Кајги,
почнав кафето насабајле да го мењам со какао, ама не иде, душа ми бара кафе. После долги натегања вчера и видео кол со докторот излезе дека можам да испијам по 2 кафиња со млеко или едно без млеко, голема победа за мене! И сега си направив едно огромно капучино, сендвич и дремам на тераса, каков убав ден. Ги користам и последните денови сонце.
Вчера ги купив првите алиштенца за бебушки, си ги ставивме на кревет и си ги гледавме заедно, малку си поплакав, малку ме удрија емоции, малку се размазив, ама убаво ми беше. Решивме дека ќе почнеме одма со спремања, зошто се доста напредни иако се 3 и веројатноста да се породам порано е голема, сепак се 3. Пеперутката ќе оди кај баба и денес, имаат некој роденден, ако, детето изрази желба, јас не можам да и ја ускратам. Се спремавме сабајле, за да може да оди веднаш после часови. Имаме 4 дена да ни биде баш тишина дома, па се мислиме да фатиме и ние некаде, да искористиме сонце и да дишеме воздух. После 7 години работа вчера ја затворив цвеќарата, го ставив во мирување бизнисот, следниве 2 години ќе бидам дома, што ќе труднувам, што со бебуши, па здравје за 2 години ќе ме чека пак да ја отворам. И така времево не е за бизнис. До тогаш ќе се вратам на старата љубов, ќе сликам, ќе цртам, ќе скицирам, можеби пак ќе држам и часови, ќе уживам дома, можам да си дозволам и решив дека ова кратко време од 2 години ќе биде посветено на мене и мојот дом, моето семејство. Со 3 бебиња и една голема дадичка тешко ќе жонглирам со работа. Донесов одлука буквално преку ноќ, распоредив се што можеше да се распореди, вратив по магацини, заклучив дуќан и сега ќе одамарам. Ми олесна, имав грижа на совест кон девојките, 2 од нив отидоа кај колешка, 1 се врати во родниот град и 1 реши дека нема да работи. Ги згрижив и нив битно и мирна ми е душата. Сега сум домакинка, што никогаш не сум била, ама ќе поминат брзо овие 2 години. Едвај чекам да дојде 1ви декември дома да украсам, да се спремаме за првиот Божиќ, па Нова година, па следниот Божиќ, празници се ближат! Полека купувам, вчера едвај се прибрав дома, едвај се донесов. Убаво ми е!
Доста беше Кајги, да дојадам па ќе одам да прошетам малку, денов е прекрасен, си купив преубави труднички алишта, мора да се прошетаат. А после ме чека ручек со свекрва, држ ми среќа!