Бугарија призна вина за македонските Евреи

Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Реакции од САД: Софија ја извртува историјата на бугарските Евреи
Обидот на Бугарија да издејствува висока американска почест за спасувањето на еврејската заедница во Втората светска војна, наиде на протест од страна на Музејот на Холокаустот во Вашингтон


Бугарија покрена иницијатива која во овој момент се разгледува во Советот на градот Вашингтон, мал плоштад во американскиот главен град да биде именувана по Димитар Пешев, министерот за правда во време на Втората светска војна, кој се смета за заслужен што бугарските власти се откажале од депортирањето на околу 50.000 бугарски Евреи во германските логори на смртта.
Но, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Музејот на Холокаустот укажува на депортирањето на околу 11.000 Евреи од териториите кои биле окупирани од страна на Бугарија, со што почеста за Пешев се доведува во прашање.
Спорот од вчера е отворен од страна на агенцијата Асошиејтед прес, а во него се вклучи и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, кој неодамна го посети Вашингтон и беше почесен гостин на 100-годишнината на Американската лига против клеветите (АДЛ), најстарото здружение кое се бори против гонењето на еврејската заедница.
- Бугарите во исто време беа херојски спасители, но и сурови прогонувачи и брутални убијци, изјави Мајкл Беренбаум, професор по еврејски студии на Американскиот еврејски универзитет во Лос Анџелес.
Неговиот повик е на линија на барањето на Музејот на Холокаустот, од каде со писмо побарале да бидат разгледани сите страни од односот на тогашна Бугарија кон еврејската заедница, пред да се донесе одлука плоштадот пред амбасадата на Бугарија во центарот на Вашингтон, да го носи името на Пешев.
Во текстот на Асошиејтед прес се укажува дека, покрај тоа што ја информирал јавноста за тоа што им се подготвува на Евреите и обезбедил поддршка да се спречи тој план, Пешев бил и водач на партија која предложила дополнителни даноци за Евреите, а во Бугарија Евреите за време на војната биле принудени да носат давидови ѕвезди на рацете и биле принудувани на тешки работни задачи.
Претседателот Плевнелиев, во своето обраќање пред АДЛ ја истакна „храбрата одлука“ на бугарските власти да го одбијат барањето на хитлерова Германија да ја предаде големата еврејска заедница. Во своето обраќање, Плевнелиев се осврна и на судбината на Евреите од деловите на Македонија, Србија и Грција кои биле под бугарска окупација, при што изрази жалење.
- Во Втората светска војна Бугарија стори нешто што ниту една друга нација во Европа не можеше да го стори – успеа да го спаси целото свое еврејско население, од безмалку 50.000 луѓе. За жал, Бугарија беше во ситуација во кој не можеше да го направи истото и за Евреите од северна Грција и од деловите на Југославија, кои не беа бугарски граѓани. Длабоко жалам за загубата на нивните животи, како и за сите жртви на Холокаустот, кои секогаш ќе ги паметиме, изјави Плевнелиев на собирот на АДЛ во Вашингтон.
Во текстот на Асошиејтед прес се посочува дека бугарската војска во окупираните територии активно ги депортирала Евреите во Германија.
- Овој бездушен и измамнички обид да се изврти историјата на бугарските Евреи е навредлива за жртвите на Холокаустот и го нарушува угледот на Бугарија, за која до неодамна се сметаше дека е земја која правилно им пристапува на мрачните сенки од нејзиното минато, пишува во писмото на Раду Јоанид, од Музејот на Холокаустот во Вашингтон, упатено до Бугарската амбасада.
Јоанид особено реагира поради обидите на Бугарија да се претстави како земја која во Втората светска војна била окупирана од нацистите, а не како нивен сојузник во најголем дел од војната, и секако, поради ставот на Бугарија кон депортирањето на македонските и грчките Евреи. Ставот на Бугарија кон ова прашање е наведен како “изразување на жалење, но не и одговорност” за судбината на овие еврејски заедници.
Бугарските власти изминативе години остро реагираа против снимањето на македонскиот филм „Трето полувреме“, во кој се дава приказ на протерувањето на Евреите од Македонија.
--- надополнето: 8 септември 2013 во 19:04 ---

--- надополнето: 8 септември 2013 во 19:08 ---



Договор помеѓу бугарија и германија за депортација на евреите .


Роза Камхи Русо (87), една од ретките прижевани Евреи, се присетува кога од депортацијата се спасила криејќи се во визбата на дуќанот на Ѓоко Тапанџиев



Во визбичето живеевме многу мизерно.Таму спиевме, таму вршевме нужда. Озгора минуваа агенти,зашто во близина беше полициската станица. Ги слушавме како зачудено се прашуваат зошто тука нешто смрди. Ние сите работи долу ги вршевме зашто не смеевме да излеземе.Со овие зборови Роза Камхи Русо (87), една од ретките преживеани Евреи од Битола, ја раскажува голготата што ја минала за да спаси жива глава за време на депортацијата на 11 март 1943 година.

Имала само 21 година. Била член на Комунистичката партија, но спас не нашла во партизанските редови зашто поради провалите врските биле ослабени. Во Битола на прсти се броеле куќите што дома примале Евреи зашто тоа било многу опасно. Освен битолчанецот Боро Алтипармак, кој подоцна беше прогласен за праведник од Израел, имало уште два-тројца похрабри битолчани. Таа кобна ноќ кога од домовите биле измолкнати сите битолски Евреи, Роза со уште неколку другарки се скрила во визбата на еден дуќан во чаршијата.

- Тој ден Ѓоко Тапанџиев не' однесе во дуќанот на татко си, кој беше столарска-коларско работилница на сред Коларски пазар. На полноќ слушнавме дека го опколуваат целиот кварт. Прво тропнаа на врата токму кај што бевме скриени ние. Некој рече: „Немојте таму, тоа не е куќа, тоа е дуќан“. Целото мало околу дуќанот беше еврејско. Слушавме како од порта до порта тропаат, како ги вадат Евреите, луѓе познати, оние со кои соработувавме, живеевме - се присетува Камхи Русо на болните спомени.

По еден месец криење низ битолските дуќани се обиделе да се префрлат во партизани. Но, била фатена од полицијата и затворена. Имала среќа да не биде депортирана во логор, но ја мачеле за да ги открие партизаните. Во затвор одлежала 21 месец, а потоа дошло ослободувањето. Денес живее во Скопје. Таа и уште неколку македонски Евреи што денес живеат во Израел, по повод 66-годишната од депортацијата вчера присуствуваа на комеморацијата во Битола, а чествување се одржа и во Штип и во Скопје.

- Од Битола беа депортирани 3.200 битолски Евреи. Беа собрани на железничната станица, па транспортирани во собирниот центар во Монополот во Скопје, а по седум дена беа депортирани во озлогласените нацистички логори во Треблинка 1 и 2. По ослободувањето имаше неколку еврејски фамилии во Битола, но се иселија во Израел. Денес тука има само еден жив Моис Сариевски - изјави Димче Миновски од Македонско-еврејското друштво за пријателство.

На комеморацијата беше прочитано писмото на Пајо Авировиќ од македонската амбасада во Израел. Според текстот, Битола е дел од колективното сеќавање на израелскиот народ што се потврдува и со синагогата Јигил Јаков, изградена во близина на најпознатиот пазар во Ерусалим, а која сите ја нарекуваат Битолска зашто ја граделе доселеници од Битола.

Депортирани 98 отсто од македонските Евреи

По наредба на бугарската влада, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на бугарските и германските власти, уапсени биле 7.148 Евреи или 98 отсто од вкупната еврејска популација во Македонија во 1943 година.

Жанета Здравковска
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Првите физички ликвидации на Евреите од Македонија
„Првите ликвидации беа поединачни или во помали групи.Овие ликвидации обично ги вршеа германските власти и тоа над оние Евреи,што ќе им ги предале бугарските власти.Прв таков случај е забележан уште во 1941 г.
Во пролета 1941 година околу 300 Евреи пребегнаа од Србија во Македонија, бидеиќи Србија беше под директна окупација на Германците,па се надеваа дека сепак ќе им биде подобро под бугарската власт во Македонија. Овие Евреи живеева илигално,главно во Скопје.Во ноември 1941 година бугарската окупаторска полиција упати позив до сите Евреи бегалци да се пријават.Од 300 се пријавија само 60 лица и нив бугарските власти веднаш ги уапсија и ги предадоа на Германците за депотрирање во Србија.Од 60 пријавени лица,бугарската полиција им предаде на Германците 48 лица на 27 ноември 1941 год. Германците нив ги однесоа во Србија и на 3. 12. 1941 год. ги стрелаа. Меѓу овие лица имаше и тројца Евреи од Македонија и тоа:
Леон Леви на 40 години од Битола - женет.
Аврам Албахари на 35 години - женет
Бењамин Ремер на 30 години од Скопје - неженет
Меѓу стреланите 48 лица имаше: 4 лекари, 2 инжињера, 2 адвоката и др.
Но Германците не се задоволуваа со поединачни ликвидации на Евреите,
затоа тие ги приготвуваа врховните бугарски власти и со нив преговараа и планираа како да ги ликвидираат сите Евреи од Македонија“:
----------------
извор: Гласник на ИНИ , година 2- Скопје 1958, број 1стр 23
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Да не се заборави – 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи



