Јана Бурческа на Евровизија 2017

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.365
Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 62 издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа „Избор за песна на Евровизија“ Киев, 2017 година.

Имајќи го предвид фактот дека според правилата на EBU, секој Национален радиодифузер има целосно право и слобода на избор на форматот низ кој се одлучува актуелниот национален претставник, МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа.

Својата музичка кариера Јана Бурческа ја започнува во првата сезона на Изборот за Македонски идол кадешто во финалето се пласира на петтото место.

Во 2011 година во улога на амбасадор во кампањата на UNICEF се вклучува во националниот проект- кампања „Заедно за училишта без насилство“.

Во 2012 година дебитира на сцената на Скопскиот фестивал со композицијата „Би била твоја“ за којашто го напиша текстот на музика на Валентино Скендеровски, со што веднаш се свртува и вниманието на музичката јавност на нејзиниот сензитивно префинет сценски перформанс и вокал.

На сцената на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ Јана Бурческа ќе настапи и во 2013 година заедно со Мики Секуловски со песната: „Љубовна“ за којашто музиката ја напиша Игор Атанасовски Харе, на текст од Игор Џамбазов и аранжман на Дамир Имери, како и во 2015 година со песната „Јас и ти“ на авторите Кристина Арнаудова и Бојан Трајковски.

Нејзините исклучителни вокални способности доаѓаат до израз во повеќе музички проекти, и соработки со голем број етаблирани авторски имиња од македонската музичка сцена, меѓу кои и со култната македонска група „Мизар“ со којашто ќе ја сними композицијата „Небо“ .

МРТ смета дека соработката што следува со Јана Бурческа, заедно со авторскиот тим на композицијата којашто ќе биде одбрана, ќе резултира со модерен и пред се атрактивен евровизиски производ , со афирмативен национален карактер во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност.

За терминот на официјалното претставување на композицијата со којашто Македонија ќе се натпреварува на Евровизискиот Избор во Киев - Украина 2017, МРТ дополнително ќе ја информира македонската јавност.

Извор: МРТ
_______________________
Ова МРТ изгледа си експериментира. Доста праќаа „ѕвезди“, т.е. афирмирани пејачи од типот на Калиопи, Есма, Тијана... па сега сакаат да видат како ќе поминат со некој млад и речиси анонимус. Веројатно по примерот од Србија која веќе две години по ред испраќа некои до тогаш непознати имиња на сцената на ESC. Не дека нешто би постигнале, повторно, и не дека некому му е гајле, но ете, некоја традиција е секоја година ова време истите муабети на форумов: „Евровизија е срање“, „Јас не знам што не се откажат“, „Македонија одамна требаше да не учествува“ и сл, па реков ај да видам годинава да не сте станале покреативни. :P

А за Јана :love: - за мене огромно изненадување што ја одбрале баш неа, и убеден сум дека има некоја позадина зад токму овој избор, но девојчето уште кога се натпреваруваше во Идол ми беше срценце! За тие што не ја знаат, еве, да ја видат која е, што е:

Од Идол:

Нејзини, фестивалски настапи:

Други нејзини соработки:

и преработки:

Па бујрум, Јана е во ваши раце!
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ич не ми се свиѓа шо вака ад хок си избираат МТВ кој ќе оди, која песна ќе биде и ред други работи.
Ако више учествуеме нека има фер натпревар. Нека си организираат фестивалче па нека си се натпреваруваат песни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.365
Ич не ми се свиѓа шо вака ад хок си избираат МТВ кој ќе оди, која песна ќе биде и ред други работи.
Ако више учествуеме нека има фер натпревар. Нека си организираат фестивалче па нека си се натпреваруваат песни.
Па пробаа. Сѐ пробаа, ништо не им успеа. Изгледа не нѐ бива. :P

EDIT: А, да, не пробаа сѐ, единствено што им остана е да направат шоу за избор на талент и да испратат некој тотален анонимус. Само тоа им остана.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Па пробаа. Сѐ пробаа, ништо не им успеа. Изгледа не нѐ бива. :P

EDIT: А, да, не пробаа сѐ, единствено што им остана е да направат шоу за избор на талент и да испратат некој тотален анонимус. Само тоа им остана.
Дека не не бива е факт, ама тоа не е оправдување за вака да си праќаме некој.
Зошто пример ја да неам учество у тоа да одлучам кој ќе ме претставува на Евровизија. Ако више идеме, нека си има избор.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Кога се спомна Идол 2011, прва работа што ми падна на памет е овој ромов што пееше "секси жена", потоа, тој што копаше бунари со тетин му и пееше "запаличу пола зграда", а и тој раперот Огнен од Кисела Вода што и изјавуваше љубов на Ивана. Чудна работа што после 5 години сеуште ѓи памтам нив а овие што завршија на врвот не памтам ниту еден од нив.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Дека не не бива е факт, ама тоа не е оправдување за вака да си праќаме некој.
Зошто пример ја да неам учество у тоа да одлучам кој ќе ме претставува на Евровизија. Ако више идеме, нека си има избор.
Пошто некој ќе земе да "спамира" пораки за да му помине кандидатот., под услов да има телевоутинг. Ако има жири пак некој ќе си влече на негова страна. :P

Заебанции на страна, фино ќе беше да се претстават кандидатите и композициите. Едно што од наши пари се испратени, друго што не претставуваат.Да знаеме на што сме.

БТВ, изненаден сум што Калиопи не ја избраа повторно.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Пошто некој ќе земе да "спамира" пораки за да му помине кандидатот., под услов да има телевоутинг. Ако има жири пак некој ќе си влече на негова страна. :P

Заебанции на страна, фино ќе беше да се претстават кандидатите и композициите. Едно што од наши пари се испратени, друго што не претставуваат.Да знаеме на што сме.

БТВ, изненаден сум што Калиопи не ја избраа повторно.
Егзекли, баш зошто ја ја плаќам оваа да се шета (каде и да се одржува евровизијава годинава) треба да иам некое учество. И мене ми се шета, башка добро пеам, нека ме пратат мене тогаш...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.365
Егзекли, баш зошто ја ја плаќам оваа да се шета (каде и да се одржува евровизијава годинава) треба да иам некое учество. И мене ми се шета, башка добро пеам, нека ме пратат мене тогаш...
Па затоа реков - сигурно има некоја позадина. На пример, Есма и Калиопи и врапчињата знаат заради какви придонеси беа испратени, па и Тијана исто. Сигурно има нешто слично и во годинешната приказна. Може не сум во право, не знам, ама ова делува ко приказната за овчарот кој викал „волк, волк“, односно, ако три пати те заебат, ќе се сомневаш дека може да те заебат и четврт пат.

Значи, Bojan, ако сакаш да пееш, треба малку да се активираш со пеење. Еве идат избори во декември, на пролет пак... :P
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Па затоа реков - сигурно има некоја позадина. На пример, Есма и Калиопи и врапчињата знаат заради какви придонеси беа испратени, па и Тијана исто. Сигурно има нешто слично и во годинешната приказна. Може не сум во право, не знам, ама ова делува ко приказната за овчарот кој викал „волк, волк“, односно, ако три пати те заебат, ќе се сомневаш дека може да те заебат и четврт пат.

Значи, Bojan, ако сакаш да пееш, треба малку да се активираш со пеење. Еве идат избори во декември, на пролет пак... :P
Или, Кајгана Karaoke contest! :eek:
 
Морав да се самоцитирам. Малку прочепкав по социјалниве мрежи и по некои работи кои ги видов, веројатно не сум во право. Го повлекувам погоре кажаното. :cool:
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Кога се спомна Идол 2011, прва работа што ми падна на памет е овој ромов што пееше "секси жена", потоа, тој што копаше бунари со тетин му и пееше "запаличу пола зграда", а и тој раперот Огнен од Кисела Вода што и изјавуваше љубов на Ивана. Чудна работа што после 5 години сеуште ѓи памтам нив а овие што завршија на врвот не памтам ниту еден од нив.
Од сите најјакиот не го памтиш ... Слабо англискиот а ? Слабо слабо...
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.230

Ова беше highlightот кога го испоутиња текстот. :D
Иначе ментална е Јана, со мене беше у група на правен факултет, се се гаѓаше кога полагавме колоквиуми да седи до мене. На сред полагање си потпевнуваше, ми се идеше главата у монитор да и ја лупнам. На цела таа мука, она пее! :D
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Па затоа реков - сигурно има некоја позадина. На пример, Есма и Калиопи и врапчињата знаат заради какви придонеси беа испратени, па и Тијана исто. Сигурно има нешто слично и во годинешната приказна. Може не сум во право, не знам, ама ова делува ко приказната за овчарот кој викал „волк, волк“, односно, ако три пати те заебат, ќе се сомневаш дека може да те заебат и четврт пат.

Значи, Bojan, ако сакаш да пееш, треба малку да се активираш со пеење. Еве идат избори во декември, на пролет пак... :P
За собиранката лани имав предлог да има караоке и да ги маѓепсам сите со мојот славејски глас, ама предлогот не беше усвоен...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.810
Значи, без разлика што ја не контактирам со тој свет, шабаните си постојат си слушат шабански срања. Си тече таа гнасна река, не значи дека ако ја неам контакт со неа, она не постои.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom