Драга, не можев веќе да додржам а да не пишам.
Ми се скурчи веќе од лавини на коментари за вирусот, 24/7 само за тоа се зборува, мнозинството усрани до глава си набавиле тоалет хартија за да го дочекаат крајот на светот со избришан газ. Газот го ставивме пред образот.
Порнхаб си отиде чекор напред во уништувањето на мозоците и изместувањето на вредностите и си тура своја прогресија во работата и става дотур на свое влијание во кревкиот мозок на денешниот човек.
FIGHT THE NEW DRUG.
Социјални мрежи веќе и да не ми се спомнуваат, камоли да ми се отвараат, ова се отиде во неповрат. Фејсбукот ако се отвори ќе прочиташ милион квази измислени информации од секој втор човек што се прави експерт-новинар во државата. Инстаграмот е место на зголемување его и стана натпревар за реклами на спонзоруши и ценовник на проститутки. Стварно оптеретен explore имав со силикони и ботокс и филтери и искривена кичма за да дојде до израз робата на продажба.
Се е одамна отидено у курац. Ова вирусот дојде како кулминација.
Да се распеднеме како држава во моментот мислам повеќе корист ќе има општеството и самите ние отколку да глумиме држава. Не ја бива веќе оваа „бајка“.