Еврејската заедница во Република Македонија ќе го одбележи 11 март, Комеморативен ден на холокаустот на македонските Евреи.

Оваа година се одбележуваат 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во концентрациониот логор „Треблинка“, од каде што ниту еден не се врати. Во „Треблинка“ беа убиени 98 проценти од вкупното еврејско население во Македонија во 1943 година, еден од најголемите проценти во светот.

По тој повод, еврејската заедница во Република Македонија одржува низа комеморативни активности во Скопје, Битола и Штип во спомен на загинатите македонски Евреи.

Како и години наназад, на 10 март делегации од заедницата одат во посета на Битола и Штип, каде што пред холокаустот имаше големи еврејски заедници.

На 11 март, централните активности се одвиваат во Скопје. Ќе биде положено цвеќе на местото на привремениот логор, Мополот, на еврејските и на партизанските гробишта, како и прием кај градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Активностите завршуваат со комеморативен концерт на хорот на еврејската заедница „Моис Хасон” во киното „Фросина“ во 20.00 часот.

http://republika.mk/?p=215042



Комеморативна седница по повод 71 година од депортацијата на Евреите

Денеска (11 март 2014 година, вторник), во Салата за седници на Советот на Град Скопје, во 13:30 часот ќе се одржи Комеморативна седница за одбележување на 71 година од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка, далечната 1943 година.



На седницата ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој традиционално, на овој ден се среќава со делегација на Еврејската заедница во Македонија.
Еврејската заедница секоја година со најразлични активности го одбележува овој ден. Уште од 1946 година, делегација на Еврејската заедница ги посетува местата на депортацијата, градовите Битола, Штип, како и Монополот во Тутунскиот комбинат во Скопје.
Во Скопје на 11 март, голем број државни делегации, дипломатскиот кор и политичките претставници, како и делегации на граѓани и институции полагаат цвеќиња пред споменикот во скопскиот Монопол. Активностите продолжуваат пред могилата на загинатите Евреи во Треблинка на Еврејските гробишта – Бутел со кажување кадиш, а утревечер, во Киното Фросина ќе биде одржан комеморативен концерт.

http://cooltura.mk/?p=46489



Одбележани 71 година од депортацијата на штипските Евреи



Ана Босилкова Барух од Скопје е потомок на Еврејка, која успеала да се спаси од гасните комори во Треблинка. Денес видно возбудена, без да ги крие солзите, раскажува за животот на мајка и која во концентрациониот логор ги изгубила сите роднини.
Со едно минутно молчење и свечена седница Штип денес им одаде почит на сите 560 штипски Евреи, кои на 11 март 1943 година, со возови се транспортирани до тутунскиот комбинат во Скопје, а од таму во логорите на смртта. Депоратацијата ја одбележааа и со полагање цвеќе на Споменикот на Евреите.

Еврејската заедница од штипскиот градоначалник побара доуредување на патот до еврејските гробишта.

Во моментот во Штип нема ниту една еврејско семејство. Последните жители, семејството Рубиса, пред неколку години се исели во Израел, а поради здравствени причини денес во Штип не успеа да стигне ниту единствениот сведок Шела, еврејка која се спасила од гасните комори во Треблинка.

