Жалам што ќе го кажам ова, бидејќи и јас до скоро возев велосипед и го користев како превозно средство, но денешниве велосипедисти станале најпримитивни и најсељачки суштества. Се однесуваат како само за нив да е се, и како они да имаат секаде предност. На Партизанска во случај ако чекаш автобус и мора да си застанат на патеката ебана нивна за точаци, они ќе свират, ќе те пцујат и ќе ти викаат како немаш култура. А во повеќе наврати во текот на денот особено кога им завршуваат часови на ученици или пак е шпиц термин, на станиците има и по 50+ луѓе, што е невозможно сите да ги собере во тоа пределот за постојка со настрешница и што треба човек да прави пошто ете градот така направил. Да земаат луѓето да скокаат еден преку друг кога поминува точак или да чекаат автобус во влезовите на околните згради само за да не се на нивната патека за точаци, или да идат на булеварот само за да има да поминат велосипедите, за они да не свират и да не те пцујат пошто нели ти си крив требало да леташ, треба да чекаш на станицата кај што нема гужва за да не си на патеката за точаци... А истите тие велосипедисти што ти свиреле ги гледаш следниот ден сега на патеката за пешаци нели на внатрешната страна на Партизанска што е, и секако... повторно ти свират нив им е тесно мора да поминат, ти свират и да имаат место и да немаат за да поминат. И повторно те пцујат, само овојпат во пцовката не додаваат “ова е велосипедска патека, таа е за пешаци“, секако нели
... Да не кажам што на Водно неконтролирано се спуштаат на удолница и што летаат и може било што да соберат ако им искочи нешто на патот, во делови каде што поминуваат пешаци. Ти ако не внимаваш не дај боже, те собира и последиците се повеќе од сериозни и за двете страни. А 2% дали има што се симнуваат со разумна брзина, со кочење и контролирано возење. Да и на крај за шлаг на тортата ќе ти доаѓа некој ќе те снима како си трчал на патеката нивна за велосипедисти, според нив ти треба да трчаш по тоа нивите на кеј со дупки од кои секој може да се повреди и треви што до пред да ги искосат (мината недела) беа и повеќе од метро високо... Секоја чест за 10% од возачите на велосипед кои се разумни и имаат разбирање за тоа каква е инфраструктурата и какви се можностите на велосипедистите, пешаците, луѓето што трчаат и слично, а овие што пцујат со пцовки што не сакам да ги цитирам и кога се во право и кога не се, браво кажувате сељаци биле без култура луѓето што ви стоеле на патеката, а вашата култура е на завидно ниво, свири, пцуј, заканувај се, така сите ние ќе полетаме за вие да си шибате