овие мртви и ужасни мерки. Па се да ви ебам, готвењето не е квантна физика па такви мерки да давате, пола од работите од око се ставаат бем ви крсни колач.

Нејсе тоа, имав еден период кај што бев у тежок канал и сакав отказ да дадам од работа, нормално пред тоа да си најдам нешто друго. Јас сум од оној тип на луѓе што не сака со сила да седи на работа, да нема добра работна атмосфера, сакам да е се ок и да има меѓусебно помагање и ПОЧИТ пред се. Али у задње време откако почнавме да работиме со систем на ротации подобро ми е, помалце притисок, помалце нервоза, добар тим сме со колегите што сме во смена и баш ни оди ок, иако пошо работиме со скратен капацитет имаме повеќе работа, али некогаш тоа не е толку битно колку што е добрата работна атмосфера и распоредувањето на обврските правилно. Во секој случај на долг рок не се пронаоѓам во работава така да нека пројде срањево со умренава корона па ќе бараме чаре, млади сме па имаме избор. :D

Порано многу мразев есен, некако ми беше некој измеѓу период, ни лето ни зимо, дождови, калови, кур се тресе, али сеа со коронава кај што не може нигде да се оди и фактички приморани сме на шетање по паркови и природа, сфаќам дека есента е преубаво годишно време. Особено кога шеташ во градски парк кога нема жив човек, или насабајле или негде кај 4-5 попладне во работен ден, тишина, жолти патеки од паднатите лисја, крик на птици и животни од зоолошката, буквално душевен мир да осети човек.

Решивме со девојка ми да се посветиме на шетањето низ Македонија и да баталиме кафичи/кафани, не дека којзнае колку одевме до сеа, ама сепак. Бевме во Пешна пештерата, Македонски Брод, бевме до Кокино, следно сакам негде Источна Македонија зашо сем Паланка од каде што потекнувам, останатиот дел поима немам. Сум одел Гевгелија и Струмица неколку пати ко средношколец али на утакмици додека тренирав кошарка. Отиди, изиграј утакмица и врати се, практично ништо не гледаш од градот така да не ги бројам тие одења. :D Сакам да ги искусам сите убавини што ги нуди нашава земја, а ги има премногу дефинитивно. На пролет ќе спукам една тура во Маврово од 4-5 дена, има одење на тие водопадите во Ростуше што беа ако не се лажам, шетање по планини, топ тура е. На Пелистер не сум бил, а многу сакам да отидам, тоа ми е приоритет исто така.
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
Drag kolku sme samo.mizerni sto cekame od donacii od drugi zemji e tolku sme....sve cekame od donacii
Sramota
kaj odat parite od danoci i drugi davacki bar ne se brukajte ne se falite deka se donacii kaj odat parite od sekoj eden vraboten komu mu odbivaat po 200 evra od plata za zdravstvo penzisko i danok ...
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги,

ќе биде весело дома со 3 женски и 1 машко, ќе биде весело... Ох колку ќе биде забавно вечер кога ќе ги пука балоните татица, ох ох ох... Намерно ќе ги обележам балоните да му ги дадам прво розевите конфети, на крај сините. Прво не сакав да го дознаам полот ама од Немачка испратиле се наеднаш, лоша организација со нашава лабораторија, па несакајќи ги видов резултатите, покрај тоа што носам 3 здрави прави бебиња цели 3м, дознав дека ќе бидам мама на 2 кукли и 1 шармер, мора да биде шармер со таков татко... Се јавив, откажав резервацијата за балоните, сега ќе се симнам до дуќан да спремам се. Секако мораше да се земе цвеќе за вечер, ќе направам се сама. Се надевам дека ќе избегнам гужва на Водњанска. Ќе биде весело дома, ќе биде весело за најмногу 6м, а според докторот и порано, јер да бидеме искрени, носам 3 бебиња човече... Не е важно друго, важно е дека се здрави и прави.

Убав ден! Торта невестава не направи пошто а влезам во кујна мислам дека ќе оставам цел желудник таму, а прекрасен антрацит не чини да го упропастувам. До тогаш ќе јадеме тоа што господин супруг спрема или пак тетка праќа, оти како тоа да нарачаме готова храна да јадат бебињата, нема шанса! Не ми се верува, минатиот роденден само ме праша дали сакам да имаме деца, а годинава што се случува... Мојот свет е прекрасен! Па што дека госпоѓа свекрва вечер ќе крене нос на фактот дека женски тим ќе води дома, супер ни е вака, еден батко таман да ги чува принцезите. Е сеа што татково ќе шеќне од стрес со 3 женски деца дома, е тоа е друго, ама ќе пројдеме се порано со пеперутката, па овие ќе би дојдат ко втора епизода.

Си ја!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom