1.) Ограничување максимална брзина до 30 километри на час во сите градски и селски средини каде што моментално ограничувањата се 40/50/60. Со закон, лех специалис или како и да го викаат, нека најдат начин.
1 година најмалку, онака строго, ограничено, да лазиме додека возиме. Надминување на брзината до 40 км, 100 евра казна, до 50 км, 500 евра, а возиш над 50 одземање возачка. Трајно, засекогаш. Црн печат, без дискусија, без право на повторно полагање.
Не ме интересира ќе доцниме на работа, на училиште, па на преглед, па на не ти знам што. Ич, ама ич. Подобро да лазиме отколку да умираат млади и да се зацрнуваат цели семејства, другари, школски другари, колеги, дечковци, женски, симпатии и уште безброј други луѓе.
2.) Инсталирање камери во уште најмалку 10 градови по примерот на Скопје, а во оние кои ќе нема, 6 месеци контрола на секој километар. Онака на секој, по еден радар и еден полицаец. Да не ми кажуваат дека нема, сега ги гледам по 5 души стојат на едно место. Мали се градовите, со 4-5 точки цел ќе го покријат.
3.) Привремена забрана за управување било какви моторни возила на лица до 21 година. Нека се полага, нека се возат часови, ама нема возење. Јебига, покрај сувото и зеленото гори. 6 месеци мирување, после тоа ќе видиме.
4.) Воведување затворска казна од најмалку 3 години за управување возило без дозвола. Гратис 3 години и на оној кој дал свое возило да управува на лице кое нема дозвола. Дуплирање на казната ако тоа лице направи некој мал прекршок, а за големи прекршоци 15+ години.
И уште сигурно 10тина работи за кои сум едно 100% сигурен дека да седнат на маса вработени од соодветни институции, да вклучат мозоците, да мислат 3 дена, ќе им текнат.
Џабе ни е зборување, џабе ни е жалење. Нема фајде од тоа, денес ќе жалиме за Фросина, утре ќе биде некој друг. Мора да има ригорозни мерки, кои мора сами да си ги прифатиме, да се навикнеме и да тераме по нив.
Се друго е тешко срање. Тешко.