Драга,
Денов има ли во план да заврши некогаш? Трае ми се чини 3 дена. Трачанка низ град, среќа па уште е празно. Ама застанав на плоштад, купив едно кафе од трафика и седнав на скалите да го испијам, ако не го направев тоа ќе требаше да чекам до сега да се напијам кафе. За тежок кафехоличар како мене, тоа ич не е забавно. Едно детенце ми побара 5 денари за лепче, му дадов 50 ама знам дека не се за лепче. Обично им купувам од продавничка храна и им давам, ама сега немав сила. Башка се носи ли штилка на ваков ден Кајги, кажи ми хумано ли е на 9цм да го акаш градов уздуш и попреку? Ама платив се, сметки, пошти, фактури, набавки, обавив шопинг и однесов дома, нахранив куче и продолжив. И таман решив да одмарам вечер зошто сум сама, ми се јави другарка ми да и го причувам бебето 2 часа за да отиде на контрола, нормално дека ќе го чувам. 2 часа јас и малиот Миха, оооо, има да го галам, да го гушкам, да му ги јадам бутките, да го скокоткам... Ич нејќам да сум сама дома, се научив да е со мене цело време и сега ми недостига. 6м немаше отидено на пат, ама веќе мораше, чоекот ми недостига и тоа е тоа. Можеби ќе одам до кај братучетка ми ако се накани да стане од кревет, не ми се слушаат жалопојки. А може и ќе си легнам во дневна, ќе спијам со пуштен телевизор и ќе чекам да дојде утре за да си го соберам чоекот од аеродром.
Си ги прочитав старите мислења, кога ми фалеше ден да одморам, се би дала сега да имам 4 свадби во еден викенд, да не можам да си седнам на дебелото мевце и да спијам по 2ч се на се. Ам то ти е. Викендов ќе си ја спремам сопствената свадба, ќе си го направам најубавиот бидермаер, ќе си ја направам траката за коса која одсекогаш ја сонував, фустанот е готов, младожењата е спремен, малото невестиче се предомисли и нејќе да носи фустан туку краток шорц и боди. Свекрвата нема да дојде, конечен одговор, кумот најави изненадување, старосватицата е нервозна оти се попраила 5 кила... Не може да е едноставно, нели?
Убав ден кајганци, одам јас да превземам должност над бебе Миха.