Драга Кајгана (виртуелен дневник)

D

dARK_ElementaL

Гостин
Веќе неколку месеци откако ги избришав сите социјални мрежи. Животот ми стана доста подобар. Само facebook-от го оставив онака за украс. Од време на време ѕиркам што има... Ван Хелсинг нека ни е на помош.

 
C

CoolIris

Гостин
Здраво драга,

Одамна не сум поминала да си ги искажам маките..., now that's a good sign! Не дојдов за тоа :D .

Дојдов да ти кажам дека ќе станам тетка на една мала принцеза :vozbud: . Вчера дознав и од толку многу што се прерадував, успеав да скршам три чаши несакајќи и да си заработам еден добар хематом на десната натколеница. Тоа не е воопшто битно, битно е дека тета едвај чека да ја запознае принцезата и заедно да почнат да го освојуваат светот.
Ќефои сум. Одма почнав да купувам играчки и бебешки ствари :vozbud:.

Жими се, ќе биде најсаканата внука на светот :love:.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
Денес едни познаници кои што ги сметам за интелегентни млади луѓе, во случаен муабет како гром од ведро небо ме погодија со објаснувања за тоа како короната не постои, Џо Бајден, Мадона и останатите јадат деца (!) и дека ако не победи Трамп на целиот свет му се заканува пропаст. Успат ми ги изрецитираа и сите пропратни најдолни теории на заговор за 5џи, вакцини и тако даље.

Ова е трет пат како во живо се соочувам со фактот дека во 21-ви век возрасни луѓе не само што водат дискусии на овие теми туку и цврсто веруваат во нив. Сега разочарано гледам во ѕид и размислувам каде е грешката... :unsure:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
И повторно голема поделеност кај македонскиот народ, едни го поздравуваат дечкото шо го убил геј парот во Малта, арно им направил, браво за детето, како да ликот не е криминалец туку ги убил од омраза. Други пак не можат да заспијат од тоа како човекот не преставил пред светот, како само за тоа не бива, како сме племе, итн, итн. А у принцип никој од овие нема две чисти во главата јбг, демократија, слободен пристап до интернет, секој смее да си каже свое мислење, дури и ако е тиња како овие што ги спомнав погоре.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.416
Поени од реакции
38.960
Мислите ли дека сте фенси вие со сајтовите шо ставате реклами со минијатурен ''x'' и шо треба да го барам како ќор со 5 цм од мониторот за да исклучам, и вие шо ставате да кликам на семафори и пешачки премини на слики за да докажам дека не сум бот?
Да даде господ хемороиди од тие најболните на сите да ве фати. :kuracc: :kuracc: :kuracc: :kuracc: :kuracc:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
oak apple.jpg
Пред два дена првпат видов вакво нешто: закачено за лист од даб. Го сликнав, па вчера најдов по интернет што е, и научив дека:

Ги викаат дабови јаболка, дабов орев, шикалки или шикли. Посебен вид оси ги прават на листовите од даб, и во нив растат ларвите (една или повеќе). Не го уништуваат дабот, а луѓето одамна ги користеле за правење мастило за пишување. Осите излегуваат од нив во јуни или јули.

Во Англија на 29 септември ги отворале топчињата, и ако внатре најдат црв, годината ќе биде добра, ако најдат пајак, годината ќе биде лоша за земјоделието, ако најдат мува, годината ќе биде просечна, а ако ништо нема внатре, сериозни болести ќе се појават таа година.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
D... denes ostaviv setanje se fativ za rabota da zavram nekoe stolce i kolickata.
Dvor nemam vo podrum sum se rasfrlal so alat i masini i kabli okolku noze eden kup.
Ne mi odese se kako sto treba iako sum penzioniran-profesionalec vo taa rabota.
I vo eden moment mo SVETNA,mi se zalepi klestata za mengemeto ,nekako povrzano so masana i masata.
I mi tekna vo toj moment na Vanco Petrusevski i scenata od prikaznata kade se na gosti so Ance vo edna kuka.
Ladno grc a toj veli... Bar eden mangal da staeva... a ponatamu nesto kako... i edno rakiice.
Lesna mu zemja na profesionalecot za gluma,ama ne i za zavaruvanje,za toa se drugi rodeni.(kako mene)
P.s. (ova nikagas ne mi stana jasno stoe) D...ako treba nesto da se zavari vikaj.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom