Бразил - Чиле | 28.06.2014 | 18:00 | Стадион Минеирао

Која репрезентација ќе продолжи понатаму?


  • Вкупно гласачи
    107
  • Гласањето е завршено на .

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.554
Поени од реакции
52.345

Првиот натпревар од нокаут фазата на Светското Првенство ни носи дуел помеѓу две репрезентации од Јужна Америка. Силите ќе си ги одмерат лидерот од групата А, а воедно и домаќинот Бразил, и вториот тим од групата Б, репрезентацијата на Чиле.

Бразил го започна Светското Првенство како главниот фаворит за титулата, имајќи огромна поддршка од своите навивачи. На првиот натпревар играа против репрезентацијата на Хрватска каде што започнаа лошо со автоголот на Марсело, за потоа Нејмар да изедначи на 1-1. Хрватска се покажа како сериозен противник и им создаде многу проблеми, но Нејмар беше прецизен од пенал кој беше престрого досуден, за потоа Оскар да ја осигура победата од 3-1.
Потоа на ред дојде Мексико. Двете репрезентации играа претпазливо и можеби намерно не сакаа да притиснат откако победија на своите први натпревари, а и знаејќи дека ќе имаат уште по еден на кој ќе можат да соберат бодови за квалификација во нокаут фазата, па натпреварот заврши 0-0. Бразил на првите два натпревари не покажа шампионска игра со која би ги оправдале големите очекувања.
Третиот и последен натпревар од групната фаза беше против Камерун. Само пораз на Бразил ќе можеше да му го загрози местото, но уште од самиот почеток покажаа голема желба и мотивација за победа. Нејмар му донесе водство на Бразил, но Камерун изедначи за потоа втор гол на Нејмар да му донесе предност на Бразил на полувреме. Во второто полувреме Бразил продолжи да напаѓа и Фред го зголеми водството со својот прв гол, за Фернандињо да ја потврди победата од 4-1.
Бразил во последниот натпревар покажа одлична игра со која би можеле да ги оправдаат високите очекувања. Нејмар докажа дека е ѕвездата на тимот со своите четири голови, со кои е изедначен со Меси и Милер во трката за најдобар стрелец.

Чиле беше во група со актуелниот шампион Шпанија, Холандија и Австралија. Поради силната конкуренција, Чиле се наоѓаше на тежок пат до излез од групата. Но, уште на првиот натпревар кој го одиграа против Австралија, покажаа голема мотивираност и желба за победа. После 15 минути веќе имаа водство од 2-0 со головите на Санчез и Валдивиа. Тим Кејхил го намали водството, за Босежур да ја потврди победата од 3-1.
Следуваше натпреварот со Шпанија кои ги изненадија сите откако во првиот натпревар беа демолирани од Холандија со 5-1. Сите очекуваа Шпанија да се врати и да го порази Чиле, но Чиле повторно покажа дека има квалитет и голема мотивација за да биде сериозен конкурент на Светското Првенство. Варгас му донесе водство на Чиле после 20 минути игра, за Аранкиз да го зголеми водството во завршницата на првото полувреме и да донесе победа од 2-0 против актуелниот шампион.
Следеше последниот натпревар против репрезентацијата на Холандија откако двата тима веќе го имаа загарантирано своето место во нокаут фазата. Чиле повторно покажа добра игра, но два гола на Холандија му го донесоа првиот пораз на Чиле, што значеше втора позиција во групата и дуел со домаќинот Бразил.

Овие две репрезентации имаат одиграно вкупно 68 натпревари во кои тимот на Бразил е доминантен со 48 победи. Чиле има славено 7 пати, 13 пати одиграле нерешено. Се сретнаа и во 2010 во нокаут фазата кога Бразил славеше со 3-0.
Може да се очекува добар и интересен натпревар во кој двата тима ќе имаат голема мотивација за победа. Бразил можеби е фаворит, но Чиле во групната фаза покажа дека е озбилен конкурент и во никој случај не смее да се потценува.

Очекувани состави:

Бразил
Цезар
Алвес - Силва - Луиз - Марсело
Паулињо - Густаво
Хулк - Оскар - Нејмар
Фред

Чиле
Браво
Медел - Силва - Јара
Исла - Аранкиз - Диаз - Мена
Видал
Санчез - Варгас

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.309
Веќе имав пишано дека очекувам Бразил-Аргентина финале и дека се води кон тоа, ама штом Донев ја отворил темава... :unsure:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Според мене Бразил не покажа никакви квалитети какви што треба да ги има претендент за тронот. Сите знаеме како заврши утакмицата со Хрватска не е потребен коментар , Мексико успеа да им одолее , а натпреварот со Камерун и не е баш мерило ако се земе во предвид дека беа топовско месо во групата.

Чиле од друга страна на индиректен начин го елиминира светскиот шампион , и му покажа заби на другиот финалист од 2010. Ако не беше се решено во групата сигурен сум дека и на Холандија ќе и откинаа бод. Дефинитивно репрезентација за респект , и ако Бразил ги потцени ќе гледаме сензација уште во раната нокаут фаза.

Бразил - 55 %
Чиле - 45 %

Шансите ги ставам на Бразил само затоа што е домаќин. Иначе зошто нема и анкета?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ќе биде ова интересна оваа утакмица, ќе има отворен фудбал, баш како што се игра во јужна америка.
Очекувам атомски фудбал со многу шанси на двете страни.
Давам мала предност на Бразил, пред се заради квалитетот што го поседуваат иако до сега не прикажаа којзнае каква игра, домашниот терен како фактор плус.

Ај пошто почнавме со проценти,
60% Бразил.
40% Чиле.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.637
Поени од реакции
81.586
АИде Чиле, избацете ги препотентниве и фаворизирани копилиња

 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Чиста победа на Бразил како солза :свиркам:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Реално Бразил има поголема шанси бидејќи е домаќин и дека има помош од судиите, но ќе навивам за Чиле бидејќи покажаа многу подобра игра од „најголемиот фаворит за титулата“ кој воопшто не воодушеви со играта до сега.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Бразил може да го буткаат 1-2 утакмици, неможе цело време да има помош од судиите, најслаба игра покажаа а се најголеми фаворити, ќе си навивам за Чиле.
 
P

pepito*

Гостин
Голема е предноста на Бразил што се игра на нивни терен, тоа може да има огромна улога во дуелов, иначе не знам баш дали се поквалитетни од Чиле. Во секој случај, прејако осминафинале ќе биде ова, одвај чекам. :love:
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Бразил мора да тепа, ако треба и Нашимура ќе го стават да суди.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Бразил 85%-Чиле 15%

Не се занесвајте..Бразил е големо име и нема шанси и тие и судиите да дозволат да отпаднат толку рано бидејќи голема пара е во прашање, со телевизиски преноси и секако картите од публиката каде се очекува на 7 натпревари стадионите да бидат полни...ќе го туркаат Бразил се до 1/2 потоа ќе биди останато на нив
 

Kajgana Shop

На врв Bottom