Ченто, Чублинка наместо Треблинка сте го напишале вие. Види си го линкот.
Тоа ли е твојот "аргумент" на темава..?
Тоа што некој заради начинот на изговор на "Треблинка" на англиски во изјавата на Рахамин Мизрахи го транскрибирал како "Чублинка" на сајтот, тоа ли е "аргументот" со кој Бугарите се спасуваат од одговорноста за македонските Евреи..?
И кои сме тоа "ние"..?!?
Инсинуираш дека јас или некоја група од Кајгана дека го постирала тоа..?
Ти ли беше што на темава не сакаше да се генерализира..?
Припази добро што шкрабаш тука, зашто после пак ќе плачеш и цимолиш...
Со оваа глупост само потврди дека не си разбрал ни збор од видеото во кое директниот потомок на еден од ретките македонски Евреи што успеаа да се спасат од бугарските собирања и депортации во сигурна смрт, на англиски јазик објаснува основни работи.
Имате ли барем еден меѓу вас што разбира основен англиски јазик?
Или сите сте неписмени бугарски тролови?
Ова избегна да го коментираш зашто исто така не го разбираш ли?
ЛУДОГОРЕЦ напиша:
Каков автогол, не ми се верува...
Ти дали разбираш англиски јазик?!?
...јаготката на тортава што е директно по темава доаѓа некаде околу 8:05 мин.
Bar-Zohar: "The Bulgarians delivered the Jews from Thrace and Macedonia to the Nazis,
Ајде еве бидејќи утврдивме дека немаш поим од англиски јазик, еве ти превод на ова:
Бар-Жохар: "Бугарите им ги испорачаа Евреите од Тракија и Македонија на Нацистите
Сега разбра што си постирал?
Епа голема благодарност за видеово!
После ова, мислам дека можеби е редно да ја затвориме темава, зашто си легнавте на брашното.
Еве ти нов линк на којшто има и текст покрај видеото на анлиски јазик, кое како и другиов твој сонародник е очигледно дека НЕ ГО РАЗБИРАШ.
"сабота, март 16, 2013 Скопје
70 години од погромот на македонските Евреи
На 11 Март 1943 година бугарските фашисти депортираа над 7.000 Евреи од Скопје, Битола и Штип во концентрациониот логор Треблинка со што беа убиени околу 98 проценти од македонските Евреи.
Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје на 10 март 2010 година.
Над 7.000 лица од Скопје Битола и Штип биле депортирани во концентрациониот логор во Треблинка, со што на 11 Март 1943 година бугарските фашисти речиси го уништија петвековниот просперитетен живот на еврејската заедница на овие простори. По повод сеќавањето на холокаустот на македонските Евреи, Еврејската заедница во земјава организира комеморативен концерт во домот на Армијата.
Пред седумдесет години беа депортирани 98 проценти од еврејското население во Македонија, вели заменик претседателот на Управниот одбор на заедницата Рахамин Мизрахи.
„Покрај тоа што изгубивме 98 отсто од македонските Евреи, настанот претставува најголем процент на депортирани лица било каде во светот. За среќа на светот, но за наша несреќа, ова никогаш не се повтори каде било во Европа. На овој ден – 11 март 1943 година, 7.144 души од три македонски града беа депортирани во Треблинка. Тоа во основа стави крај на петвековниот просперитетен живот на Евреите во регионот.“
Еврејската заедница ги населила просториве во третиот век, но најголемиот број припадници на еврејската заедница дошле на Балканот по протерувањето од Шпанија во 1492 година по тамошната инквизиција.
Еврејската заедница денес е само остаток од тоа што своевремено беше напредна заедница, вели Мизрахи.
„Има само 250 припадници или 54 семејства кои се обидуваат да остварат древна цел: задржување на традицијата и религијата и зачувување на тоа што преостанало од историјата и начинот на живот. Еврејската, заедно со останатите религиски заедници во земјава, проповеда толеранција, еднаквост и се залага во борбата против поделбите на било која основа.“
Освен во Скопје, еврејската заедница организира и комеморативни активности во Штип и Битола. Предвидени се промоција на книга, полагање цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Штип и пред спомен обележјето на паднатите борци во Битола."
ИЗВОР
Сега разбра ли..?
Kasnakoski напиша:
Ете една слика од 7 март 1943 г.
"Инфото" под сликава е призвод на оваа "красива" блгарска дирекција:
За нејзината "дејност" САМИТЕ Бугари си имаат напишано вакви работи:
За жал кажаново овде до ден денеска важи за 99.9% од Бугарите на Кајгана и на другите македонски форуми.
Kasnakoski напиша:
Тука има едни сеќавања на македонски Евреин
Во своите сеќавања Пепо Моше Алалуф, секретар на скопската еврејска општина во 1943 г. раскажал за еден од од оние бугарски администратори во Македонија, кои спасиле Евреи. Тоа е Бугаринот Јордан Жељасков од Плевен, испратен за секретар на општината во Скопје како член на булгарската администрација.
П. Алалуф сведочи: „На 8 март 1943 г. во мојата канцеларија дојде Жељасков, тогаш секретар на градската општина, и ми кажа дека јас и председателот на еврејската општина во Скопје Аджисто Ароести ќе бидеме апшени зошто сме знаеле дека ќе бидеме собрани во логор, а треба да се спречи бегството на другите Евреи… Тогаш Жељасков ми рече: „Бегајте, оти деновиве сите Евреи ќе ги соберат во логор”. Истата вечер ние го соопштивме тоа на некои наши другари, а ние побегнавме во Албанија”.
Каде е тоа "тука"..?
Камо наведен извор за ова?
И како тебе те радува ова?
И кај Германците имало слични случаи, арно ама тоа не ја намалува одговорноста, ниту па се јавил некој нормален Германец да го негира очигледното и непобитното за тоа чија е одговорноста за убиените Евреи.
Kasnakoski напиша:
Pobarav koi se pravednicite od Bugarija /20/ i od Makedonija/10/
Ete gi listite
Samo za informacija.
Аууу, демек ние тебе те чекавме овде за листите ли?
"Само за информација" уште пред цела година и последователно во повеќе постови на темава ги имам покажано:
#191
#207
#256
Со ова само покажа дека ти немаш поим за темава, ниту па си видел што има предходно постирано на неа, и целта како и во 99% од постовите на Кајгана ти се спамирање или бесцелно тролање.
Обиди се уште еднаш без потреба да спамираш на темава и ќе одлеташ од неа.