Драга Кајгана (виртуелен дневник)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.347
МВР отвори посебна линија и мејл за информирање и пријавување на непочитување на мерките што ги воведе Владата за заштита од ширење на коронавирусот.
Дали ќе отворат во скоро време и посебна линија за пријавување на политичари што не почитуваат устав, право, договори и референдуми? :kafence:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.334
Кајг,
замисли поради ситуацијата сите дома, а тоа почнуваат земјотреси :facepalm: ми е страв да помислам што пак тогаш? :eek:
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
Ди Кеј , мислам дека вреди да се сподели на милион места пишаново од Писателката од Лозана на ФБ ( јавно достапно е така да мислам дека нема проблем да се копира )
Respect where respect is due !!!

Вонредна состојба во Македонија. Еден месец.
Без грижа.
Ќе објаснам...

Ја чувствувам негативната енергија насекаде, посебно низ празните улици на Скопје и затворените локали/продавници. Не дека е погрешно, туку не сум го видела такво. Со штама. Метропола не ја личи таква. И не е тоа негативната енергија од празните улици, туку од паниката на затворените луѓе. Премногу страв на едно место дури и преку затворени врати.

Драги мои, доаѓа новото време, да останеме мирни. Ќе се навикнеме и на ова, ќе помине. Треба сега повеќе од кога и да е да бидеме посвесни, попаметни, поодлучни. Ова е време кога човекот учи лекција.
Знаете кое време доаѓа? Тоа поубавото. Секогаш треба да е полошо пред да биде подобро. Не можам да замислам тогаш колкава убавина ќе биде!
Моравме да успориме. Се тркавме со времето и со луѓето. Кој каде отпатувал. Кој колку потрошил. Кој каде бил.
Сега сме сите исто. Затворени, исплашени за здравјето и иднината. Нема каде да се трошат парите. Нема повеќе слики по социјалните мрежи кој каде сме биле. Ќе чепкаме само по спомени.
Одморете. Од луксуз, фалба, алчност.
Ова ќе нè врати многу векови наназад.
Кога ретко патувале, кога многу не имале.
Само еден со друг.
Без грижа, драги мои. Знаете што ќе се случи кога ќе излеземе надвор? Поголемо почитување! Тревата ќе биде позелена, воздухот почист, реките побистри, дивите животни повесели. Ние повеќе ќе се цениме.
Затоа што не знаевме што имаме.

За жал или за среќа гледам дека и политичарите се сложни. Исплашени се. Сите. Јас сум човек што не верува во заговори, гледам луѓето колку се здрави, живи, ментално способни, среќни. Таа слика ми покажува многу повеќе.
Како уметник и писател, секогаш ја гледам уметноста во страдањето. Секогаш си велам што добро може да се извлече од ова. На Земјата и' требаше мир, а ние да видиме до каде сме со животот. Секогаш немавме време да видиме што сме направиле од нашите животи. Сега имаме и ќе излеземе многу посилни.
Драги мои, Универзумот нè подготвува за подоброто време, затоа и почна новата декада. Премногу си наштетивме и премногу на околината и' наштетивме.
Ќе помине и ова.
А, ќе испливаат од ова и ќе нè водат токму најсилните.
Без паника, драги мои.
После ова сонцето потопло ќе нè грее.
Парите се заработуваат.
Само тишината не се купува.
Останете дома.
Планетата Земја се реновира.
❤
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.268
Поени од реакции
2.016
Драга, и отворањето на повеќе теми за вирусов на форуми не е арно,се шири паника,што е недозволиво кога е во поголеми размери.
Животот не се состои само од опасноста од КОВИД-19.
Народе...
Седи дома,ама не треси глупости.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.207
Dokolku gi gledate rabotite objektivno, vo celokupen razmer, ke sfatite deka koronavirusot e problem isklucivo na covekot.
Od pogled na celosen razmer voopsto ne e biten nitu za planetava, nitu za ekosistemot, nitu za univerzumot.
Gjubreto sho go ostavame pozadi nas ima daleku postrasni posledici za ovaa planeta od eden koronavirus.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
Ова е катастрофа, да дочекаш деца да те караат и да ти претат:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:facepalm:


- немој да си мрднала од дома, да не си помислила!!!!!!!!!!!

Аијјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј:place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place:

received_530381494276114.jpeg
 
Последно уредено:

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Има и позитивни работи од Корона вирусот. На пример: Нема да ми доаѓаат на гости лицемерни луѓе и да ми се креваат цревата од нивните лицемерни муабети. Нема да има потреба да ги трпам гомната, што е еден вид благослов за мене. Оваа изолација на луѓето е нешто најдобро што постои и треба да се воведе и во нормални услови. Малку и ние да одмориме нерви од шљамот, кој како канцер се шири низ општеството. Верувајте поопасен е од Корона вирусот.

7_image.jpg
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Dear K,

Замисли како им е сега во Италија на луѓе кои се навикнати да уживаат во домашен мир, како мене. Од сабајле комшивката излегла да пее опера, ај ќе ја ислушаш некако, па комшијата со глас како Брајан Адамс решил да ги истакне своите музички квалитети што ги криел 50 години, глувци се бесат во подрум додека пее, па екс-ју имигранти ти пуштиле Цеца, или полошо, па малку групно пеење навечер, па некој со талент да тропа на тенџериња... јас да сум таму 3 дена ќе издржам пред да излезам на улица да ја барам короната, барем во болница ќе имам мир колку толку.

Да не дојде истото кај нас, скраја да е, зошто какви музички антиталенти имаме, повеќе луѓе ќе умрат од скокање низ прозор отколку од вирусот.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.226
Една недела отсутна од работа, сама дома. Стани насабајле, спреми му кафе и јадење, испрати го на работа, легни поспиј си. Стани, подзачисти, гејмај или легачи со мачката и Нетфликс, пак дремни си. На крај спремам вечера и го пречекувам со топол оброк. И он задоволен, и мене ми е хепи. Убава работа ова housewifing-ов, каков феминизам, какве пичкематерине!

Него друго ме мачи, јас како љубител на survival игрици и апокалиптични филмови, во некое овакво сценарио се замислував себеси како некој лик во бедес аутфит, со калашников на грб, отпорна на вирусот, парадирам низ празните улици, во потрага по скриената лабораторија на Антарктикот каде постои лекот и се тепам со негативните ликови(непријавените од Дебар)... А не овака трудна и беспомошна. :(
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Драга,

Природава како се раззелени, почнаа да цветаат тие ситните сини цвеќенца и да цутат овошкиве. Уште некое време ќе можеме да уживаме и во опојните мириси на багремите, јоргованите, а потоа и на липите. Се слушаат и песниве на славејчињата, чучулигите и црцорот на врапчињата. Сонце пука, времево е измислено за долги прошетки покрај Кеј, а од друга страна ја имаш оваа Корона-изолацијава која те спречува било каде да мрднеш и мора да чмаеш дома. Штета, драга, осеќам крајна немоќ и депресија од ситуацијава.

Остани ми поздравена и жолта ко дрен, се читаме во некои поубави и попозитивни времиња!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Драга,

Ми смета паниката општо во животот. Едно е да си свесен, да си запознаен со ситуацијата, а друго е нонстоп тоа да го збориш, па што ќе било, па како ќе било. Од тоа најмногу ми е скурчен вирусов, општата паника и целосното окупирање на сите социјални мрежи со него. Па и од сите совети што да правиш по дома. Дури и смеа ме фаќа, се прашувам што ли прават луѓето по дома ако треба некоја глупа тн инфлуерсерка која и онака нема работа во животот да ти напише листа со обврски. Па и тоа целосното реинвентирање на себеси, бла, бла, ако седам дома тоа не значи дека не треба да завршам куп работа, а да не збориме дека има луѓе кои одат исто на работа, па и оние со прекувремено моментално. Тоа мочаниот хаштаг седи дома одговара за нас привилегираните во случајот. Така да, не се занесувајте многу.

Од друга страна, слушајќи ги двете комшики со децата и целокупното крескање што се слуша скоро преку цел ден, никогаш не ми било помило во животов што немам деца.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
ДК,
упатства и правилници за вработените во МК фирми се кратки и концизни: достапни на мобилеи и mail и по потреба доаѓање во фирма.
Известувањата на дел од странските фирми вклучуваат и цела низа на линкови со идеи и препораки што да правите кога сте дома: бесплатни курсеви за странски јазици, инструменти, филмови со превод на класици, курс за дизајн и археологија?!?!
Е тоа ми фали кај нас, да не смета за битие не само работник-извршител.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Кеј,
Среќа пресовите ги држи Венко, па малко смирува со појавата и гласот. Замисли да беше Пендаровски, како Вучиќ во Србија, па со тие тикови ко ќе ме спукаше анксиозност до небо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom