Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.406
Некој лаже тука.После 5 години пушење, чист сум веќе 3 дена. Знам дека не е некој успех, но не би пушел никогаш повторно, барем јас сум сигурен.Главна причина што престанав не беа казните туку следнава листа на болести кои ги причинуваат цигарите:
Заболувања и рак на белите дробови,
Бронхитис,
Хронични пулмонарни заболувања,
Заболувања на вените и артериите
Заболувања и рак на ректалниот дел
Заболувања и рак на црниот дроб,
Заболувања и рак на простатата,
Еректилна дисфункција кај мажите,
Заболувања и рак на желудникот
Заболувања и рак на мочниот меур,
Заболувања и рак на абдоминалниот дел,
Акутна леукемија,
Катаракти,
Заболувања и рак на бубрезите,
Заболувања и рак на панкреасот,
Периодинтитис,
Пневмониа,
Дијабетес,
Срвец удар,
Мозочен удар,
итн...
итн...
итн...
Цигарите содржат околку 200 токсични материи и 60 канцерогени супстанции.
Јас се откажав, можете и вие. Можете сите. За ваше добро е. За да еден ден не ви биде жал. А за коментарите погоре од типот - "Неможам да замислам да пијам кафе или пиво без цигара" - неможев ни јас, но неможам ни да се замислам да умрам од најболната смрт во светот - ракот. Пушачите умираат 13 до 15 години помлади во однос на нормалните луѓе и имаат 20 пати поголеми шанси да заболат од канцер или од мозочен удар отколку нормалниот човек. А и плус тоа гнасно изгледав и гнасно мирисав претходно кога пушев. Нема никаква корист од цигарите. Единствено си го намалуваш квалитетот на животот се дури ракот или некое друго заболување предизвикано од нив не те стигне.Знам дека фаталистички ми е постов, но јас така се откажав. Дури откако се преплашив, кога доктор ми ги кажа фактите и ризикот на кој сум се ставил самиот себе си. Верувајте за ваше добро е.
Еве јас пола век не сум запалил цигара,+ тука не го ставам детството,
поточно цел живот до сега не сум запалил цигара,и нема сила што ќе ме натера да запалам цигара,ама ги имам над 50% од наброените болести во своето тело и тоа со стручна лекарска тапија и разно-разни снимки.