Бразил - Чиле | 28.06.2014 | 18:00 | Стадион Минеирао

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе продолжи понатаму?


  • Вкупно гласачи
    107
  • Гласањето е завршено на .
како да не бе,па Бразил во групната фаза ништо не покажа,еве и денеска мака мачеа,Цезар и пречката ги спасија,статуи во Рио да им направат по итна постапка.Со големина на Исусовата.
Епа тоа викам и ја де, не покажуваат шампионска игра сеа за сеа, ама Германија? Не брат, и они се слаби, тоа ми беше муабетот. Франција највеќе покажа до сега според мене.
 
Neymar,Fred,Hulk in a nutshell :D
 
Последно уредено:
Епа тоа викам и ја де, не покажуваат шампионска игра сеа за сеа, ама Германија? Не брат, и они се слаби, тоа ми беше муабетот. Франција највеќе покажа до сега според мене.

швабите барем ја раскантаа Португалија на Роналдо,Бразил го расканта и така раскантаниот Камерун.
 
Не би рекол дека Бразил не заслужија да победат, али мора да се признае дека имаа малце среќа.
Очекував повеќе од Бразил а не беа ич ветувачки.
Лошо им се пишува понатаму.
Чиле играа многу јако, имаа закани на ниво што Бразил не успеа да ги постигне но сепак Бразил беше повеќе клач на пеналите благодарение на ѕверот Цезар и тоа е тоа.
Исто така мило ми е што немаше намерно некоректно судење што иде во полза на Бразил.
 
Реално за да биди некој шампион треба да биди пред се цвсрт во одбраната и да бидат стабилни назад..што значи тука веднаш одпаѓа Аргентина кои се премека екипа и смешни играчи назад каде се кој од кој покиксери..Бразил се нешто поцврсти назад но Марсело и Алвеш летаат по сите страни и со такви бекој ќе примат голој...Германија со Ховедес и Боатенг по страничните позиции се:facepalm: ама ги надополнуваат квалитетните играчи на средина...

Франција досега не примила гол и се покажа најдобро дефанзивно(2-та гола против Швајцарија не ни ги рачунам бидејќи беа на 5-0 резултат каде Франција се глупираја)
 
швабите барем ја раскантаа Португалија на Роналдо,Бразил го расканта и така раскантаниот Камерун.
Ја раскантаа со непостоечки црвен за Пепе. Реков тогаш после мечот еве и сега ќе кажам, тој меч уопште не е репер за тоа колку е јака Германија...
 
Се спасија бразилците, со ваква игра четврт-финале ќе им биде најмногу на првенството.
Толку ли немаат по асални напаѓачи Бразил па што смета на овие телињата Жо и Фред..
Жално за Чиле, заслужија да прогураат подалеку на ова првенство.
 
Нема гајле, таму ќе помагаат судиите :rolleyes:

едит: заборавив И..... и таму ќе помагаат судиите. :rolleyes:
 
Па не ти, други некои почнаа да умараат. И така реков затоа што Германија ама баш ништо повеќе не покажа од Бразил, дури и послабо игра. И не разбирам од кај ви е таа желба толку да се хејта према одредени репрезентации. Пред некој ден за Аргентина, сеа за Бразил, за Италија да не правам муабет. Мислам олабавете се и уживајте во фудбалот.

:pos::pos::pos::pos::pos:

Да се сретнат Бразил и Германија пердуви ќе летат од циганите на сите страни. Моментално фаворит број 1 и 2 се Холандија и Германија за трофејот. Бразил е далеку зад нив , и само среќата го донесе до 1/4 финале , ништо друго.
 
10403402_657616854319036_3512369058288072216_n.jpg



ах ах уште ми е криво што си отиде од кај нас
 
Брат ќе видиме, ќе покажи времето кој колку е силен..џабе пишиме овде..едноставно дај боже Бразил да си испадни од Колумбија или пак ако ја помини ете нека се види колку е силен против Германија или Франција евентуално..

Иначе нешто заборавате,,Бразил сега играше 2 пати по 15 минути плус и сега сите играчи и тоа како се истрошени и исцрпени со тоа што ќе се покажи во второто полувреме против Колумбија во 1/4 финалето

Да бе утре игра Бразил па да се осети скоро цела недела пауза имаат, немаат гајле.
 
:pos::pos::pos::pos::pos:

Да се сретнат Бразил и Германија пердуви ќе летат од циганите на сите страни. Моментално фаворит број 1 и 2 се Холандија и Германија за трофејот. Бразил е далеку зад нив , и само среќата го донесе до 1/4 финале , ништо друго.
Сакаш кладба у нешто доколку се сретнат Германија и Бразил дека Бразил тепа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom