Дали би го испушиле...

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Веројатно мнозинството плука по овој закон со оглед на тоа што се пушачи, но јас со оглед на тоа дека не поднесувам цигари сум и тоа како ЗА да се почитува законот.

Да се прашував јас уште одамна ќе забранев пушење по дискотеките, не се дише внатре од чад, уште и ќе те изгори некој што се размафтал со цигара. Во кафулиња не ми пречи толку ако веќе си седнат на маса, ама во дискотека смрт.

Колку ќе се почитува сум скептик ама со оглед на тоа дека во задно време полицијава е во офанзива и казнува кај стигне, веројатно ќе размислат газдиве дали им се исплати да ги зашијат со казни.
 

ace_boy

BADBOY
Член од
28 ноември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
...вашето последно цигаре, во пресрет на новиот закон кој ќе стартува на 01.01.2010? Верувам дека сега построго ќе биде практицирана забраната за пушење по кафулиња, диска, кафеани. Просто, ќе може да се пуши дома, во кола и на улица (веројатно до некоја канта за ѓубре).

Планирате да ги баталите пустинските тутуни, жлти отрови, или балканската ќе се тера? Што мислите?
Jas ne pusam ama i da bev pusac bi go pocituval zakonot zasto zakonot e staven da se pocituva zatoa sto cigarite se stetni za zdravjeto ja imam gledano moi vrsnici koi pusat cigari i nemaat energija a jas sum sportist(treniram fudbal) i energija mi e potrebna a i nikogas ne bi propusil! Cigarite ne samo sto pridonesuvaat da nemas energija tolku toa e najmal problem tuku so praime so onie teski bolesti kako na primer rak,srcevi zaboluvanja i sto ne imase na televizija a i na opakovkata od cigarite pisuva ja i pred toa znaev deka cigarite se stetni ali neznaev deka site tie bolesti gi predizvikuva..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Егоистички нели? Зголемување на вашето задоволство, на сметка на задоволството на пушачите.
Не ми пречат цигарите како непушач затоа и пепељари имам дома ако сме куќа не непушачи, и сум добар домаќин па не правам проблеми за цигарите, ама не ме ни погаѓа законот искрено :toe:.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Па у дискотека не сум видел човек со кола да вози па издувните гасови да не гушат. Па ни логорски оган се пали.
Хех, ако проблемот е само за затворени простории, дискотеки, тогаш добро. Што прајме со фабрикиве кои се најголеми загадувачи на воздухот?
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Се што е забрането е послатко! Имајте на ум :back:

BTW: Законов падна во Германија па за кај нас......свако чудо за три дана!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Хех, ако проблемот е само за затворени простории, дискотеки, тогаш добро. Што прајме со фабрикиве кои се најголеми загадувачи на воздухот?
За тоа си има закон. Само не се почитува.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Абе Македонија... лепота е. Све се знае, само тоа што треба, никој не знае. Штосот е уствари што...

...Од 1 јануари стапува во сила Законот за заштита од пушењето, според кој се забранува пушење во одредени јавни простории, рекламирање на цигари, а се уредува и заштитата од штетните дејства на пушењето тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувувањето на здрава животна средина.

Согласно Законот, јавни простории се објекти за воспитно образовна дејност, здравствени објекти и социјални установи, отворени и затворени простории во кој се одржуваат спортски натпревари и културни манифестации, собири и приредби, јавен превоз на патници, објекти во кои се произведува, служи, продава или конзумира храна како и други простории како сали, канцеларии, чекални и ходници.
Вторите два пасуси зајмени од тука

Во превод, кафичи, дискотеки, барови, пабови, биртии кај шо нема ќебапчиња и се пушта турбофолк а се регистрирани као пивници, пивници, и све остало шо иде со алкохол... фрај. Рајот на турците... само без девиците, дефинитвно.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Па да профункционира ова во дискотеките ми се чини најуба вечер ќе ми биди во живото. Толку многу значи ми смета екцесивен чад шо можи и цела вечер да ми расипи.

Иначе ќе ми недостига цигарче со кафе, ама во секој случај прифаќам компромис.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Баш ми е гајле,и онака не им искачам по кафани,сеа и дискотеките ги усраа сите,срање до срање,на турбо фолк не ми се пие,уште помалце па ми се пуши,Ај џст донт кер!Viva la cigarettes!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пиииииииии а што убава идеја за кафич имав заебан закон :nesum:.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.599
Поени од реакции
13.297
Откажани скоро 3 месеци, и галје ми е лалалала! :pipi:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
оф леле глупости.мразам кога некој ми кажува и наредува што да правам.мене од дома моите не ми ги скратиле цигарите ќе ми ги скратува некојси закон! по другите земји дрогата ја легализираат,а тука е прекршок цигар да запалиш.:devil2:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
А да донесат некој закон во една минута секој човек да може да зема воздух само 3-4 пати :toe:
 
P

Princ

Гостин
За тоа ли бе Серпико Ленка остави кошула тенка, ленена, кошула тенка ленена, на разбој недовезена?
Нема шанса.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Интересно е, се субвенционира производството на тутунот, а од друга страна се забранува пушењето. Едно од овие две нешта не ми иде никако. Според второто, со првото се прави ист криминал како со дрогата. А и како што рече Принц, после десетици години кој од новите генерации на деца ќе поверува за Ленка :)?

Инаку јас сум непушач, за да не настане забуна дека ги бранам пушачите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom