Кајги,
Кога го читам Џимеј, откривањето нови видици и зеењето во нови хоризонти добива нова димензија. Мислам дека можеби е единствен што само на негов сосема скромен начин може да пронајде начин да во иста реченица ја спои и тагата и среќата. Да ја почне реченицата со осаменоста на момчето кое го сретнало во ниедно време и да ја заврши со нејзината коса во неговата уста и здомувањето покрај неа. И тоа сето, така споено, да има смисла.
Го читам и си велам, шо ум има чоеков шо пишува вака? И ми текнува дека не ти треба ум за да те бидува за пишување, се што чувствуваш да знаеш да го претвориш во зборови. Колку само глупо звучи. Па сите чувствуваме работи забегана една.
Некои од нив намерно ги избегнувам, оние кои прават да се сакам помалку. Тој одбира да пишува за се.
Кој знае како им е во главата на тие луѓе, си размислувам.. Кога дури и едно обично држење на рефлектор им се претвора во приказна. Колку ли им е возбудлив животот или и тие, како и нас, недржачите на рефлектори над Канео во ниедно време, се во постојана потрага на она што многу ретко луѓе го пронаоѓаат - себеси.
И секогаш, секогаш сум сакала да ги запознаам луѓето за кои пишува. Не знам дали луѓето се толку посебни што лесно го инспирираат да везе зборови или тој е толку посебен што во приказната која лежи во секој од нас успева да најде начин да ја раскаже. Сите да разберат, не само привилегираните. И секогаш ме тера да размислувам за животот. Исто како момчето него што му ги поматило мислите. За љубовта исто така. Дел затоа што дури и кога пишува за убавата страна на љубовта, виси нешто во воздухот, премолчено. Дел затоа што никогаш нема да дознаам дали некој за мене пишувал така. Иако јас секогаш сум трошела листови на многу погрешни и единствениот правилен избор и никогаш не зажалив за тоа.
Бидувањето традиционален и умешноста да во будалсково време, успееш љубовта да ја искажеш преку зборови и тоа преку прекрасните негови, не преку емотикони, стикери, курци, палци, секогаш ќе ме стопува.
Џими, каде дури и спортлајф е уметност.