ДК,
многу се нервирам кога луѓето не го почитуваат времето на другиот и може да ги поделам во:
Прва категорија - луѓе кои доцнат на договорени средби/термини и мува не ги лази за тоа, се нешто си имаат некои рандом изговори и оправданија со кои се вадат уште од школските денови.
Втора категорија и уште полошата - фаци кои те напињаат да промениш распоред ради нивни лични интереси во 5 до 12, денес сум бил последен на закажан термин и ми се јавуваат на 45 минути пред терминот со муабет - абе до кај си, ај ела побрзо оти сакаме да си одиме порано
, небаре јас на копче сум и немам други обврски и должности во животот
. Истото ми се случуваше и во една теретана каде што одев порано, теретанава работи до 22h навечер, ако им отидеш во 21h типката се скапуваше очи превртување и уште во 21:30 гаси музики, светла демек ајт фајронт доста ви е.
Трета категорија - луѓе што не читаат мејлови и документација и на состаноци се појавуваат како паднати од Марс, е овие ми се посебно драга категорија и кога би им бил претпоставен би ги исфрлил на клоци. Му пишуваш агенда за состанокот со детали точка по точка што би се дискутирало, најчесто каснат на состанокот, влетуваат со некој рандом мајтап и те прекинуваат уште на прва реченица со муабетот „ако може вовед за што е состаноков“
Четврта категорија - јас сум само да прашам, овие можеш да ги камшикуваш на лице место и гарант нема да погрешиш.
Петта категорија - еј ај ти си повешт за ова дај среди го за 5 минути, а му го дале него како обврска или е негов проблем, секогаш тие 5 минути се 2 саати и по обичај работа која никој не сака ни да ја пипне.
Шеста категорија - пријатели/комшии/роднини кои ако еднаш си им помогнал или слушнале дека си помогнал на некој за одредена работа, те третираат како да си им роб или дедициран само за нив. Пример си преинсталирал некогаш на добра волја лаптоп на некого, тој раширил на други и секој втор ден имаш - „абе брат, имам еден лаптоп, ти се разбираш да ти го донесам да го видиш, шо викаш ќе брка работа“ - кажи му дека немаш време се лутат, кажи му цена одма лутачка си нашол на нив да печалиш а не се свесни дека цел ден работа има во тоа.
Седма категорија - роднини/пријатели/познаници кои ако живееш некаде, по автоматизам сметаат дека ти си им човекот за завршување на работа. Пример во Скопје си ти, ќе тркниш до клиника да земеш резултати, ај прашај ми дали има ова....
Сигурно има уште некоја категорија што не ми иди на памет во моментов, иако овие се примарните кои ме вадат од такт.