Веќе клише станаа постови за загадувањето, ама стварно е too much. 5 минути испаднав надвор да земам нешто за јадење, грлото ми се исуши, градите почнаа да ме стегаат ти ебам тоа гнасното. Наместо да отвараме прозорци да се влезе чист воздух, ние треба да ги отвараме прозорците за од дома надвор да се излуфтира, па ако може и да подишиме. Ама џабе скокаме по интернет кога надлежните кур ги боли за ситуацијата. Еве ги и новите се наместија во фотељите и сега ич не им чуе. Нели живот во Скопје? Кој живот кога содржината на воздухот е полоша со онаа на Марс. Преваранти...
Ама за ваков народ како нас па може и заслужено е. Уште не ми се верува колку сме алчни како нација, посебно за некои настани како Нова Година или Суперкупот шо беше. Стварно не се нормални со цените, од 1500 па нагоре се движат влезниците по клубовите и тоа некаде само за влез е толку, а башка пиење и не дај боже па и гардероба да ти треба, оти нели со стара кошула не се оди, шо ќе речат комшиите кога ќе ја видат сликата на фејсбук. Тешки снобови сме за вакви работи, во други држави луѓето се многу понормални при вакви настани. Па еден викенд во хотел на Пелистер или Шапка чини поскапо од одење надвор од државата. И после се чудиме зошто сите оделе во Банско, а нашите ски центри не биле толку посетени. Е затоа. Aма кој ве ебе и да имав пари не можев да резервирам никаде оти на ФИНКИ до вчера немаше распоред за колоквиумска, а во правилата на УКИМ стои дека треба да имаме еден месец унапред. Или може да си резервираш од 29ти, па да те стават да полагаш тогаш, на своја одговорност си. И нив се` по список. Доста е толку, ми фалеше да си ја исфрлам нервозата некаде.
Поздрав.