Боеми - има или нема

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
-„Боеми, според францускиот збор bohemes,означува еден тип-вид на луѓе,
обично писатели,уметници,новинари и др. кои живеат на посебен начин, по некои свои
недефинирани правила несообразни со прифатените општествени конвенции.
Нивната главна крепост или омилено упориште е кафеаната. Но ако алкохолот е еден
од најстарите човекови пронајдоци, тогаш и кафеаната можеме да ја сметаме за една
од најстарите цивилизациски институции. Таму човекот влегува не само да се напие,
туку или за да избега од нешто што што не му се допаѓа или за да се дружи со некого,
со кого може да размени некои мислења. Згора на тоа алкохолот ги урива сите бариери
меѓу луѓето. Особено нивната отуѓеност. Некој рекол дека само желбата за алкохол не
разликува од животните.Или да се умее пие, значи да се умее да се живее и со будалите.
Отаму боемите се духовити,главно со своите непредвидливи постапки...
..Како и да е,едно е сигурно: сите боеми пијат. Пиењето за нив е нешто како обред,
причесна,ритуал. Независно дали пијат од среќа или дека ги напуштила среќата.
Или не дај боже жената.“
Петре. М. Андреевски - Боемите (2007 г.)
-------------------------------------------------------------------------------
За вовед во оваа тема за Боемите, го земав овој почеток на расказот „Скопска боемија“
Ги има ли денес боемите, ги среќавате ли,кои се боемските кафеани во вашето место.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Пасé се боемите. Многу појако е да си денди.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Да, има(ло). Тин Ујевиќ - хрватски поет.

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Боеми има, само сега со интернети и јутуби, малце се оддалечени од кафанската музика. :)
Настрана само - прогласените младичи кои ги трошат парите од родителите ...
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Крс нога на нога, кафнеце,чаша виски и долгииииии празни муабети од исправање на малски криви дрини до оправање на човекови правдини и кривини.
Не ретко разрешување на локални и светски конфликти.
Но кој да не слуша нас, Ѓоре Тарзан одамна е починат, Чашуле исто така ица Јонче си замина,останаа уште вискито на улица македонија во пораешен метропол.
Боем не е со едно пиво кое што ќе го лигавиш цела ноќ, боем не е еден шток, боем е занает,боем е пијачката која што ќе и ја порачаш на прекрасната деојка која што е редовен гостин на мста спроти тебе...... ико никогаш не си врзал ни две реченици со неа а потајно ја скаш.... ја сакаш како првата капка утринско кафе.
Дал јас сум боем?
Сепак не, не сум боем.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Излгеда денешни боеми се: сиротине што седат секој божји ден пред кооперација...

За да бидеш боем требаат и пари ,ама народот како што нема ,паднале и стандардите за боемштвото (вака ли се пишува? :D )
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јонче Христовски и Тома Здравковиќ. Кога ќе спомне некој боем прво на нив двајца ми текнува. Постојат боеми и во денешно време, дури можам да кажам дека и лично познавам неколкумина, баш онака одговараат на дефиницијата за боем.

Толку е убава темава, а мора одма да почнете со терање сеир таму каде што нема причина за тоа. Од такви луѓе и умира боемштината, а богами и мојата желба да пишувам на темите низ форумов.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Боем нели е културниот назив за пијандура?
Не пијандура е човек кој што се труе со ефтина ракијаа-вино-пиво, се валка по тротоари,вирчиња,калишта.
Боем е човек кој што под благо дејство на алкохол добива животна инспирација.
ГОСПОДИН ЧОВЕК во два збора.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Во времето во кое живееме,кога тотално е сменета перцепцијата за било што така и таа слика за боемите.
Луѓето со посебен лајфстајл интелигенција,мерак и уживање.Човек треба да научи да ужива сам,еве и јас сама седам сега читам и пијам во оваа летна вечер.Боемството,сепак верувам дека постои,гледам луѓе кои уживаат во муабетот додека пијат,стари пријатели кои дури и ќе се испокараат за спротивставените ставови за најновите случувања во градот или државата.Самиот ритуал е нешто магично.Ах мераци...ми се оди сега во кафана :love:
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Се радувам,многу се радувам кога ќе сретнам човек со кого можам да шарам најинтересни муабети,од нафтна криза до пораката во песните на Тул да кажеме,и тогаш алкохолот е само мерак,што си тече така ненаметливо.Сепак,и научниците докажаа,поинтелигентните пијат многу повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom