Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.409
-„Боеми, според францускиот збор bohemes,означува еден тип-вид на луѓе,
обично писатели,уметници,новинари и др. кои живеат на посебен начин, по некои свои
недефинирани правила несообразни со прифатените општествени конвенции.
Нивната главна крепост или омилено упориште е кафеаната. Но ако алкохолот е еден
од најстарите човекови пронајдоци, тогаш и кафеаната можеме да ја сметаме за една
од најстарите цивилизациски институции. Таму човекот влегува не само да се напие,
туку или за да избега од нешто што што не му се допаѓа или за да се дружи со некого,
со кого може да размени некои мислења. Згора на тоа алкохолот ги урива сите бариери
меѓу луѓето. Особено нивната отуѓеност. Некој рекол дека само желбата за алкохол не
разликува од животните.Или да се умее пие, значи да се умее да се живее и со будалите.
Отаму боемите се духовити,главно со своите непредвидливи постапки...
..Како и да е,едно е сигурно: сите боеми пијат. Пиењето за нив е нешто како обред,
причесна,ритуал. Независно дали пијат од среќа или дека ги напуштила среќата.
Или не дај боже жената.“
Петре. М. Андреевски - Боемите (2007 г.)
-------------------------------------------------------------------------------
За вовед во оваа тема за Боемите, го земав овој почеток на расказот „Скопска боемија“
Ги има ли денес боемите, ги среќавате ли,кои се боемските кафеани во вашето место.