Артур Рембо-Моето Боемство
Во џебојте со раце изѕемнати и свити,
Наметката излитена е идеалот мој,-
Се скитав Музо јас, ко верен вазал твој,
Под сводот вон со многу мечти скрити.
Со пантолоните парталави и гнасни,
Змечтаен, по патот ронев рими сал,
Ми беше крчма ѕвездениот воал,
Ѕвездите мои трепетливи и јасни.
Слушајќи покрај патот долго седев,
А примракот септемвриски со поглед што го следев,
Ме росеше по челото ко божем вино силно.
И како струни звучни в тивка вечер
На мојте чевли врвките ги влечев,
Стискајќи ги до срцето со милност.
Концептот на пари како извор на моќ и контрола е туѓ и непознат во боемскиот свет. Во една пригода после настапот во кафана кога излегол надвор, Здравкович бил пречекан од продавачка на цвеќиња и прашан дали ќе купи. Тој ги купил сите цвеќиња и откако цвеќарката пресреќна се одалечила, тој побарал од еден од членовите на бендот да му позајми пари за такси. Целиот хонорар од вечерта Здравкович и го дал на цвеќарката. На неговиот погреб истата таа се погрижила гробот да му биде најубаво украсен, достојно за еден таков бард. Парите во боемството се само категорија на плаќање на ќејфот, кој сам по себе нема цена.
Пиењето како што вели и Андреевски е задолжително кај боемот. Тоа е ритуалот на иницијација и партиципација. Првокласното боемство бара одбрано вино, но и да е во прашање и ракија брзосмртка во оние евтините комунистички 0.5 l чашки во буревидна форма тесни на врвот и дното а дебели во средината, таа ракија во раката на боемот изгледа како најскап француски коњак во кристален сад. Никотина и комарот се чести декоративни дотатоци, човек кој е оддаден на уживање без предумисла има склоности кон комплетниот пакет услуги.
Боемот може да биде само отворено емотивен човек. Педери и во сексуална и во духовна конотација не можат да бидат боеми, како што неможат ни жените. Само маж кој сакал жена со сета своја сила, до последната резанка надеж и очaј, до атлантидски потоп и демирхисарско лудило, онака како што само еден маж може да сака жена (и како што никогаш не е возможно обратното), на оној начин на кој Брајан Адамс и Пако Де Лусија го отпеаа и отсвиреа тоа во 90-тите може да биде боем. Но таа љубов не е ограничена само кон жените. Таа е универзална љубов која градира од сочуствувањето со непознатиот сопијник од истата маса па се до превземањето на сите човечки горчини на светот на својот грб како вистински Атлас. Боемот брзо избувнува и уште побрзо се смирува, не може да мрази дури и да го сака тоа, со несфатена леснина простува, заборава, подава рака и на грешниците како што подава душа на пријателите. Но со таа налик Исусова должност си доаѓа и меланхолијата, тагата, чемерот која боемот ја носи со себе вечно. Се додека светот не е среќен нема да биде ни боемот. А светската тага е сеприсутна и пред раѓањата на Бајрон, Пушкин и Гете а и многу после нивната смрт.
Боемот ја има дарбата и проклетството на Мидас. Неговиот допир, речта, заведувањето, неговиот стил, говор на тело и о^дот одаваат буржујска па дури и аристокрастка класа и манири без обѕир на неговата вистинска монетарна и статусна положба.
Душата на боемот нема ексклузивитет. Таа припаѓа секому кој ќе посегне. Хедонизмот не е само првивремен викендашки избор туку извира од секоја пора, од секоја лимфа и жлезда.
Поради се од горенаведеното за овие мажи треба жени од посебен и редок крој за да бидат покрај нив. Да, можеби навидум контрадикторно на претходната реченица звучи фактот што овие луѓе имаат многу љубови, бракови и разводи но тоа е оптичка измама и потекнува од оној исконски чар кои жените го добиваат од оние мажи кои се самотни волци, кои немаат припадност, кои не поднесуваат немање сестраност и привилегија на посед над нив. Жената се подава на боемот водена од својата моќна но притаена и змиска суета и его патување дека ете токму таа ќе го смени, ќе го врзе, ќе го натера да и ја даде душата само нејзе, ќе победи во овој тежок предизвик и ќе си ја нахрани душиката дека успеала во она во што никој не успеал, да, жените уживаат во тие триумфи над мажите кои ги сметаат за тешки предизвици во тоа е смислата на нивното постоење. Но откога ќе сфатат дека од вистинскиот боем тие ќе добијат исто што и океанот од капката дожд на крајот се откажуваат. Што те суза на јастуку јутром будила, што те ночу место мене тама грлила.
Духот на боемот е космполитски, но идентитетот е локален. На боемството му лежи домашната, народна музика. Музиката, поезијата, уметноста како материјализација на духовното се неотуѓив дел од тој скитник во секоја смисла на зборот, скитништвото е повик, потреба, зависност на кој мора да се одговори. Боемот е пред се родољуб, патриот во вистинската смисла на зборот. Човек кој пред се не ја сака родната грутка не може да биде боем.
Многумина можат да пијат квалитетни вина. Многумина ако сакаат можат и цела плата да ја остават во кафана. Многумина можат да се зансеуваат дека сакаат и дека имаат чисти души. Но ретко кој е боем. Жените не можат никогаш да бидат, затоа што немаат чиста душа. Педерите исто така, затоа што само љубовта кон ЖЕНА и сите сили на созадавање и уништување кои потекнуваат од истата можат да бидат облика на боемството. Телетабис и интернет децата, еј пеерче многу сум кул сега оти сум атеист, циник, гледам Гејм оф Тронс, Фајт клаб е закон, Дота, WOW, Скајрим, млад сум и бунтовен, уа гвујо, ќе го гушкам ГТЦ колку и некогаш да имаат добар (") вкус и интернет (википедија) интелигенција или интерлигенција не можат да бидат боеми затоа што може знаат перфектно англиски и се за сексот ама се сувопарни заморчиња, убава форма без содржина, притаена глупоќа и видлива приученост и декларативна сезнајност вооружена со сарказам која не може да излезе надвор од границите на кутијата. Скандинавци, германски племиња и северњаци не можат да бидат боеми. Може ли скандинавец да сфати која е логиката некој да плати значителна сума на пари ем чалгии само за него да свират, ем три пајтона да го носат башка него, башка чалгиите башка мерак товарот (што е па тоа мерак товар) кога ќе се врати во Битола, и како тоа кога би бил во можност не би ја трампал истата ни за Солун ни за Станбол кои се многу пати побогати и поголеми? Боеми не можат да бидат расипани луѓе, припаднаци на системот, следбеници на било каква строга идеологија, луѓе без идеја и фантазија, луѓе со страв, алчни, скржави, жедни за моќ и наметнување
Затоа боемстовото не може да се изглуми. Ако не извира од тебе, не можеш да го исфаличиш. Боемството доаѓа со светлината, со јужното сонце и јужната утеха, а заминува кога и последниот извор на светлина, последниот стар фенер, оној фенер на животот се гаси. Боемството на Радмилович, Здравкович, Добри Ставревски, Јонче, Шербеџија и последниот боемски пејачки великан Аца Лукас ги бараат Балканот, бараат светло, бараат фенери.
И за жал боемството изумирува. И кога и во последната кафана кенлерите ќе бидат облечени во кошули и лептир машни, кога и последната крчма ќе стане лаунџ бар, кога и во последната меана место чалгиски песни ќе се свират унгарски рапсодии од Брамс, кога и последните младичи ќе го заборават вистинското значење на зборот мерак кога ќе се заборават песните од народната музика, кога ќе исчезнат еснафите и ербапите, кога скапјот ќе го замени безделничењето во парк со гитара и музика, кога душата ќе се сведе на равенки и алгоритми како што предвидува и посакува Шабан Расел и кога опојот од вагиналната арома ќе ја изгуби својата магија бидејќи ќе девалвира во вредност тогаш ќе исчезне и боемството. А јас ќе ставам вакви песни за да не останат во времето. Авторот на оваа песна може да биде само боем кој со носталгија се присеќава на минатото. Човек кој не го осетил боемството не може да напише ваква песна.