ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Токму така.Интересно е, се субвенционира производството на тутунот, а од друга страна се забранува пушењето. Едно од овие две нешта не ми иде никако. Според второто, со првото се прави ист криминал како со дрогата. А и како што рече Принц, после десетици години кој од новите генерации на деца ќе поверува за Ленка ?
Затоа и ваквите закони ми личат на лицемерие.Као, ќе одгледуваме легално хероин, ќе го преработуваме и продаваме, ама немој, не го користи лош е за тебе.
Кога државата/власта/олигарсите/криминалците не би профитирале од тутнската индустрија, би поверувала дека навистина се борат против истата.
Вака е само шминка.
Како и да е, јас три месеци не се дружам со цигарите, па со законов ќе ми биде уште полесно да не се здружиме пак.
И дефинитивно станувањето пушач е една од поглупите одлуки кои може да ги донесе човек.
Но, велам, ваквите мерки не се борба против пушењето.
Всушност, делот со поскапувањето ми е и симптоматичен, односно ми личи на профитирање (т.е затоа што клиентелата ти е де факто зависна, знаеш дека и покрај зголемената цена, сеуште ќе ти биде потрошувач).