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9418--71-
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1360.jpg Picture 1359.jpg Picture 1361.jpg нашите комшии Евреите, кои на 11.03.1943 год.беа собрани од
бугарските окупаторски фашисти и депортирани во Треблинка, и погубени во гасни комори во логорите на смрта.Никој не се врати.[DOUBLEPOST=1394572691][/DOUBLEPOST] Picture 1362.jpg спомен плочата-споменикот,вандализиран на цар Борис 3 во алејата на Бугарија.(подоцна отстранет)

Picture 1368.jpg споменик во Израел во чест на мачениците од Македонија,Тракија и Пирот
 
Последно уредено:

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Датум: 21.11.2014

KАKО БЕШЕ СПРОВЕДЕН ГРАБЕЖОТ НА ИМОТИТЕ НА СKОПСKИТЕ ЕВРЕИ ВО 1943 ГОДИНА

БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ НОСЕА ПОЛНИ КАМИОНИ ПОКУЌНИНА ОД СКОПЈЕ ВО БУГАРИЈА!



Блаже Миневски



Бугаринот Иван Захариев, кој пред седумдесет години бил комесар за еврејски прашања, со камиони, на своја домашна адреса во Бугарија, испраќал скапоцени предмети и покуќнина ограбени од еврејските куќи во Скопје. Што се случило подоцна со тој имот? Kаде се клавирите, златните и сребрените сервиси, скапоцениот накит што бил ограбен од лицата затворени во скопскиот Монопол, а потоа депортирани во Треблинка? Kои се „скопјаните“ што преку лицитација се снабдувале со туѓи спални соби, трпезариски маси, столови, гитари, виолини, машини за шиење...? Kаква е таа бездушност да купуваш на јавно наддавање предмети од покуќнината на оние што токму во тој миг биле задушувани во гасните комори во Европа?

Ограбени веднаш по затворањето во Монополот

Според документите до кои дојдовме, бугарскиот Kомесеријат за еврејски прашања со наредба од 22 септември 1942 година за комесар за еврејски прашања во Скопје го назначил Иван Захариев, кој истовремено бил поставен и за помошник-кмет на скопската општина, значи му помагал на кметот Спиро Kитинчев заедно со другите четворица помошници, како Kирил Жерновски, на пример. Се разбира, сите во општината бездруго добро знаеле што работи Иван Захариев. Штом дошол во Скопје, на 24 септември 1942 година, ги известил вработените во општината дека во иднина тој лично ќе решава за с` што е во врска со Евреите на територијата на скопската еврејска општина. Со тоа Захариев станал страв и трепет за Евреите во Скопје. Истиот Захариев, во јануари 1943 година, значи само два месеца пред да ја реализира акцијата за собирање на Евреите во Монополот и депортирање во Треблинка, издава наредба со која, меѓу другото, на сите Евреи во Скопје им забранува да посетуваат ресторани, слаткарници, кафеани, млекарници, да одат во кино, на игранки, во театар, па дури и да се шетаат во Градскиот парк и да се движат по главните улици. Со оваа монструозна наредба на сите Евреи им било забрането да се кријат во јавните скривници при воздушни тревоги, што значи дека им било наредено да останат како жива цел на бришан простор. Според сеќавањата на Жамила Kолономос, македонска револуционерка и првоборец, професорка по француска филологија, општественик, писател и публицист, автор на прилози, мемоари и документи за минатото на Евреите во Македонија, посебно во Втората светска војна и НОБ, која почина минатата година на 91-годишна возраст, бугарската влада ревносно ги следела фашистичките режими во Европа, односно нивното законодавство и пропаганда. Притоа од писмото на Скопската еврејска општина до еврејската општина во Битола, испратено на 24 мај 1942 година, може да се види дека во Скопје сите еврејски дуќани биле ликвидирани уште на 28 февруари 1942 година: „Сопствениците на дуќаните беа предупредувани од контролорите на Бугарската народна банка средствата добиени од ликвидацијата да се уплатат во банката. Постојат повеќе документи за конфискација на дуќани и продавници на лица од еврејско потекло во полза на државата, а Министерството за внатрешни работи и народно здравје ги обврзува сите лица од еврејско потекло да носат посебен знак, односно значка, шестокрака ѕвезда со изразито жолта боја, закачена на левата страна од облеката. Значки не носеа само децата под 10 годишна возраст“. Во меѓувреме бугарскиот окупатор подготвил и списоци за транспорт на Евреите од Скопје. Според списокот, околу 5.000 лица требало да бидат натоварени во пет воза на железничката станица во Скопје. Пред да бидат натрупани во вагоните, скопските Евреи биле донесени во собирен логор, односно во логорски приспособените згради на скопскиот Монопол, кои биле во близина на железничката станица. По завршувањето на подготовките, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, градот бил блокиран, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови на 11 март почнало собирањето на Евреите. По куќите, од број на број, оделе по неколку вооружени полицајци, агенти и војници. Ги скоривале сите со ред, ги туркале надвор и ги товарале во камиони или шпедитерски коли. Во мугрите се слушале само наредбите на полицајците кои гласно извикувале истераните од своите куќи да го земат со себе накитот и парите зашто ќе им требаат, ќе ги носат за Бугарија. Во тој метеж веќе се случувал и грабеж. Додека извлекувале луѓето од своите сопствени куќи, полицајците и агентите прибирале с` што им се допаѓало, а грабежот продолжил с` до доаѓањето во Монополот, но и откако сопствениците ги затвориле во логорот. Според сведочењето на неколкутемина преживеани од скопскиот Монопол, службените лица им одзеле речиси с` – пари, прстени, часовници, лекови, сапуни, ќебиња, мантили... Во грабежот учествувале не само стражарите туку и агентите што постојано се моткале околу затворените, иако Министерскиот совет на бугарската влада на 2 март 1943 година, значи десеттина дена претходно, донел одлука со која сите подвижни и неподвижни имоти на лицата од еврејско потекло се отуѓуваат во корист на државата.

Два дена по собирањето на скопските Евреи во Монополот, значи на 13 март 1943 година, Kомесарството за еврејски прашања во Софија издало наредба за ликвидација на имотите на лица од еврејско потекло. Веднаш потоа скопскиот комесар за еврејски прашања, Иван Захариев, упатува циркуларно писмо до сите заинтересирани установи дека имотите ќе се продаваат за левови според процена на комисија. Веднаш потоа скопскиот областен директор Димитар Раев именува комисија, во состав Иван Захариев, делегат на Kомесаријатот за еврејски прашања, Симеон Kасов, областен началник за посебен данок, и Христо Зографов, директор на Првата машка гимназија во Скопје, кој бил задолжен за распоредување на предметите и покуќнината за потребните на државните и општинските установи. Од документацијата се гледа дека голем број организации, установи, училишта, културно-научни институции побарале разни работи од покуќнината на депортираните Евреи, што значи дека, додека Евреите с` уште биле во скопскиот Монопол без храна и вода, ограбени и малтретирани до крајни граници, некои скопјани, односно општинската управа, веќе организирала распродажба на еврејскиот имот.

Во првата фаза на отуѓување на имотот во корист на државата конкурираат голем број институции, без никаква почит кон мртвите и депортираните. Во тој список, меѓу другите, се Скопската обласна дирекција, Полициската управа во Гевгелија, штабот на една самостојна коњичка бригада, Скопскиот универзитет - Државната народна библиотека, Општинската управа во Царево Село, манастирот „Свети Пантелејмон“ кај Kочани, Околиското агрономство во Скопје, весникот „Бугарско дело“ од Битола, Лозовиот расадник во Сарај, Природонаучниот музеј во Скопје, Читалиштето во Велес, Народниот театар во Скопје, Тенискиот клуб во Скопје, Бугарскиот народен сојуз за фискултура, Просветно-музичкото друштво, Скопското женско училиште „Екатерина Симитчиева“, училиштето „Kнез Симеон Трновски“, Основното училиште „Отец Паисиј“ од Скопје и многу други. Бараните предмети, делови од покуќнина и слично, биле доделени без или со паричен надомест според процените на посебната комисија. Од некои институции биле во неколку наврати побарувани разни работи, најчесто делови од мебел и слично. Во секој случај, за многу кратко време, буквално бил разграбан голем дел од подвижниот имот на скопските Евреи, имот што го создавале со генерации. Бугарскиот окупатор добро знаел дека ниту еден од депортираните нема да се врати, па затоа само два дена по нивното собирање во Монополот, почнува распарчувањето на имотот. Притоа треба да се знае дека најдобрите и најскапоцени парчиња претходно веќе ги однеле токму службениците, чуварите, полицајците, агентите и членовите на комисиите транспортирајќи ги веднаш надвор од Македонија.



Училиште побарало да им се донираат спална соба, ноќни масички, постелнина...?

Kако се одвивала распродажбата, односно грабежот на еврејскиот имот? Пред почетокот на лицитацијата на покуќнината во одредена улица со точно определени куќи, комисијата најпрвин вршела избор на предметите што ги побарувале разните државни и општински установи селектирајќи ги предметите набележани во упатството на делегатот на Kомесарството за еврејски прашања. Ваквите предмети биле под директна ингеренција на Захариев. Остатокот бил продаван на лицитација, а наддавањето им било дозволено само на лица од бугарско потекло. Откако ќе се распродадело с` што има во куќата, клучевите му се предавале на Иван Захариев и тој располагал со куќата додека државата не ја продадела или подарела на некоја установа. Во меѓувреме, пред да почне лицитацијата, специјални комисии формирани од Захариев оделе од куќа во куќа и ја собирале преостаната храна. Спроведувајќи претходно грабеж за своја душа, јавно објавената продажба била вршена по многу ниски цени. Сите поубави и повредни работи претходно биле сортирани во скопската синагога за да им бидат отстапени како подароци на заслужни приватни лица или едноставно украдени од полицајците и агентите. Станува збор за ретки скапоцености и уникатни предмети, меѓу кои имало и цели спални соби, сребрени и златни сервиси, странски душеци и завеси, јоргани, клавири, килими и слично. Во документацијата што останала зачувана во архивите во врска со сортирањето на имотот не биле селектирани само златните и сребрените сервиси, туку и стилски шифоњери, отомани, ноќни масички со ламби, огледала, уникатни гитари, скапоцени клавири и виолини, машини за пишување со латински букви, стилски фотелји и многу други работи. Голем дел од овој имот бил однесен во станови на угледни скопски семејства или во некои од установите во градот. Дека ваквиот морбиден грабеж бил сфаќан како нормална работа, сведочи и еден документ од 24 април 1943 година, писмо од Германското училиште во Скопје, кое побарало спална и три отомани, две библиотеки, две печки, еден клавир, еден фрижидер и три килими. Сите предмети што ги барале им биле дадени, односно постои документ од примопредавањето. Зошто на училиштето му била потребна спална соба може само да се нагодува. Згора на тоа, истото училиште неколку дена подоцна побарало уште 36 други предмети и пак ги добило сите, а во август, кога најголем дел од скопските Евреи, најверојатно, веќе биле ликвидирани во Треблинка и другите логори, повторно барало разна покуќнина, па комисијата, во состав Миле Попов, Миле Серафимов и Тихомир Христов, донела одлука на училиштето да му се додели и еден трикрилен орман, два креденца, два кауча, три пара прекривки, четири предиња, пет салфети, една крпа, една маса, два душека, десет перници, три свилени јоргани, три јоргански чаршафи, една комплет спална со трикрилен орман, два кревета, две ноќни масички и еден тоалет од оревово дрво, четири прекривки за маса, два штофа за женски фустани и друго. Kој го барал сето тоа? Kој бил директор, а кој професор во ова монструозно училиште?

Во грабежот на еврејскиот подвижен имот, во општата пљачка, учествувале и разни личности што оперирале во градот, а кои ги кршеле дури и печатите на еврејските станови и ги ограбувале пред комисијата да направи увид и попис на предметите. Сепак, најмногу кражби вршеле полицајците и агентите, кои ноќе провалувале во куќите и ги ограбувале.

Полициските агенти земаа кој колку може

Во градот оперирале и разни други службеници, членови на комисии, чувари, ликвидатори и други. Постојат документи дека некојси Славчо Стоилов бил казнет од својата полициска управа со една четвртина од својата плата и враќање на украдените работи - печка, пружина, две ноќни масички, три чаршафи, три перници и едно ѕидно огледало. Агентот Илија Неделков, по војната, на распитот пред македонските истражни органи ја дал следнава изјава: „Во текот на месец март 1943 година се случи иселувањето на Евреите од Скопје. Тогаш сите агенти земавме од Евреите кој што може и како може. Лично јас зедов за себе едно пенкало, три вратоврски, две кошули и еден костум. Знам дека Ѓорѓи Цонов и Анто Антонов, еден ден пред да бидат транспортирани Евреите од Скопје, влегле во една еврејска куќа кај дрвеното мовче, направиле претрес и зеле многу злато. Тоа го чув лично од нив. Агентот Тодор Ташев зел мебел. Емил Михајлов зел спална и дневна соба комплет, а Јордан Џогенски, началник на криминалната служба, си соши над 30 костуми со материјал што го собрал од еврејските куќи и дуќани. Борис Ѓулгеров пред мене расправаше дека зел едно ќесе со 30-40 жолтици, но му ги дал на началникот Цанков, а после се каеше што не ги задржал за себе. Иван Захариев, комесарот за еврејски прашања, со камиони праќаше најскапоцени предмети и покуќнина за Бугарија на својата адреса во својот град. Никола Kодов, началник на административната служба при Скопското обласно управление, зел од Евреите по разни основи над шест милиони лева. Истиот овој началник, „хумано“, за пари, се разбира, им го олесни префрлувањето на некои Евреи во Албанија. Се зборуваше дека и самиот областен полициски началник Стафан Стефанов зел пари за лажни пасоши со кои Евреите оделе преку Албанија во Италија. Земаше големо мито за тоа“.

По општиот грабеж што го вршел кој ќе стигне, дел од предметите што останале требало да се дадат на лицитација. Затоа во мај и јуни 1943 година во скопскиот фашистички весник „Целокупна Б’лгарија“ со денови излегувале огласи со кои се информирале граѓаните за јавната лицитација на еврејскиот имот преостанат во куќите и во магацините. Според огласот, предмет на продажба се спални, столови, трпезарии, машини за шиење, всушност само она што останало по грабежот од страна на власта, функционерите, агентите и полицајците. Поради кражбите со лицитациите, не можела да се собере сумата што се очекувала. Имено, од еврејскиот подвижен имот во Скопје се очекувале околу 50 милиони лева, а се собрале само 12.070.960 лева, значи само околу една петтина од предвидената сума. Сето друго отишло низ каналите на општиот грабеж што го извршиле оние што имале пристап до куќите на скопските Евреи во таканаречените еврејски маала во градот.

Сепак, разбира, и покрај с`, најтрагично секако е тоа што од околу петте илјади скопски Евреи на крајот успеале да се спасат само 167 лица, дел ослободени како странски државјани, неколкумина како лекари и двајца што успеале да побегнат од скопскиот Монопол.

САМО ПОДВИЖНИОТ ИМОТ ВРЕДЕШЕ ПОВЕЌЕ ОД 13 МИЛИОНИ ДОЛАРИ!

Фашистичкиот закон за заштита на нацијата наложувал секој Евреин да пополни специјална декларација, која содржела недвижен имот, бугарски пари и чекови, странски банкноти и чекови, сметки во бугарски банки, сметки во странски банки, златни монети во сите видови, злато во зрно и друго злато, часовници, табакери, бразлетни, брошови, прстени, дијадеми, златни предмети и сервиси, гравури, украси, статуети, виљушки, ножеви и садови, дијаманти, рубини, бисери и брилијанти, бугарски и странски обврзници, акции делови од акции на бугарски и странски претпријатија, мебел, скапоцени странски штофови, сите видови кожа, кожни капути и слично, бугарски и странски теписи, автомобили, мотори, велосипеди, пајтони, запрежни коли, бродови, шлепови, моторни чамци, чамци, лаѓи, потоа машини во фабриките и работилниците, како и сите алатки во нив, стока во магацините, фабриките, работилниците, складишта и слично; разни видови инсталација, инвентар и друго. Само подвижниот имот на Евреите депортирани од Скопје се проценува на повеќе од 13 милиони долари, кои Еврејската заедница веќе има побарано да ~ бидат вратени од Бугарија.

АРОН АСА: ГРАБЕЖОТ ПОЧНА НЕКОЛКУ ДЕНА ПО СОБИРАЊЕТО НА ЕВРЕИТЕ

Според Арон Аса, истакнат израелски општественик, кој по војната се преселил во Израел, грабежот на испразнетите еврејски имоти во Скопје почнал само неколку дена по собирањето на Евреите во скопскиот Монопол, за чија адаптација биле потрошени околу еден милион и 300.000 лева: „На 9 април 1943 година, обласниот директор Димитар Раев издаде наредба за распродажба на еврејскиот имот во скопската област. Специјални комисии составени од претставници на општинската управа, полицијата, даночната управа и комесарството за снабдување ги отклучуваа празните куќи и ги изнесуваа мебелот, облеката, покуќнината, храната и скапоценостите. Во Скопје работеа четири ликвидациони комисии. Изнесените предмети, оние што беа останати по масовното разграбување од самата власт, беа распродадени по пазарите речиси џабе. Додека Евреите умираат во логорите, бугарската власт и одредени поединци ги пополнуваа со нивната покуќнина своите институции или воени единици. Влечеа со воени камиони мебел, прибор за јадење и други предмети. Не само грабежот, туку и на официјалното распродавање на еврејскиот имот во Скопје на јавна лицитација исто така само по себе е срамен чин за самата бугарска држава. Притоа најубавите и највредни предмети претходно беа избирани од одговорни лица, кои ги присвојуваа под форма на фиктивни купувачи за ништожна цена. Цели складови беа разбивани, ограбувани и палени за да не се пронајде трага. Долго време потоа разни околиски управници или полициски агенти на црната берза ги распродаваа ограбените еврејски предмети“, напиша Аса во своето сведоштво.

ИЗВОР

.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Много интересна мапа и ако не е само за евреите.

 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Дали сум јас единствениот што гледа дека со извинувањето на вулгарите за евреите од Македонија и Грција (тогашен Македонски дел) си даваат автогол?
Нели викаат дека Македонците се вулгари?
Ако не сметаат за ист народ, зошто депортираат евреи исклучиво од Македонија?
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
261
Поени од реакции
172
Дали сум јас единствениот што гледа дека со извинувањето на вулгарите за евреите од Македонија и Грција (тогашен Македонски дел) си даваат автогол?
Нели викаат дека Македонците се вулгари?
Ако не сметаат за ист народ, зошто депортираат евреи исклучиво од Македонија?
Ти што мислиш?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Дали сум јас единствениот што гледа дека со извинувањето на вулгарите за евреите од Македонија и Грција (тогашен Македонски дел) си даваат автогол?
Нели викаат дека Македонците се вулгари?
Ако не сметаат за ист народ, зошто депортираат евреи исклучиво од Македонија?
Заштото евреите во Jгославиja не можеха да получат бугарско државjaнство и беха грагани на кралство Jгославиja,а тее се гледаха како военен труфеj от страна на Германиja.
Извинуване не е имало,тоа са фантазии.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На прагот сме на 2016 г. а бугарските наци-фашистички идиоти повторно и повторно продолжуваат со своите глупости и негирање на јасното бугарско учество во холокаустот на македонските Евреи.

Ајде пак да ги потсетиме дека бугарскиот АНТИСЕМИТСКИ "Закон за заштита на нацијата" го имаат донесено ПРЕД воопшто да стапат во Тројниот пакт на силите на оската: Германија, Италија и Јапонија.

Си го подготвиле и изгласале во декември 1940 г., а со указ на царчето Борис трети е потврден во јануари 1941 г.



Еве им го тука (иако сме им го постирале неколку пати на темава) повторно да си го препрочитаат, и особено да обрнат внимание на Дел 2:

Закон за заштита на нацијата

.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Ма каков ултиматум, со задоволство Блгарија прифати сојуз со Оската со цел завладување на Новите Предели, Охрид и Сан Стефанска Бугарија, знам те пушко кад си била пиштољ велат србите
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ма каков ултиматум, со задоволство Блгарија прифати сојуз со Оската со цел завладување на Новите Предели, Охрид и Сан Стефанска Бугарија, знам те пушко кад си била пиштољ велат србите
Roy Fokker, а важи и за сите други.
Редовниот бугарски трол штипјанец' е одамна т.е. поточно во 2012 г. баниран од оваа тема, и нема право на учество во неа. Затоа не му одговарајте на глупостите.

Чисто за потсетување КЛИК

Ч Е Н Т О напиша:
штипјанец' напиша:
Бугарија зеде такво решение, што го зеде и вашата држава Југославија неколку дена по Бугарија.
Ч Е Н Т О напиша:
Предвоена кралска Југославија, окупирала дел од целокупна Македонија во кој спроведувала жестока денационализаторска политика и во никој случај не била "наша т.е. македонска" држава.
Таквата идиотштина може да ја тресне само војвоѓанска србенда како тебе.

Пробај уште еднаш да истресеш нешто слично и ќе одлеташ од темава.
штипјанец' напиша:
Со вашиот југословенски крал каква беше приказната?
Јас убаво те предупредив, ама ти изгледа си мислиш дека заради "монголскиот фенотип" имаш некое право на специјални привилегии овде.

Епа немаш.

БАН!

Темава за тебе е само за посматрање од сега.
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
261
Поени од реакции
172
Си го подготвиле и изгласале во декември 1940 г., а со указ на царчето Борис трети е потврден во јануари 1941 г.
Карактеристика "царчето" за некоj, коj има огромен личен принос за спасението на 50 000 евреи , е навреда не толку кон Борис III, колку кон евреjскиот народ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom