Бразил - Чиле | 28.06.2014 | 18:00 | Стадион Минеирао

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе продолжи понатаму?


  • Вкупно гласачи
    107
  • Гласањето е завршено на .
Сакаш кладба у нешто доколку се сретнат Германија и Бразил дека Бразил тепа?

Не би рекол, нема топка да фатат со Германија така да предноста е секако кај Германците.

Само нема везе полуфиналето ќе биде Франција - Колумбија џабе ќе се кладите.
 
Сакаш кладба у нешто доколку се сретнат Германија и Бразил дека Бразил тепа?
Нишимура остана на светсково?
Не ме заебавај, мозокот ќе им по поремети Милер сам на цела одбана на Бразил.
 
Aj dosta beshe, zatvaraj tema, odime na Kolumbija - Urugvaj, ushte edno Juzhnoamerikansko derbi.
 
Џаро ми јави, наместени биле... Џабе ќе се кладите.
 
Преубаво отворање на Нокаут фазата. :rolleyes:
 
Историски гледано:
- на Бразил незгоден ривал им е Франција.
- на Германија незгоден ривал е Бразил (и Италија ама ја нема)

така да кој ќе игра финале многу зависи кој ќе игра против Бразил полуфинале. Значи како и да вртиш Германија го јаде. :icon_lol:

Мислам Бразил ќе киксни следно коло и така Германија ќе е шампион. Но доколку Бразил е во игра, германци жалам што ќе ве разочарам ама не се надевајте на титула. :pipi:
 
Ептен добар натпревар. Јужноамериканците се ненормални, како животот да им зависи од утакмицата. Треба почесто да добиваат организации на светски превенства, дефнитивно. Уживање е да ги гледаш натпреварите кога они играат, драма се сите.

Браво за Бразил, добар натпревар одиграа. Не ми е јасен хејтов што го јадат, лол. Браво и за Чиле, ја исфрлија Шпанија во групи, играа добар фудбал, многу стабилна игра, изиграа израмнет натпревар со Бразил на домашен терен, многу, многу добра селекција.
Ќе повторам, не знам зошто толку негативни коментари за Бразил. Технички и тактички се прва класа. Одбраната им е веројатно најдобра на првенството, заедно со онаа на Франција (барем по она досега што го видовме), средината и нападот многу добро балансирани и флексибилни, што е изненадувачки за Бразил. И денес имаа неколку добри трансформации во текот на натпреварот. Играат многу ефективен фудбал (добро, со исклучок на претерувањата на Нејмар), знаат да играат на резултат, што во комбинација со нивниот технички квалитет може да значи добиени тесни натпревари, како овој денес.Плус се ментално доста силни, барем изгледаат така. Болка им е централниот напаѓач, дефинитивно. Фред и Жо се катастрофа, може треба да проба со некој од крилните напаѓачи, како Хулк, да го стави на таа позиција, со оглед на тоа што баш на другите напаѓачки позиции има повеќе избор на клупа.

Ако помине Колумбија и играат со неа ќе имаат подеднакво тежок натпревар, колумбијците се фантастични на првенствово.
По тоа што ја успеав да го видам, Бразил, Германија, Франција, Холандија и Колумбија и Белгија од сенка ми изгледаат на најсериозни од овие што останаа. За Бразилците тоа потенцијално полуфинале со победникот од веројатниот дуел Германија - Франција може да им биде одлучувачки за титулата, нормално ако догураат до таму.
 
Утакмица на ниво на 1/8 финале од светско :cuc:
Судењето најдобро до сега на првенството :cuc::cuc::cuc:

Криво ми е за Чиле, баш сакав да поминат натаму. Лошо игра Бразил, немат никаква креативност на средината, се оди преку Нејмар. Полуфинале губат или од Франција или од Германија.

П.С. Демел :cuc: . Каква игра, каква борба.
 
Ќе го буткаат Бразил вака на сила до титула :свиркам:
 
Ќе го буткаат Бразил вака на сила до титула :свиркам:

Кој ќе го бутка? Денеска немаа никаква помош од страна на судиите, најчист меч се играше, среќно ги добија Чиле.
 
Утакмица на ниво на 1/8 финале од светско :cuc:
Судењето најдобро до сега на првенството :cuc::cuc::cuc:

Криво ми е за Чиле, баш сакав да поминат натаму. Лошо игра Бразил, немат никаква креативност на средината, се оди преку Нејмар. Полуфинале губат или од Франција или од Германија.

П.С. Демел :cuc: . Каква игра, каква борба.


Судење добро само што Фернандињо требаше после 10 фаули да јаде жолт изгледа го заборави.

п.с

Landon Donovan
пред 3 часа ·
Absolutely breaks my heart to see Chile lose that way. Cannot even imagine the pressure involved for the two teams. A great game and a great advertisement for this wonderful game. Respect to both teams.
 
Не би рекол, нема топка да фатат со Германија така да предноста е секако кај Германците.

Само нема везе полуфиналето ќе биде Франција - Колумбија џабе ќе се кладите.
Ќе видиме, јас убаво го прашав дали сака кладба он нешто друго ми објаснува. Најнормална кладба мислев, аватар нешо ау... Ја стварно не знам кај гледате вие убава и доминантна игра од страна на Германците, уште па Германија ќе ги издоминирала Бразил, аха ок. Со тие лажните деветки ќе ги издоминираат, нема проблем. (y)

И искрено не разбирам како тоа судиите го буткале Бразил, Веб прееска одлично судеше, скоро без ниедна грешка да направи. За голот на Хулк стварно не знам дали беше регуларен зашо видов само една снимка и тоа и таа не успеав да ја забележам убаво... Едино тука ако погрешил Веб, другото се беше океј. И не се слагам дека Чиле го надиграл Бразил, врска си нема ова. Чиле до голот половина не пројде, а голот и самите видовте како го дадоа, по катастрофална грешка на Хулк на половината на Бразил. Подоцна од контри имаа неколку шанси Чиле од кои две беа апла изгледни, онаа од пет метри што шутна не знам кој беше и онаа на Пинила. Бразил исто имаше неколку одлични шанси али голманот на Чиле одлично одбрани. Подоцна од 70 минута натака Чиле физички паднаа ептен ниско и како едвај да чекаа да дојдат пеналите. И Бразилците не беа поарни на физички план иако мислам дека беа за нијанса поспремни. Мечот у глобала не беше убав за гледање, ама бар видовме два гола и имаше интересна пенал завршница.

Хулк дефинитивно е најсебичниот играч на светот, значи посебичен не постои и нема да постои. Исто така и премногу е глуп, впрочем кој човек што иде све на сила не е глуп. Нејмар (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom