Драга Кајгана (виртуелен дневник)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не е многу помлада од мене десетина кхм идинајсе години :icon_lol:.

ММММММММММММММММ мирис луде траве...

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Кога ќе помислиш дека си баксуз и/или дека ти се десил лош сплет на околности.
TIFU stands for Today I Fucked Up
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726
Абе колку затуцана младина имаме, денешниве 'деца' (16-17) години почнаа во чопори да се движат и да трчаат и да лаат по коли...

Светот оди напред ама тешко на нас со вакви дебили...
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Ми стигна пред некое некој час време меил, трофеј на кајгана, дур тогаш се сетив дека се дружев со вас некое време:vozbud:Поминала цела година! 1 година помудра, постара, 3 кила подебела совршено распределено кај што треба и по желба на оној што ме храни секоја ноќ со фиш енд чипс :vozbud:Годинава ништо не е исто!

Работава ми претрпе многу загуби, ама стојам на нозе, сеуште има закорављели романтици ко мојов што и купуваат цвеќе на љубената зошто им го погодила гравот минатиот петок. Ама им е лидер дефинитивно! Боже колку сексуална енергија лежи во тој човек, ко да се приближува до 30тата а не да е опасно доближен до 50тата. Вчера јадевме по стоти пат риба и шримпс за вечера, ни текна на коктели, на ланското лето во Коктел бар, на самба и маи таи, на ланското безгрижно лето кога си го прекинавме одморот со идеа дека оваа година ќе го продолжиме. Мхм! Ама Охрид со него може да биде и Копакабана ако он така реши. А толку силно се труди студената вода без трошка сол да ја претвори во рај на земјава, штета што работните обврски не ни дозволуваат море, овие денови. Ама ако даде Бог и Акуведер доцно септемвриско сонце ќе ме пече во Дерми на плажа, ама не се надевам бидејќи утре требаше да се враќаме од еден таков одмор, ако немавме љута мајка и разочарано дете што не сака да оди на одмор со нас, сака со мајка и и новото братче.

Не, не ме уморува да бидам идна макеа на една татина принцеза и непожелна идна снаа на разочарана свекрва, не ми дозволува да влијае на мене, ме уморува што не можам да му ги тргнам маките од плеќите и стресот кој секој ден му го јаде желудникот и го тера да голта Гастрогард ко бомбони. Ми треба овој човек до мене, побогу реков ДА многу порано од што планирав, можеби нема да можам да му родам дете ко што стои, ама го сакам неизмерно, не сакам да ја гледам линијата меѓу вегите веќе. Има да најдам рецепт за маи таи, да испазарам на враќање дома, па да го пречекам со Фахитас, маи таи и салса, рубма, самба и рафаело колачи за десерт, има да го усреќам мојот човек денес, сите тие ќе почекаат додека му го симнувам товарот од плеќите вечерва, само вечерва, ќе заборави на се! А утре имаме уште еден преглед на лекар, дете на ручек и преспивање, куче за носење на бањање и тинтарење, шопинг зошто е 1ви и составување на роденденско-свадбено мени, јер роденден не е роденден ако не те венча на тој ден љубовта на твојот живот. Можеби можам да издржам бесна идна свекрва и размазена татина принцеза, ама не можам да издржам да дојде денот Д. Ќе биде ова славје на векот, од 16 души во 160 квадрати тераса на Водно бар 6 ќе мислат како да ми ја забиберат свадбената торта и ми го украдат денот, ама тој ќе сочува се за мене, зошто знам дека му е важно. Го љубам!
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Заврши продолжениот викенд. Прекрасно поминати три дена во Дојран.....ќорав ши*тар не видов, не слушнав.....едноставно таму нема шипури, сум зборел со луѓето од тој предел.....чист наш Македонски предел, милина да ти е да дишиш воздух, да се шеташ, да уживаш. Блазеси им на тие што си живеат таму......гледано од овој аспект.
Правам муабет со еден менаџер на една плажа таму....му викам еден шипо да ти пуштат ноќеска, ова чадорите што ти се поставени, лежалкиве со сунгери и сл........брз како струја.....за 20 мин ќе ти ги уништи сите, со само едно ноже.
Вика зошто? Му велам.....зошто Дојран сеуште не го рачунаат за нивна територија, знаат дека само ние Македонците доаѓаме тука.......едноставно да ни направи штета на нас, за да не можеме удобно да лежиме, да се сончаме под сенка и слично......човеков размислува и вели жива вистина, ти држи вода муабетов.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дк

Можам да умрам играјќи на Blinding Lights од The Weeknd на еден тон песни ислушани у животот,купишта дискографи,изведувачи ова е проклета хаварија,ако ја пуштат у клуб може да го изгубам разумот.



И да The Weeknd е проклет талент штета ако индустријата реши да го исфрли од игра ако од него веќе не може да гледа добивка односно да го цица мада мислам дека треба да се вложува во тоа дете зошто знае како треба:place: и не случајно е одбран.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.782
Поени од реакции
12.114
Здраво ДК. Отсега си ДИК :)
Е сега вака. Ќе ви раскажам една случка што ме направи многу поспремен од претходно и ми служеше како искуство. Го знаете ли она чувство кога мора да се откажете од нешто што не сакате но морате? Нешто што ви ги преокупирало мислите до степен на опсесија? Нешто за што сте се спремале некое време и сепак сте доживеале неуспех? Епа да почнеме со ред. Пред неколку месеци бев до Лерин само за да јадам гиро во порција. Беше тоа најдоброто гиро што сум го јадел. Спектакуларно гиро. Одлично месо, неверојатен сос, предобар помфрит и посебни специјални лепчиња. Откако неколку дена пред тоа не успеав да изедам цела порција, добив желба овој пат да ја завршам работата. Не јадев цел ден и се спремив специјално за ова. Меѓутоа пак потфрлив. Не успеав и морав да се откажам колку и да сакав да го дојадам. Кога го оставив тој мал дел и си одев се осеќав како Кејт кога Џек потона во морето. Како Калински кога мораше да се прости од коментаторското столче. Како Јувентус и Атлетико после сите загубени финалиња. Го сонував тоа делче и ме прашуваше зошто сум го оставил :cautious:
Зошто ги пишувам овие глупости? Затоа што ми се пријаде гиро. Како што Мухамед Али бил опседнат после поразот од Џо Фрејзер, така и јас после овој пораз. Сега се осеќам спремно како Ливерпул минатава сезона. Како револверот на Гоце Делчев против османлиите. Како Јусеин Болт пред секоја трка. Прва работа штом се отворат границите ќе ми биде да одам таму и да изедам цела порција гиро. Ќе му го направам на гирото тоа што и го направи Баерн на Барселона во 2013. Или Рома на Барселона. Или Ливерпул на Барселона. Или уште еднаш Баерн на Барселона годинава :D Гирото ќе биде Барселона хехе. Ок, минатиот пат јас бев ПСЖ :oops: Ако некој се прашува како може некој да напише толкав текст за едно гиро, сигурно не пробал од него.

Патем која е процедурата за бришење акаунт?
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Читам коментари на темата „Соживот“, па се сетив на една случка од пред неколку години:
Конференција во Украина, навечер на маса седиме, пиеме и мезиме: Грци, Срби од Република Српска, Руси, Бугари, Романци, и еден Иранец. Се муабети на англиски јазик.

Иранецов го прашува Србинот од Република Српска од каде е, овој вели - од Сараево. Иранецот среќен почнува да раскажува колку го сака Сараево, како никогаш не бил таму.
Србинот насмеано му вели - добредојден си, кога сакаш дојди, може да спиеш кај мене, ќе те прошетам.
Иранецот продолжува: Знаеш ли зошто толку го сакам Сараево? Затоа што еден куп мои сонародници дојдоа таму да се борат за вас!

Јас го шутнав под маса Иранецот и му реков: твоите се бореле против неговите, ова не ти беше соодветно.
Иранецот се збуни. Србинот ја скисна фацата, и со пола уста му рече: Сепак си добредојден.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пошто не можам во живо да ти кажам ќе пишам тука знам дека нема да прочиташ, оти не знаеш за профилов. Сонував си му го пушела на друг, аа немој немој :icon_lol:.Жива вода ко станав кошмар :icon_lol:.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Драга,

Јули не беше добар ко месец, па скоро на ниедно поле. Август продолжи и на полошо. Се она што игнорирав, намерно ем тоа, почна да си фаќа поголем замав и да ме ремети, психички, физички, хормонално, па скоро на секаков начин. Единствена работа за која реално се жалам себеси и ги жалам другите ако им фали, е здравје.
Почнав да си отплеткувам глупостите, пројдов низ прегледи, се потсмирив малце со паниката и анксиозноста, иако се осеќав ко за на ремонт и ко сметав периодот за некој вид на wake up call, сега се осеќам далеку подобро. Секако, морав да сменам и уште менувам работи во секојдневната рутина.

Од кога стана модерно луѓево да јадат трици и кашички во боја декорирани со лешници, никогаш не посакував да сум една од нив. Не зашто нејќам јас да сум здрава и да јадам здраво, туку зашто мене ми беше приоритетот да јадам вкусно. И иако и јас сега пробувам да јадам повеќе од овие глупости кои добиваат вкус ако им додадеш 15 работи во нив (да бидеме реални), никогаш нема да ги обожавам и да ги јадам со мерак. Прават да се осеќам подобро целокупно, а јас имам силна самоконтрола, па тоа е тоа.
Она што ме плаши со здравава исхрана е што внесувам ненамерно помалце калории од обично, а во живот имам држено двапати диета и изгубив дупло од тоа што се надевав, без некоја поголема потешкотија. Конечно се осетив доволно силна за да се вратам на вежбање, ги вратив стомачните после некој тренинг, али не се сликав и испуштив можност да ги известам следачите до кое дереџе сум. Сега е касно, ме фати пмс и добивање и пак се визуелно неоцртани. Јбг, не може да се стигне секаде. Којзнае како се осеќаат фитнес инфлуенСеркиве ако не покажат стомак или гз за да не мотивираат, бар еднаш во 2-3 дена. Боди позитивити, а они секој оброк, салати. Бљак, лицемерие.

Оваа е прва година во која едвај чекам некако да заврши летото, а јас ич не сум фан на ладно и врнежливо време. Може ми влијае тоа што си земав дуксери кои брат ми ги има одрастено пред некое време, па домашната зимска гардероба ми е пофенси од летната. Плитко размислување, но многу веројатно. :coffee:
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
К, денес дознав една многу важна работа за сексот.

20200901_085807.jpg

,,Општење" бил македонскиот збор.

Значи си направила грешка во името на подфорумот за ,,Љубов и Секс". Требало да биде ,,Љубов и Општење". Немој да се однесуваш дискриминациски :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom