Балисти: 1941-1949 година - Убиства, силувања, грабежи, палежи...

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Кога имаш роднини во тие набројани жртви поназад, а некој падобранец ти запнал за некаква си друга страна од приказната :facepalm:

Да се надоврзам, имале интересни постапки за збунување, ова како една анегдота.Под војничките чизми врзувале (или закојувале со шајки) други, со поголем број обувки во обратен правец од чизмите, за да ги насочат на друг правец непријателите.И место траги и стапки во правец >>>>> се гледале стапки во <<<<<< правец.Нешто кое покасно во дел воено образование се разработувало како пример за начин на заштита и дезинформирање на непријателот во близина.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Кога имаш роднини во тие набројани жртви поназад, а некој падобранец ти запнал за некаква си друга страна од приказната :facepalm:
Исто ко да ги читам бугарине, исто!
Де бе вие од Пикасо очекувате паметен пост?
Дедовците и бабите се тука да ни кажат кој им ги напаѓал родните куќи и против кого се бореле да ги одбранат. На запад нашите се бореле против Балистите. Така да џабе му е лагата на Демири.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Во сиот овој злосторнички поход на балистите во 43-44 г.
за палење и разурнување на домови и населени места по македонските села,како и нивно пљачкосување,на целиот имот и добиток,не останале поштедени ниту верските објекти.
Од минатото меѓу Македонците било зачувано сеќавањето дека во време на владеењето на Турците османлии 5 века,кога тоа општество било теократско,не се посегнувало по верски објекти,постоела одредена толерантност спрема останатите верски заедници.Таква толерантност немало за време на окупација на Западна Македонија од 1941-44 год. а уште помалку по капитулација на Италија.Тогаш во многу села биле разурнати и ограбени повеќе цркви и манастири.
Без никаква причина била ограбена и варварски разурната и месната христијанска црква во с. Ростуше,село во кое живеат Македонци со христијанска вероисповед.Долго време разурнувањето на оваа прекрасна црква во с. Ростуше им се препишуваше на месните Македонци со исламска вероисповед.Но,со подоцнежните истражувања што ги направил Нијази Лимановски,е утврдено дека овој варварски акт го извршиле балистите од с. Врбјани, од Горна Река,населено со Албанци. Балистите црквата ја минирале и ја кренале во воздух.Црквата,која дотогаш се наоѓала сред село,повеќе не постоела.Децата од с.Росуше долго време потоа си играле со стаклените топчиња од црквените лустери,наоѓајќи ги во околината.Слична судбина доживеале и другите верски објекти.
----------------------
ова го наведов(понатаму ќе продолжам со убиствата)како пример,што правеле пред 70 години тогаш,тоа направива и пред десетина години во Лешок.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Алооооо, горе што сум напишал не автори албанци, ниту странци, туку саммите срби.......
Те/ве разбирам ако никогаш нема да прифатите дека балистите се бореа за слобода, било одамна и фактите исчезнуваат.....нормално е да се несогласуваме....
И ОНА е феномен 10 год. ако за неа имаме спротиставени ставови кога е толку свежо, камоли за балистите ќе се разбираме, феномен кој со поминување на годините е облечен со разни митови....... од двете страни.....
Ја колку што видов од текстовите пишуваше како ги убивале. Нечовечки е да.
Ама дека се бореле балистите за некоја си "слобода" тоа не го пишуваше.
А и да го пишува, кој е тој веродостоен извор на интернет? Интернетот е институција?
Плус кој идиот ќе верува дека балистите се бореле за слобода кога биле рамо до рамо со швабите.
Според твојава "логика" испаѓа дека и швабиве се борци за слобода и човекови права.

Мене здравиот разум ми наложува да не верувам на грци,срби,бугари и Албанци.
Ти пак ќе пробаш нешто да ги оправдаш балистиве, ама уште сеа ти кажувам дека веќе на темава не ти реплицирам.
За глуп, не си.
Може си образован за разлика од поголем број на твоите сонародници што протестираат против македонски компљутер ама од плутон се гледа дека од кога си регистриран на форумов шириш пропаганда у стилот
Сакајте ги албанците.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.601
Поени од реакции
5.221
Ја колку што видов од текстовите пишуваше како ги убивале. Нечовечки е да.
Ама дека се бореле балистите за некоја си "слобода" тоа не го пишуваше.
А и да го пишува, кој е тој веродостоен извор на интернет? Интернетот е институција?
Плус кој идиот ќе верува дека балистите се бореле за слобода кога биле рамо до рамо со швабите.
Според твојава "логика" испаѓа дека и швабиве се борци за слобода и човекови права.

Мене здравиот разум ми наложува да не верувам на грци,срби,бугари и Албанци.
Ти пак ќе пробаш нешто да ги оправдаш балистиве, ама уште сеа ти кажувам дека веќе на темава не ти реплицирам.
За глуп, не си.
Може си образован за разлика од поголем број на твоите сонародници што протестираат против македонски компљутер ама од плутон се гледа дека од кога си регистриран на форумов шириш пропаганда у стилот
Сакајте ги албанците.

Овие што примери што ги постирав првпат сум ги видел, најискрено, никогаш не сум сакал да копам по минатото, минатото во минатото........
Ми остави впечаток Димитрије Туцович, мислам дека има улица во скопје во негово име........
Но на некој начин морав, по форумов не сакам да ширам таква пропаганда во стилот Сакај ги албанците, туку повеќе слушај ја и другата страна........само ова сакав да ја наметнам насекаде............
И овие примери се од странски и од српски војници, како што во една тема се постираа грчки војници што велеа за злосторствата против македонците..........мислам дека е веродостоен извор..........
Факт е дека после балканските војни албанците бел ден не видеа, има секакви притисоци и тортура.........
100 год. немилосрдено владење на албанците од страна на србите ни дава милиони причини и потреба за барање на слободата, не беше работата : ние живееме све ок, но сакаме да сме обединети со Албанија, за да посегнува населението по оружје треба да има цврста причина, било каква нација да е без врска нема да иде во смрт...........
--- надополнето: 8 декември 2012 во 22:21 ---
И балистите не беа марионети на германците, затоа што не убиваа евреи, туку ги сокрија меѓу населението, друг факт е дека кога германците наредија да се убијат сите италијанци, пак беа сокриени меѓу населението, самите италијанци спомнуваат бројка од 20000 војници сокриени меѓу албанците, облечени како селани.........голем дел тогаш и останаа да живеат понатаму во Албанија.........
Дури има еден интересен филм на еден италианец кој е примен кај албанец и после помага во борбата против германците..........
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.782
Поени од реакции
49.645
Голем проблем е што денеска ни се протнуваат некои тези за “заедничка борба’’ низ историјата и заедничко удирање темели на денешната држава со што се лажира историско право на качаците на оваа денешна држава . Taка беше тоа, башибозукот против аскерот и балистичките банди против германците.... важи !

Разбирам некој да е заблуден од меѓуетничката толеранцја и “отвори го срцето и сонцето свети за сите’’ , ама да фалсикува и да лаже во име на тој несреќен трип е недозволиво.

Си исклучок на тоа Охридско востание (а исклучоци не прават правила), ние и они секогаш сме биле на спротивна страна. Тој соживот не знам како се гради, ама со реклами преполни со лаги и штелување сигурно не.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Голем проблем е што денеска ни се протнуваат некои тези за “заедничка борба’’ низ историјата и заедничко удирање темели на денешната држава со што се лажира историско право на качаците на оваа денешна држава .
Не е голем проблем, туку е најголем и клучен проблем. СФРЈ ја имаше приказната за Боро и Рамиз, како еден симбол дека ете и тие се потегнале нешто....и точно е, Рамиз Садику еден во милион од нив (не им го знам односот кон него, ама го мразат сега 100%) и отприлика тоа е тоа.....третманот на Ш после втората светска војна е отприлика опишан во филмот Тетовирање и не треба да има заблуди зошто се правело така....
Да не заборавиме дека пратениците од ПДП не гласаа за првиот устав на РМ иако тогаш беа во бедно малцинство од не повеќе од 5%....нивните партии и ден денешен во ниедна реченица изговорена во парламент не избегнуваат да почнат со „ние, албанците....“ и не пропуштаат ниедна прилика да го саботираат прогресот на земјава во која глумат државотворен народ....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Partia Fashiste e Shqipërisë — PFSh




Еве некои дополнителни основни податоци:
http://en.wikipedia.org/wiki/Albanian_Fascist_Party

Нацистичката Партија на Албанија била во директна соработка со нацистичките режими во Германија и Италија.

- Донесени биле низа анти-еврејски закони
- Втората Призренска Лига била основана од албанско-косовскиот нацист Џафер Дева, Министер за Внатрешни во германско окупираната „Голема Албанија“.
- Прогласен бил нацистички-Џихад против сите „Словени, Цигани и Евреи“
- Целта била етничко чистење на договорените територии на „Голема Албанија“
- Оваа „света војна“ била поддржана од Великиот Муфтија на Ерусалим кој бил голем сојузник на Хитлер

Идејата за „Голема Албанија“ била дел од нацистичката политика на Хитлер.

Знаејќи ја оваа позадина, гледаме дека нацистичко-исламистичката албанска политика не се поместила ниту за милиметар во последниве 70 години и денеска е јавно прокламирана од највисоки албански политички рангови, под престилката на „про-европски“ вредности и идеали.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.601
Поени од реакции
5.221
Albanija e edinstvena zemja vo Evropa kade posle vojnata se pronajdeni poveke evrei otkolku prethodno........

Sega razmisli malku!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Albanija e edinstvena zemja vo Evropa kade posle vojnata se pronajdeni poveke evrei otkolku prethodno........
Sega razmisli malku!
Немам доволно пародична фантазија за да го процесирам податоков погоре.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.601
Поени од реакции
5.221
Немам доволно пародична фантазија за да го процесирам податоков погоре.
Јас не сум виновен за неспособноста на луѓето да бараат информации.........а камоли за неспособноста за процесуирање на податоци......
--- надополнето: 9 декември 2012 во 23:14 ---
Немам доволно пародична фантазија за да го процесирам податоков погоре.

Sepak mi padna zhal, te razbiram, ti treba pomosh....
http://www.youtube.com/watch?v=Zgj-xshWOr8
http://www.youtube.com/watch?v=2QXVjAc-aIQ - погледни на 0:35
http://www.youtube.com/watch?v=DyWzw3c6308
http://www.youtube.com/watch?v=jacC69dMy84
http://www.youtube.com/watch?v=TV2Gp71xnXs
http://www.youtube.com/watch?v=WcG5HV1nvPY
http://www.youtube.com/watch?v=yE6hxctU3gE

Само неколку, не беше тешко нели?
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.799
Да се надоврзам со напишаното од Анчо за масакров


Селото Беличица се наоѓа во северо-западниот дел на Р.Македонија во близина на Гостивар.Во историјата на ова село никогаш нема да се заборави крвавиот масакар и палењето на селото за време на втората светска војна.Чистиот планински воздух како и природните убавини привлекуваат многу луѓе да го посетат ова планинско место,особено во летниот период.

МАСАКРОТ ВО БЕЛИЧИЦА

Во оваа книга, под наслов, Беличица во пламен, за големоалбанскиот масакр врз македонското село Беличица, читаме:

Штом видоа дека нема веќе отпор, како гладни хиени фашистите се устремија кон селото, кон селаните и загинатите борци.
Нивниот водач Аќиф Речани, искачен врз купот ѓубре што се наоѓаше среде Горното Маало, со кренати раце гласно извикуваше:
"Ска мал Беличица!" (Је нема повеќе Беличица!).
А потоа нечовештината почна да се покажува во својата вистинска лика.
Ги започнаа своите оргии врз мртвите и беспомошните.
Почнаа да ги палат селските куќи.
Загинатите партизани ги обезличуваа со камења и ножеви, им ги вадеа забите, ги претресуваа и им ги одземаа личните предмети, пукаа со огнено оружје во мртвите тела и им ја соблекуваа облеката за да ја однесат како "воен трофеј".
А со неколкутемина тешко ранети и неподвижни, што уште не беа подлегнати на смртоносните истрели, посебно се "пресметаа".

Во продолжение авторот ги опишува убиствата на неколкумина партизани
(меѓу кои бил и еден Албанец).
За убиството на партизанот Борче Кочовски, авторот пишува:

Борче Кочовски се обидоа да го одоброволат за да им каже некои важни информации.
На сите прашања молчеше, а потоа гласно им рече:
"Зарем не гледате, ене погледајте, ене го денот, блиску е кога на сите вам ќе ви суди народниот суд.
Пресудата веќе ви е изречена... Да живее слободна Македонија!"

Веднаш го застрелаа, а потоа со камења му ја обезличија главата.

Саво Тасевски, ранет, но се уште жив, го фрлија во огнот на една запалена куќа и уште пукаа врз него.
Сиот во пламен и со тешки изгоретини излезе од огнот, но по неколку часа почина.

Потоа разулавените балисти влегоа во куќите, безмилосно ги убиваа беспомошните жени и деца и ги палеа нивните домови.
Го почнаа она за кое дојдоа - да го уништат селото.

Една по една куќа вивнуваше во оган.
Беличица беше во пламен.
Со селото гореа и неговите жители.
Старата болна Лиска Јовановска балистите ја застрелаа в кревет. Четириесетиседумгодишната Ана Бибовска се обиде да побегне, но не успеа.
Ја вратија во нејзината куќа и тука ја убија заедно со Параскева Трајковска, а потем и двете ги фрлија во куќата што веднаш ја запалија.

Калина Јовановска, најубавата девојка во Беличица но истовремено многу храбар и активен комунист... загина со крената глава.
Анестија Богуческа и Наталија Богуческа, свекрва и снаа, долго им се спротивставуваа на балистите, заштитувајќи ги трите малолетни деца.
И двете загинаа една до друга.
Тоа им беше малку на балистите, па мртвото тело на Анестија дури го набија на колец.

Старата Сара Богуческа се обиде своите две внучки Ценија и Грозда Богучески да ги засолни во плевната.
Но и тука ги пронајдоа, ја запалија плевната и десетина балисти постојано пукаа, се додека плевната сосема не изгоре, а во неа Сара, Ценија и Грозда.

И Соломонија Јовановска ја снајде истата судбина - изгоре во запалена плевна.
Таа пред тоа неколкупати сета во изгоретини по снагата излегувала од огнот, но балистите пак ја фрлале во пламенот.
Мајката и синот Ленка и Тодор Ѓурчиновски, исто така ѕверски ги убија и ги фрлија да изгорат во огнот на запалената стара трошна куќа.
Во оваа трагедија од 42 куќи, 37 биле запалени.
 
Член од
13 јули 2009
Мислења
902
Поени од реакции
123
- Донесени биле низа анти-еврејски закони
- Втората Призренска Лига била основана од албанско-косовскиот нацист Џафер Дева, Министер за Внатрешни во германско окупираната „Голема Албанија“.
- Прогласен бил нацистички-Џихад против сите „Словени, Цигани и Евреи“
= Оваа „света војна“ била поддржана од Великиот Муфтија на Ерусалим кој бил голем сојузник на Хитлер
Обединетите нации - Њујорк
Меѓународниот сеќавање на холокаустот : "Албанците без преседан, пример во целиот свет" за заштита на Евреите. :)
Ako vi se potrebeni bilo kakvi dokumenti za Evreite koi bea spaseni od Albancite Muslimani , vi stojam na raspolaganje :)
I od samite Evrei, i od germancite, i od CNN ,ili za bilo kakov dokaz ..
Za pocetok gleajte go ovoj dokuementar od edna golema TV mreza :
CBS Special on Jewish in Albania

:icon_mrgr:
--- надополнето: 10 декември 2012 во 16:41 ---
Да се надоврзам со напишаното од Анчо за масакров


Селото Беличица се наоѓа во северо-западниот дел на Р.Македонија во близина на Гостивар.Во историјата на ова село никогаш нема да се заборави крвавиот масакар и палењето на селото за време на втората светска војна.Чистиот планински воздух како и природните убавини привлекуваат многу луѓе да го посетат ова планинско место,особено во летниот период..
Avtorot treba da ja znae istoriata od toj period i od drugata strana pred da pocne da pisuva gluposti.
Na nikoj ne mu teknalo tuku taka da zima puska v'race pa aj, bez da ima nikakva pricina ...
Tokmu tie partizanite vrsea najgolem zlocin nad albancite vo toa vreme ako ne znael .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom