Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Одамна не сум пишал во темава.

Имав период на промени во животов. Крајот на годината ми заврши со измачувачка смрт на близок човек, а истовремено имав тешка одлука за промена на работната средина. Цело време ме пратеше некоја црна мисла, си легнував изнемоштен, без енергија, константно им викав дома дека чувствувам дека ќе дојде тешко време. Дека нешто ми вели дека нема да следува убав период.

Задлабочен во завршување на обврските од претходното работно место и запознавањето со новото работно место, немав многу простор за слушање на новостите околу короната. Имам колега кој е опседнат со болеста и честопати ги вртеше муабетите на таа тема. Дојде короната во Македонија, а по некоја случајност вечерта бев во кафана. Бевме сами во кафаната, надвор корнеше ветер, паѓаа дрва и не избркаа уште во 23 часот. Следуваше тивок период и потоа се појави Цаца. Колегата крена толкава паника, што буквално ми ја всади болеста во глава. Се зачитав за болеста, како се раширила, како се заразувале луѓето, какви симптоми имале. Почнав да кобам, при секоја омалаксаност велев дека е корона. Си игравме мајтап со болеста, зборевме италијански во автобус, божем кашлавме. Викендот пред појавата на Цаца бев во кафана два-три дена по ред. Наредната недела одев со авотбус на работа, а потоа дојдоа построгите мерки. Пешки до работа, дисциплина на највисоко ниво, мерки за работа од дома, излегување само за возење точак, а викендот го поминав со работа во двор.
И тогаш, на 23 март, се разбудив во 4 часот. Испотен, со болка во главата и потреба да одам во вц. Веднаш ми се заврте во глава муабетот на еден член на форумов, кој бил позитивен. Се разбудил и осетил дека е болен. Не заспав до сабајле, а кога официјално станав, измерив 37 со 2. Јас, кој никогаш не пијам апчиња, ниту витамини, спортувам (но, не внимавам на храна), од мал не сум имал поголеми проблеми со здравјето (освен со забите :D), одеднаш станав како татко ми. Место јас да бидам оној кој ќе ги чува постарите родители со хронични болести, не им оставив простор да мислат за себе, грижејќи се за мене во овие три недели. Два-три дена чекавме температурата да падне. Изнакупивме витамини со сите можни букви, чаеви, инхалации, но курац, термометарот закован на 37 со 2. Матичната не те прима, алгоримот не дозволува да се тестираш. Почнувам да паничам, на четвртиот ден кревам 37 со 5, имам гребење во градите, шлајм кој не можам да го исплукам, доволно за да закажам тестирање. Се тестирам, а ми ветија дека резултати ќе има вечерта. Умирам, пет пати се прејавив, срцев удар ќе ме стрефеше. За прв пат мавнав дијазепам и веднаш се комирав. Доцна во ноќта го проверувам меилот и резултатот е негативен. Ден на олеснување, опуштање кое беше нарушено со веста за ненадејната смрт на 31 годишникот. Таков страв ми влеа начинот на кој умрел што веднаш ми се вратија сите симптоми. Температурата не паѓа 17 денови. Сфативме дека всушност тоа ми е нормалната температура на телото. Но, хаосот одамна е почнат. Дебилот во мене не може да одолее да не ги чита сите вести. Знам за сите како се заболеле, како починале, како се грижеле за нив... Стравот огромен, ниту една серија, ниту една работа, ниту една активност не помага за да се оттргнат мислите. Целиот згрчен, болат сите мускули, се давиш, паничиш, главата ти пука деноноќно. Час те гребе грло, час синусите те стегаат, час бубрезите, час кичмата, ти трнат рацете, те облива ладен бран. Во секој момент чекаш да те удри срцев удар. Во секој момент чекаш да го доживееш она што си го читал. Дибала се гушел во сон, излекуван пациент кажува дека чувството е како да се давиш во вода, пливач кој немал никаква хронична болест изјавува дека се гушел неколку денови, Рекбер Рушту посивел во борбата за воздух, 31 годишникот умрел откако му пукнале белите дробови...
Дали сум сив, дали имам заглавен шлајм во грло, дали очите ми светат, дали мирисам, дали имам вкус се' уште???
Три недели во избезуменост, три недели со панични напади, три недели во запознавање со стравот, фобијата од гушење. Хелоу анксиозност. Се осеќаш како да имаш 40 температура, како да телото не е твое, те издава, испушта душа. За еден час шеташ низ маало, скокаш на јаже, креваш тегови, јадеш како дупнат. Веќе во следниот момент не можеш да голтнеш. Те стегаат градите? Те чешаат или само те пецка? Шлајмот, пази да не се задавиш. Пиј течности за да отиде побрзо. Убаво ми викаат, ова ти е ново, тешко се изборуваш со стравот.
Денес сфатив дека не ме плаши само гушењето, ме плаши го кога ќе трае оваа голгота? Едноставно не можам да не прошетам навечер, да испешачам, да поспортувам, не можам да живеам без мотивација, без продуктивност. Работиме махинално од дома, гледаме серии за да помине време, но јас ги бројам минутите, чекам да заврши целиот овој циркус, но ме плаши што крајот не го гледам. И тогаш, затрперуваат сите мускули, морници те лазат.
Пред тој ден имав многу идеи за тоа како ќе го поминував времето. Книга ќе пишував, ќе гејмав, ќе работев во двор, книги ќе читав...
Пекол, емотивен ролеркостер, разочарување од самиот себеси.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Фотографија на Seno Li Smail.



Budimpesta i dole sosem desno ne se gleda od drvata e apartmanot na eks nasiot premier,ene go na djamot zirka navamu
---------------------------
ne bre dr.... Ova e nase Skopje i del od moe Evrejsko maalo,sto se cudis na volku drva,pa i onoj sto zirka tamu se cudi kaj otidoa site ovie drva.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Стана сабајле около 11 и гледам убаво време, слнце, топ. Мрзеше ме да се облачам па си искочи на тарасу гол пиштољ(по гаќе), испружи си га столче и викам ќе поседу малце да ме фати слнце. Текна ми дека имам од оној убаво за пушење спремно, без да мотам без ништо, бреј одлично, ни зуби не сам измија ама битно да почне убаво дн. И стигна негде до пола, тамн почна да се опуштам, те ти гу мајка ми улетуе у собу и урла, НОРМАЛАН ЛИ СИ БЕ ТИ ДА СЕ СУНЧАШ НА ТАРАСУ ГОЛ; ЌЕ СЕ ПРЕЛАДИШ КОРОНА ДА ТИ ЕБУ ПЛЕМЕ. Још не се освестуе дека пушу траву на тарасу и дека смрди како на лањски чарапе.
Фала ти короно, фала ти слнце, фала ти све.
:cool:
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Драга, кај мене прееска накај 12 се деси некоја сообраќајка со три коли. Откако се симнав до негде до 3 саат бев надвор. Да се искористи времето да се завршат работи кои овие два дена нема да може. Три саати коливе стоеја уште на улица. Гужва се ствара едвај проаѓаат другиве, бог да чува работава. Абе од што сме толку "паметен" народ и во вакви ситуации мораме да напрајме пиздарија. Потоа едно говедо за малце ќе мавнеше другар на пешачки. Па уште другарот на крај виновен.
Завршивме работите што требаше да се завршат. Конечно дојде и 4 саат, сите низ дома. Почна прекрасната тишина, мислам тишина од луѓето. Птиците прекрасно си пееја надвор, да ти е мерак да ги слушаш. Нема кој да ти прај гласна врева со мотор или кола. Нема кој да се дере по улица без везе. Сонцето надвор прекрасно, си уживаш во погледот на синото небо и си пиеш кафенце. Секси
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Како може бе да ставиш 48 часовен карантин а дозволуваш да работат фабрики со посебни дозволи во сабота, па и да нека корона фабриките треба да се затворени во сабота, маме ви ебам.

30, 40 жени во еден ист автобус не се опасност а казнувате човек што се задржал после 4 саат, човек што жена му се пораѓала во друг град и бил приморан да остане таму.
Племетонда ви го ебам.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.227
Прашања кои ме мачат во 6 сабајле:
Кај најдов во време на епидемија да се размножувам? Синхронизирано со вирусот. :icon_lol:
Мајка ми на времето ме проколна да сум имала деца како мене... Благослов или клетва?
Како ќе му ги објаснам на едно дете моите ставови и постапки?
Ќе ми зборува ли детето на јазик кој го разбирам површински?
Дали направив правилна одлука да донесам едно невино битие во овој проклет свет?

Сега сфаќам дека анксиозноста не исчезнала, туку земала друга форма.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Толку ми е скурчено,кога ке помине срањево јас ке бидам првиот турист од Македонија што ке пие кафе на Вила Боргезе во Казина Дел Лаго.Уопште нема да ми пречат гласните Италијанци што ке шлапаат без престан :)
IMG-bf84e4dfbef1240feb15c45a4ee5b716-V.jpg
Автоматски споено мислење:

IMG-017db6cca540e5b7b0d47b374bbdc7df-V.jpg
 
Последно уредено:

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Драга Кајгана, имам комшија кој постојано пушта музика на појачало и мнооогу се имаме карано за то. И денес јас утрово станав енергична и чистев двор, цела куќа и мојата соба. Мојата соба се граничи со неговата. Штета немам појачало ама отворив џамојте да слушни шо избор на песни имам за чистење. Утрово сум расположена за благ рок, ама да ми е здрав и жив инаетот следно метал ќе биди.

Ако случајно читаш комшии, таму под џам кај мене ќе средвам дворот клупи ќе прам. Во 6 станвам. Љубим те в око.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Драга,

ако нешто се изроди позитивно од лудилово кое секојдневно нè опкружува, тоа би било заживувањето на форумов, па така, почнаа да се отвораат и убави теми за избор на најдобрите албуми во историјата на музиката и секако, серии. Бидејќи воајерски имам ѕирнато што се случувало на подфорумите музика и филмска уметност и колку интересни дискусии се воделе на времето во нивни рамки, многу ми се прави ќеф од новонастанатата состојба тука. Има мал милион начини форумов заеднички да го направиме убаво катче за одмор и едукација, а не само да паметуваме и да се препукуваме во политичките теми и оние за коронавирусот.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Ако потрае оваа состојба уште малку 90 % од луѓево ќе пукнат психички. Ги гледам не можат веќе да седат дома се туфкаат. Ги слушам соседите како викаат по децата дека поарно им било кога оделе на училиште, оти наставниците ќе се расправале со нив. Демек живци им искинале веќе. Вака замислувам еден просечен Македонец после карантинов.


WGqQGa.gif
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.797
Во наше маало, ден на жалост треба да се прогласи денот кога на комшијана од спротива му купија сателит.
Се уби од сечење од сабајле, мислам 10 камена потроши... Знаеше дека е карантин викендов и си има купено една шипка профил и сеа сече маме ебава.... сто посто шаховски фигури прави.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
ДК,

Вчера бев на работа 15 саати и кога дојдов дома се осеќав ко умрена мачка згазната од тротинет ама оние на буткање, винтиџ шо се сеа.
По пат накај дома, вкупно 8 полициски патроли ме застанаа за проверка дали имам дозвола. Сите мавтаа со раце у темница, скоро никој немаше сигнализација за полесно да ги приметиш. Им искоментирав на едни дека ќе ги собере некој така шо скокаат пред коли ми вика шо да праиме со тоа шо имаме работиме. И ми падна така малку жал па ми дојде малку убаво шо работата јас шо ја работам барем ми ги обезбедува сите потребни ситници за да тече сè ко шо треба, за да не приправам ствари.
On the other hand, полицискиов час се покажува добар за домашните обврски. Терасата никад не ми била почиста, можам буквално да седам на неа и да јадам доле од плочките.
Дополнително, оградата конечно ќе ја префарбам. Се спремам една година ама сè до сега беше ај денес ај утре. И еве дури уживам во тишината на тераса со кафе, мора нешто да ме врати назад во реалноста каде сум и шо се дешава околу. Комшиката над мене истресе три ќебиња од терасата нејзина, па после излезе тресеше од прозорт на спалната. Сакам да кажам моментално имам доволно влакна од ретриверот нивни шо можам куче да си напраам од нив.
На сето ова почнаа понуди за работа во странство. Сите се за примамливи позиции, сите се со одлични услови. И знаеш Кеј каде паѓа целата работа? На прашањето дали ние ко македонци иаме дозвола за работа у ЕУ земји. Уште еден чек кај живеам - не мора само комшиката да ја носи таа титула.

Едино нешто ради кое чекам да заврши пандемичнава состојба у која се наоѓаме, едвај чекам на тако у нова и реновирана Пјаца да идам. Сакам да видам дали покрај сменетиот ентериер ја задржаа барем лошата услуга со полукултурните келнери.

Биди така Кеј.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Пред некој ден прашав еден стручњак за теотии на заговор,зошто на небото нема повеќе chemtrails?Ми кажа дека сега нашле поефикасен начин за да не прскаат со вируси,а то било преку 5G мрежата!Стварно ликов има одговор за сите мистерии!:cool:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.546
Драга,

На чудни патишта ме води умов во ова (не)времево коронско. Некои работи на кои нормално никогаш не би ми текнало дека се случиле или постоеле, сега ми текнуваат. Еве ја приказната од денеска:

На времето, сега веќе далечна 2003, како млад бруцош од внатрешноста дојдов да живеам во Скопје. Првиот „стан“ ми беше во студентскиот Стив Наумов во Автокоманда. И нормално, како и секаде, така и таму, бруцошите ги сместуваа во најлошите соби. И секако, јас го бев слушнал тоа, и бев подготвен да е крш. Арно ама, не бев подготвен за она што реално се случи. Имаше во тоа време во Стив (сега се срушени) едно 7-8 бараки под Ветеринарен факултет, а над Шумарски, попознати како Катанга. Катанга беше култно место! Замислете го најлоштото место што сте го виделе во животот. Е па десет пати полошо од тоа беше! Мене ме сместија во бараката број 26, последна од трите во редот, веднаш над Шумарски факултет. И сега, како доаѓале студентите, така си се снабдувале со сѐ и сешто од другите соби. Така: тие во соба 1 зеле сѐ што нашле од соба 2, 3, 4, потоа тие од 2 зеле сѐ од 3, 4, 5... Ми ја сфаќате поентата. Е сега, во една барака имаше по 10 соби. Мене ме сместија во соба број 9. :tapp: Кога појдовме со цимерот внатре, имаше останат само 1 кревет (дури и шперплочата кај што се става душекот на креветот беше дигната, па наместо нејзе наместивме врата што ја извадивме од соба бр. 10), беше останато само 1 крило на прозорците, 3 фалеа, имаше еден огомен метален шкаф какви што имаше во секоја студентска соба во Стив, ги викавме тенкови, и едно купче гомца од глувци на сред собата. Сѐ друго беше извадено. Е такво нешто не очекував, дефинитивно. Прво што си помислив, беше: па добро, кај ќе спијам јас? Ама ОК, се средивме, ја преживеавме Катанга некако таа година.

Во собата број 10 никој никогаш не се всели.

Е, во истата таа Катанга, освен што беше позната по сѐ и сешто што се случуваше: од кражби и пијаници од Автокоманда, наркомани кои се боцкаа во напуштените бараки, просјаци кои бара пари од нас што не пуштиле со стотче од дома (за цел месец) и што вода в очи немавме :LOL:, беше позната и по теглите ајвар и смрдените чорапи закачени од надворешните страни на прозорците, канчињата од кисело млеко кои ги ставаа во дупките од чучавците за ко ќе пуштиш вода по вршење голема нужда да се направи поплава и Леонардо да плови на врвот од океанот (понекогаш за да појдеме во тоалет стававме цигли во океанот и скокавме од цигла на цигла), искршените тегли од ајвар и мармалад и стаклени шишиња со вино кои кога некоја песна ги погодила в дамар студентите решиле да ги масакрираат во ходникот за викендите, па кога чистачката ќе дојдеше во понеделник, само ќе опцуеше и ќе ги оставеше срчите со остатоци од храна и вино на нив да се скислат, да мувлосаат, па миризбата во ходникот само да ја надополнува онаа од чучавците во тоалетот... Освен сето тоа, Катанга беше позната и по недостигот на лица од женски пол.

Да, токму така. И кога некогаш ќе ти дојдеше некоја колешка од факултет или другарка од средно на кафе, тогаш мистериозно сите комшии од бараката снемуваа кафе, шеќер или плинска боца во плинското, и нормално, сите, еден по еден ќе се ушуњаа во твојата соба за баш од тебе да побараат и да го видат тоа чудо! Женска! Женска во Катанга! После што правеа со себеси, не знам, може да ѝ се препуштите на имагинацијата, ако сакате. :D

Е, ама нашата барака бр. 26 во Катанга беше малку поинаква. Во собата број 6 живееше еден апсолвент, чинам од Паланка беше. Како апсолвент се нашол во Катанга, никој не знаеше да објасни. Апсолвентот таму не живееше сам, туку живееше со својата девојка. Па така, ние бевме на чекор пред сите. ИМАВМЕ ЖЕНСКА! НАША! На 26-ка од Катанга! Никој никогаш не дозна како се викаше девојката, зашто освен тоа едно срамежливо „здраво“ кога ќе се сретневме во ходник на пат кон WC или кон мијалниците, никој никогаш не кажа никаков друг збор на девојката. Бидејќи никој не знаеше како се вика, сите си ја викавме „Нашата“. Пошто наша си беше де. На бараката. Иако само по едно „здраво“ имавме со неа, сите бевме горди на неа, зашто бевме на чекор пред сите други бараки. Си имавме женска. :pos:

По Катанга, уште 5 години ги поминав како студент во Скопје. Уште 3 во Стив (но не во Катанга, јас бев последна генерација која живееше во тие бараки. Летото ги срушија и на тоа место изградија некој Yes инкубатор), и 2 во Гоце. Но Нашата веќе не ја видов. Дечко и веројатно дипломираше, можеби и она, доколку беше студентка. Може се зедоа и заминаа некаде во странство, може се уште живеат во Паланка или од каде и да беа, или едноставо се разделија и продолжија секој по својот пат. Може и веќе не се живи, да чува Господ. Ама ете, цели 17 години по тоа, мене баш денес ми текна на Нашата. Чудно е ова време карантинско. Чудно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom