- Член од
- 26 јули 2013
- Мислења
- 287
- Поени од реакции
- 180
Реакции од САД: Софија ја извртува историјата на бугарските Евреи
Обидот на Бугарија да издејствува висока американска почест за спасувањето на еврејската заедница во Втората светска војна, наиде на протест од страна на Музејот на Холокаустот во Вашингтон
Бугарија покрена иницијатива која во овој момент се разгледува во Советот на градот Вашингтон, мал плоштад во американскиот главен град да биде именувана по Димитар Пешев, министерот за правда во време на Втората светска војна, кој се смета за заслужен што бугарските власти се откажале од депортирањето на околу 50.000 бугарски Евреи во германските логори на смртта.
Но, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Музејот на Холокаустот укажува на депортирањето на околу 11.000 Евреи од териториите кои биле окупирани од страна на Бугарија, со што почеста за Пешев се доведува во прашање.
Спорот од вчера е отворен од страна на агенцијата Асошиејтед прес, а во него се вклучи и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, кој неодамна го посети Вашингтон и беше почесен гостин на 100-годишнината на Американската лига против клеветите (АДЛ), најстарото здружение кое се бори против гонењето на еврејската заедница.
- Бугарите во исто време беа херојски спасители, но и сурови прогонувачи и брутални убијци, изјави Мајкл Беренбаум, професор по еврејски студии на Американскиот еврејски универзитет во Лос Анџелес.
Неговиот повик е на линија на барањето на Музејот на Холокаустот, од каде со писмо побарале да бидат разгледани сите страни од односот на тогашна Бугарија кон еврејската заедница, пред да се донесе одлука плоштадот пред амбасадата на Бугарија во центарот на Вашингтон, да го носи името на Пешев.
Во текстот на Асошиејтед прес се укажува дека, покрај тоа што ја информирал јавноста за тоа што им се подготвува на Евреите и обезбедил поддршка да се спречи тој план, Пешев бил и водач на партија која предложила дополнителни даноци за Евреите, а во Бугарија Евреите за време на војната биле принудени да носат давидови ѕвезди на рацете и биле принудувани на тешки работни задачи.
Претседателот Плевнелиев, во своето обраќање пред АДЛ ја истакна „храбрата одлука“ на бугарските власти да го одбијат барањето на хитлерова Германија да ја предаде големата еврејска заедница. Во своето обраќање, Плевнелиев се осврна и на судбината на Евреите од деловите на Македонија, Србија и Грција кои биле под бугарска окупација, при што изрази жалење.
- Во Втората светска војна Бугарија стори нешто што ниту една друга нација во Европа не можеше да го стори – успеа да го спаси целото свое еврејско население, од безмалку 50.000 луѓе. За жал, Бугарија беше во ситуација во кој не можеше да го направи истото и за Евреите од северна Грција и од деловите на Југославија, кои не беа бугарски граѓани. Длабоко жалам за загубата на нивните животи, како и за сите жртви на Холокаустот, кои секогаш ќе ги паметиме, изјави Плевнелиев на собирот на АДЛ во Вашингтон.
Во текстот на Асошиејтед прес се посочува дека бугарската војска во окупираните територии активно ги депортирала Евреите во Германија.
- Овој бездушен и измамнички обид да се изврти историјата на бугарските Евреи е навредлива за жртвите на Холокаустот и го нарушува угледот на Бугарија, за која до неодамна се сметаше дека е земја која правилно им пристапува на мрачните сенки од нејзиното минато, пишува во писмото на Раду Јоанид, од Музејот на Холокаустот во Вашингтон, упатено до Бугарската амбасада.
Јоанид особено реагира поради обидите на Бугарија да се претстави како земја која во Втората светска војна била окупирана од нацистите, а не како нивен сојузник во најголем дел од војната, и секако, поради ставот на Бугарија кон депортирањето на македонските и грчките Евреи. Ставот на Бугарија кон ова прашање е наведен како “изразување на жалење, но не и одговорност” за судбината на овие еврејски заедници.
Бугарските власти изминативе години остро реагираа против снимањето на македонскиот филм „Трето полувреме“, во кој се дава приказ на протерувањето на Евреите од Македонија.
--- надополнето: 8 септември 2013 во 19:04 ---
--- надополнето: 8 септември 2013 во 19:08 ---
Договор помеѓу бугарија и германија за депортација на евреите .
Роза Камхи Русо (87), една од ретките прижевани Евреи, се присетува кога од депортацијата се спасила криејќи се во визбата на дуќанот на Ѓоко Тапанџиев
Во визбичето живеевме многу мизерно.Таму спиевме, таму вршевме нужда. Озгора минуваа агенти,зашто во близина беше полициската станица. Ги слушавме како зачудено се прашуваат зошто тука нешто смрди. Ние сите работи долу ги вршевме зашто не смеевме да излеземе.Со овие зборови Роза Камхи Русо (87), една од ретките преживеани Евреи од Битола, ја раскажува голготата што ја минала за да спаси жива глава за време на депортацијата на 11 март 1943 година.
Имала само 21 година. Била член на Комунистичката партија, но спас не нашла во партизанските редови зашто поради провалите врските биле ослабени. Во Битола на прсти се броеле куќите што дома примале Евреи зашто тоа било многу опасно. Освен битолчанецот Боро Алтипармак, кој подоцна беше прогласен за праведник од Израел, имало уште два-тројца похрабри битолчани. Таа кобна ноќ кога од домовите биле измолкнати сите битолски Евреи, Роза со уште неколку другарки се скрила во визбата на еден дуќан во чаршијата.
- Тој ден Ѓоко Тапанџиев не' однесе во дуќанот на татко си, кој беше столарска-коларско работилница на сред Коларски пазар. На полноќ слушнавме дека го опколуваат целиот кварт. Прво тропнаа на врата токму кај што бевме скриени ние. Некој рече: „Немојте таму, тоа не е куќа, тоа е дуќан“. Целото мало околу дуќанот беше еврејско. Слушавме како од порта до порта тропаат, како ги вадат Евреите, луѓе познати, оние со кои соработувавме, живеевме - се присетува Камхи Русо на болните спомени.
По еден месец криење низ битолските дуќани се обиделе да се префрлат во партизани. Но, била фатена од полицијата и затворена. Имала среќа да не биде депортирана во логор, но ја мачеле за да ги открие партизаните. Во затвор одлежала 21 месец, а потоа дошло ослободувањето. Денес живее во Скопје. Таа и уште неколку македонски Евреи што денес живеат во Израел, по повод 66-годишната од депортацијата вчера присуствуваа на комеморацијата во Битола, а чествување се одржа и во Штип и во Скопје.
- Од Битола беа депортирани 3.200 битолски Евреи. Беа собрани на железничната станица, па транспортирани во собирниот центар во Монополот во Скопје, а по седум дена беа депортирани во озлогласените нацистички логори во Треблинка 1 и 2. По ослободувањето имаше неколку еврејски фамилии во Битола, но се иселија во Израел. Денес тука има само еден жив Моис Сариевски - изјави Димче Миновски од Македонско-еврејското друштво за пријателство.
На комеморацијата беше прочитано писмото на Пајо Авировиќ од македонската амбасада во Израел. Според текстот, Битола е дел од колективното сеќавање на израелскиот народ што се потврдува и со синагогата Јигил Јаков, изградена во близина на најпознатиот пазар во Ерусалим, а која сите ја нарекуваат Битолска зашто ја граделе доселеници од Битола.
Депортирани 98 отсто од македонските Евреи
По наредба на бугарската влада, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на бугарските и германските власти, уапсени биле 7.148 Евреи или 98 отсто од вкупната еврејска популација во Македонија во 1943 година.
Жанета Здравковска