Darling
High Value
- Член од
- 5 јуни 2009
- Мислења
- 14.463
- Поени од реакции
- 30.989
Малце не си ми јасен, го спомнуваш Тоше што правеше поп музика и имаше песни како Лименка и Парче од Европа, он е таа музика за која ти зборуваш против.Па во право е. Се штанцаат песни и се прават сите пејачи. Да не одиме далеку, да одиме од македонскава музика, кажи ми добар пејач со 5 песни што се бар малку како оние на Тоше Проески. Лозано? Ламбе? Каролина? Тамара? Ни еден прав текст, што ќе те замисли, ко некој Тошев. Не е дека не ги слушам ни јас и овие што ги наведов и од странскиве актуелни што ги спомна Анон, ама немаат вредност тие песни. Влегуваат лесно во глава, да, ама и Врне, врне на Мејс лесно влегува во глава, па не значи дека е добра песна.
Ако се буквално читаш, така ќе е, ко што си пишал/а.
Значи без разлика што жанр е, треба да те допре. Драма ако не те стресе, не е драма. Комедија ако не те насмее, ебате комедијата, акција и трилер ако не ти дадат адреналин, ебате жанровите, хорор ако не те стресе од страв, ебате хоророт.
Значи типов вика да се прави музика што ќе остави нешто во тебе, што ќе ти стои на срце ко грутка, што ќе ти го растрепери од тага или развесели од радост срцево.
А тоа што некој се навредил, па и треба, ако не работи доволно добро. Може музиката е субјективна, ама не може секој што му текне да е пејач и да ја изврека, без да го мисли тоа што го пее, да пренесе некакви чувства. Еве пример романската песна, каква вредност имаше. За мене никаква, Yodel it, yodel it. Класична бљувотина што со модерна трака се смета за музика, ама секој со своето мерило и вкус нели.
Некој ќе го сака Салвадор, некој ќе го пцуе.
И за крај едно видео со кое ги јаде 90% од „пејачите“ на Евровижнот.
А веќе кога праша за мак музичари тука ти е прво Калиопи, Елена Ристеска, ДНК, Александра Јанева.