Ептен добар натпревар. Јужноамериканците се ненормални, како животот да им зависи од утакмицата. Треба почесто да добиваат организации на светски превенства, дефнитивно. Уживање е да ги гледаш натпреварите кога они играат, драма се сите.
Браво за Бразил, добар натпревар одиграа. Не ми е јасен хејтов што го јадат, лол. Браво и за Чиле, ја исфрлија Шпанија во групи, играа добар фудбал, многу стабилна игра, изиграа израмнет натпревар со Бразил на домашен терен, многу, многу добра селекција.
Ќе повторам, не знам зошто толку негативни коментари за Бразил. Технички и тактички се прва класа. Одбраната им е веројатно најдобра на првенството, заедно со онаа на Франција (барем по она досега што го видовме), средината и нападот многу добро балансирани и флексибилни, што е изненадувачки за Бразил. И денес имаа неколку добри трансформации во текот на натпреварот. Играат многу ефективен фудбал (добро, со исклучок на претерувањата на Нејмар), знаат да играат на резултат, што во комбинација со нивниот технички квалитет може да значи добиени тесни натпревари, како овој денес.Плус се ментално доста силни, барем изгледаат така. Болка им е централниот напаѓач, дефинитивно. Фред и Жо се катастрофа, може треба да проба со некој од крилните напаѓачи, како Хулк, да го стави на таа позиција, со оглед на тоа што баш на другите напаѓачки позиции има повеќе избор на клупа.
Ако помине Колумбија и играат со неа ќе имаат подеднакво тежок натпревар, колумбијците се фантастични на првенствово.
По тоа што ја успеав да го видам, Бразил, Германија, Франција, Холандија и Колумбија и Белгија од сенка ми изгледаат на најсериозни од овие што останаа. За Бразилците тоа потенцијално полуфинале со победникот од веројатниот дуел Германија - Франција може да им биде одлучувачки за титулата, нормално ако догураат до таму.