Последните скопски боеми: Јован Новаковиќ-Јоле.Тој беше прв во мојата серија и со право. Газдата на култното место - Клубот на писателите во центарот на Скопје за себе велеше: Јас бев и останав боем!Неговиот живот е исполнет со бројни анегдоти,бидејќи врвулица од познати личности оделе таму,а Киро Глигоров имал своја маса во клубот. Сликарот Божидар Тодоровски-Бодле тука секој ден го пиел утринското кафе и сликал,а редовни гости биле и: Климе Савин,Бранко Гапо, Вељко Бујан, Наум Ѓутевски,Гане Тодоровски,Анте Поповски,Бранко Варошлија,Димитар Митрев,Александар Спасов, Петре М.Андреевски, Ацо Јовановски....Во следните постови ќе се потсетиме и на написите за Почу, Сута, Васе Урдин и многу други скопски боеми.