У принцип ние сме кукавички народ, докажано и документирано низ историјата, низ вековите. Еве и периодов имаме доста докази за тоа, ако нема карантин тогаш зошто нема, па кога го воведоа зошто го воведоа, па ај тоа го проголтавме па сеа тајмингот не чинел, и така во низа се редат глупостите на фиромјаните. Али најсмешно од се ми е кога ќе прочитам како вежбањето им било ускратено со полицискиов час... Оф мори мила мајко, за народ кој е навлечен на кладилница, кафе грицкам лажиче и кафана шема им фалело вежбањето.
Па вежбајте дома бе, не ви ги исекоа рацете и нозете, или нема тегови и справи дома па не може 30 сториња да ставите?
Јас изгледа сум ненормален, ама карантинов малце позитивно ми влијае у ситуација кога не одам на работа десетина дена.
Читам книги, гледам серии, вежбам, а терапијата направи да си станувам секое сабајле у осум (јер мора да испијам лекарства) и да си го организирам денот како што треба. Онака се осеќам ко препороден, дисциплиниран и секако изолиран.
Ме ошиша брат ми ќелав, прв пат во живот, се плашев да не бидам како грев штотуку влезен во затвор али добро испадна на крај, се тера некако.
Скокав на јаже денес, бај д веј најбоље вежба икада за било што, и моментално нозете ми се малце у бонус. Користев еден тренинг кој го имам запамтено од времето кога тренирав кошарка, во глава ми имаат останато бројките и прееска пробав да го направам ама за малце не успеав. Сеедно, горат нозе после тренингот, 20 минутно ебење матер ти се дешава.
Планирам кога ќе влезам во шема следните денови за некое време да ги дуплирам бројките, пример ако треба 3 серии по 120 скока за 1 минута, јас да направам 6 серии итн итн, што ќе биде поприлично солидна бројка на скокови за 20-30 минути.
И да, да им ебам се најмило на сите пицерии и сендвичари што не вршат достава до Ченто за време на кризава.