Драга Кајгана (виртуелен дневник)

T

Torchyrus

Гостин
Мислам дека сега е време некои луѓе од град кои без да се лажеме сеуште ги има, да сфатат дека тие од село или како што они љубат да кажат провинција, не се граѓани од втор ред.
Иначе на овој убав ден на мајка ми и е 50ти роденден. Радосен сум, со желба да дочека уште толку, а тоа им го посакувам и на сите добри луѓе.
Не бев со план во темава и на овој пост да пишувам повеќе, но бидејќи ретко го правам тоа, нека оди.
Морам да признаам дека по малку на моменти сум загрижен поради моменталната ситуација. За разлика од нас останатите т.с поголемиот дел таа со нејзината работа е малце повеќе изложена на ризик како и многу други што мораат сега, а и во иднина да ги извршуваат нивните работи. Тоа е, што е. Се надевам на добро и славење на убави моменти, затоа што според мене тоа треба да е суштината на животот.
По не знам веќе колку денови лошо време, немав излезено од дома. Денеска беше убаво и направив една мала прошетка па сакам да споделам и една фотографија IMAG3053.jpg
Како што спомнав погоре во текстот немав намера се ова да го пишам па и вака можеби измешано ама нека оди.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Преку ден збеснуваат комшискиве деца, иако се навикнати дома да праат хаос, пошо воловиве не знаат да им најдат некое хоби: карате, пливање, играорна...

Е, ама навечер го отварам балконскиов прозор целосно...
Тишинава што ја предизвика вирусов е priceless.

Многу слично кога ќе се качам на некој врв или планински гребен, каде најчесто фучи ветер и одеднаш ќе престане.

А порано мислев дека живеам у тивка населба.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Драга,

Пред неколку месеци ја изгледавме заедно Фрејзер, јас ја репризирав по вторпат. Фрејзер не уништи за сите ситкоми после нејзе, им се пробавме на неколку и ниедна не ни се виде асална. После неколку натегања конечно го убедив, така што, по трет пат ќе ја гледам Сајнфелд. :love:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.348
Поени од реакции
38.528
АУУУ АУУУУ ОВА КОЛКУ ИРИТИРА!!!!!!!!!!!!! Како пред 100 милиони години да беше кога гледав колку е патетична Барса ама потајно се радував на секој изгубен бод на Реал. АЛООО пред месец дена беше тоа, да ти ебам тоа глупиот шо јадел шишмиш, да даде господ да ти пикнат еж во дебелото црево и да мораш да го вадиш по природен пат. :kuracc::kuracc::kuracc::kuracc::kuracc::kuracc::kuracc::kuracc:

Нема фудбал , нема луѓе надвор, нема дружба, нема голи цицки, нема ниту облечени цицки, пари имам немам кај да ги трошам , која иронија ми е животот. :pos::pos::pos::pos::boksix::boksix::boksix::boksix::yid:
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
198
Поени од реакции
244
Сега кога се шетам на чист воздух како никогаш последниве години, а чаршија град се е без жива душа да се сретне, средби замислувам :

Како си, што мислиш како гледаш на ситуацијава? - ме прашува драга личност, сто години ен сме се виделе.

Што да ти кажам!? Се прави тоа што се прави и правело секогаш.

Повтори булшит нон-стоп и луѓе гомната ќе ги посркаат, и умислат : тоа е голема ученост и - the edge.

Ќе им речат : тоа, ТОА Е ОПАСНО. Чувајте се. А вистината е - од чуварите и спасувачите треба да се чуваме.

И што јас? Гледам како ме гледаш, уште као да сум некаков си фактор. ФАКТОР! Ни Исус Христос не можел! Не можел да контролира, просветли, нити излезе на крај со ... толпа.

Туку : Секој само е намерен да биде - друууштвен. Да прати што се збори. Да прави што и другите прават. ...па да се ќари во мутно и метеж.

..па мучнете... Превземете и вие одговорност за вашите животи.

Бидете личности, Бидете и вие личности.

Ама не, као у Лајф оф Брајан ќе биде. "We аre all individuals!"

А доволно е - толку е просто и доволно за да се сфати.

Само е потребно да се имам минимум обѕир и на основните црти и обриси на едно време.

Како животот? Работите како одат? На поарно - или полошо? Или мртво море... само, ете, што се предупредува за некаков си колапс економски престојни? е, па , што мислиш, тие кои се на чело на ова пропаѓање, ... помисли што би правела ти да си на чело на нешто што - не оди и НЕ го бива. Да си на врв - на фотеља врз куп фотељи - на депонија. / Да си во кола која малфункционира све, - вклучувајќи и кочници! / Да кажуваш виц, и си заборавила како оди понатаму.

Стави се на тие нивни места

и МИСЛИ!

што би правеле.

И, паралела направи со она што се прави.

(после испиен - о, па нема - ама има убаво место на сонце на отворено:)

- Знаеш,... место антисемитизам и расизам, Хитлер можел да подигне галама што луѓе умираат од заразни болести. И врз основа на тоа ... Еј, „Здравјето е најважно!“ ... да се избори ... и прави - све што правел.

Поводи.

Па, бидете ми здрави. У ствари, бидете болни па преболувајте, и болест и крај прифаќајте.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Кај,
најмногу го сакам звукот кога ќе пробубла кафето во мока ѓезвето. Го сакам повеќе од секоја песна што ми е драга. Го сакам понекогаш повеќе од луѓето.
То е вистински, непобитен звук на надеж и чист оптимизам and it gets me every time.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.441
Поени од реакции
7.725
Се прашувам колку лајкови и коментари ќе соберат глупите портали ако на Фејсбук стават слика од типот "Пиши во коментар 'јас имам силен имунитет' и ако коментарот излезе со црвени букви тогаш не можете да се заразите од корона"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom