Колку ми е интересно кога некој се прај глуп со сила, ама онака ептен глуп со сила, да не речам глупо-глуп со сила. Пред некое време ми бара пари да му дадам, а јас одбивам, знам дека ќе ги потроши за коцкање. Ѓубрето ми украде 8k, искористил шанса кога не сум бил дома. Отишол направил со нив што направил. Пред нова година му ги барам, веќе ми доаѓа преку глава. Ми вели као демек немал, ова она, бла бла бла муабет. После нова година ќе ми ги дал. Ок, ајде се согласив.Демек сега имал дете итн итн. Ама у меѓувреме опет се коцка. Значи не мисли на детето кога оди да се коцка, ама наводно мисли кога треба да ми ги врати парите што ми ги украл. И ај што уште се коцка него и ме прај будала (сега доаѓа делот со праењето глуп со сила). Ми вели ми ги зел парите зашто јас не сум сакал да му дадам пари (кои он ќе ги потроши на коцкање). Па мои пари се бе коњу еден, јас сум ги заработувал. На кого сакам ќе дадам. Ако сакам ќе ги искинам, ако сакам ќе ги запалам, со мои пари ќе правам што сакам.