Денес пред банка си чекам ми дадоа бројче имаше зомби апокалипса изгледа денеска пензиите ги дават па се создават колони мислиш се чека ред за влез на Iron Maiden,и си чекам така трпеливо,и почна тука толпата да се зголемува,и мирисаше во воздухот дека ќе се креира еден Mosh pit нема ова стариве се ужас БУКВАЛНО,еве ако знаете некој што работи у банка прашајте го искуство со еден пензионер(на дневна основа) да видите кој се резултатите,и добро продолжуваме понатаму,бев некаде у колонава 3-4 ама тоа скоро,и да нема значење бидејќи ''само да прашам нешто" еден се џбурна,еден друг временски патник исто се провлече отпозади без никакво значење во општеството(човеков мислам беше од други галаксии),и си чекам културно се обидувам да држам дистанца колку што се може нели,маска опремен се комплет,и наеднаш тс не знам отпозади го имам овој момент
Еден заталкан старец со спуштена маска под брада ми дише у врат(а ја се израдував некоја пичондра ми го удрила меракот па да се забавуваме малку),кога да се свртам Дракула го имам зад мене,се тргаш настрана како што се тргаш он се испапчува напред,односно е во предност,е сеа е најдобриот дел од приказната,ова е врвот значи вакво нешто немам посведочено.Дракула позади мене вика мене не ми треба бројче,ја сум бројче
,океј,женава позади него си бара бројче,и зад нејзе имаше уште неколку луѓе обезбедувањево почна да ги дели тие ливчињата на кој му стигне,односно ако женава која дреме 15 минути место да добие број 7 она го има тоа со 15ка,а тој што тукушто дошол го добива 7,и всушност на шалтер ќе даде 7,и човеков ќе си заврши работа за секунда,а ова џабе дремела 15минути,и уште толку ќе скапе,и сеа го имаш моментов албум со сликички на панини
зошто го нареков тоа така бидејќи откако овој ги расфрла бројчињата на кој стигне мора самите да се организират,и да се менуват за кој стигнал прв,кој последен и да ги заменат односно изгледаше вака:
Откако се сменија,со една жена се гледаме,и ја имаш реакцијава обострана:
Дами и господа ја сум whatto ви посакувам се најдобро,и како и секогаш колку и да ви звучи досадно,монотоно,мојата порака за вас останува иста,а тоа е чувајте се.