Убаво се сеќавам на набројаниве натпревари погоре.
Со Финска картата беше 300 денари за јужна, уште ме боли срцето. Со Русија киднав од блок математика, платив 500 денари карта (скромно дете бев, од сиромашна фамилија, ми дадоа пари и после денар не барав за ништо) и топка не пипнавме цела утакмица. Мислам дека 0-2 заврши, ни бапнаа уште еден гол на крајот.
Со Босна тепавме 1-0, а потоа и со Украина со истиот резултат и голот на Ставревски. Некој од нашиве (мислам дека беше Митко Стојковски) му го пукна носот на Шевченко и овој излезе од игра, додека цел стадион го свиреше, освен напалените фанови на Милан. После овие две победи, игравме пријателска со хрватите, кои не вратија во реалноста. За овој натпревар го натерав татко ми да ме симне до плоптад да купам карти. Ми вика гледај дали има џандари, да вртам на полна. Јас импресиониран од картите, му викам нема. Одма кај собрание не застануваат. Тој вика господине свртевте на полна и поминавте на црвено, а татко ми ме пцуе и ме мава по глава. Имаше некое ривалство со хрвативе, како резултат на тоа што ги елиминиравме од ЕП 2000 со 1-1 во Скопје (гол на Христов). Им скандиравме уаташки пички, слично како и неколку години потоа кога ги тепавме во калта.
Кога изигравме 2-2 со Холандија, добив карти во некој весник, мислам дека беше ВЕСТ. Карти за источна. Кога видов дека ме извлекле, цело школо го кренав во вис.
Ќе се сетам и на еден натпревар со Нигерија или Камерун, кога снема струја и имаше 6 милијарди комарци кои ни ебаа матер. Мртвиот реванш со Андора и нашиот Драган Чадиковски во нападот, 0-0 на -20 степени во Скопје. Победата над Андора со 3-0, дента кога почина Тоше и внатре имаше 30000 гледачи. Штипевме женски за гз во гужвата, то је то.
Сречко Катанец и Сани бој. Сантрач дебитираше со победа кај Ерменија, па игравме со Романците во Скопје. За нас гол даде Горан Мазнов.
Ќе го издвојам и дуелот со Шкотска, кога тепавме 1-0 преку Илчо Наумовски и кога изедовме ќотек ко магариња од ЕБР ради знамето за Јохан. Кого сме бранеле, кога ќе помислам од сегашна перспектива. Од тогаш се растури организираното навивање. Од тие години, ќе се сетам и на еден натпревар на Вардар со Розелар. Не затоа што изгубивме 1-5, туку затоа што цел натпревар и ги гледавме гаќичките на една манекенка Енџи Стојановска и по тоа што другар не ни правеше муабет еден месец, дека не сме му кажале да се заврти.
Туку, кога ќе прочитам дека е спомнат Анон, прва асоцијација ми е еден играч на Депортиво, Давид Ањон. Небитен како модератор во Играчница. Го гледам Депортиво со стрим на Твич, против Коруксо или како и да се чита противникот, кога гледам Ањон игра за нив. Врв на кариера му бил Катовице во Полска. Кога ќе ми текне на Депортиво, се сеќавам и кога Величе Шумуликовски имаше платен прилог во Спорт, со шпекулација дека потпишува за Депор. Величе на цела насловна, со огромен знак на Депортиво.
Втората асоцијација за Анон ми е типката од која ставаше слики секој ден, среќа што го тргнаа делот за кајгана галеријата. На два три дена ставаше слика од истата девојка, со различна гримаса. Како за инает, сликите ги даваше како препорачани, се појавуваа со секое рефреширање на почетната страна. Се прашувам, каде е девојката во моментов...