Јана Бурческа на Евровизија 2017

Статус
Затворена за нови мислења.

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не, сериозно, до толку ли сте глуви ?
Има некоја сличност ама различни песни се, а посебно не е копи пејст.
Исто и со тоа дека нашава била слична со некоја си песна на Бритни...

Немој не ме јеби бре !
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
И покрај се, не знам од каде сега толкав хејт за Португалецот. Јас не го ни гледав финалето синоќа, ама од она што претходно го слушнав, песната се издвои од другите и по јазикот, и по начинот на интерпретација. А на Евровизија најчесто победува нешто што е поразлично од другите песни. Плус и пред тоа беа фаворити. Пологично беше да победи од Бугарија. Точно дека детето има убав глас, ама за мене тоа беше само уште една балада која по ништо не се одвојува од другите. Ланската бугарска песна на Поли Генова беше многу подобра.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
И покрај се, не знам од каде сега толкав хејт за Португалецот. Јас не го ни гледав финалето синоќа, ама од она што претходно го слушнав, песната се издвои од другите и по јазикот, и по начинот на интерпретација. А на Евровизија најчесто победува нешто што е поразлично од другите песни. Плус и пред тоа беа фаворити. Пологично беше да победи од Бугарија. Точно дека детето има убав глас, ама за мене тоа беше само уште една балада која по ништо не се одвојува од другите. Ланската бугарска песна на Поли Генова беше многу подобра.
Па како нема да се издвои кога е најмртвата песна и настап во историјата на Евровизија?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.203
Поени од реакции
10.232
Само го**а да се јадело. Кај сме антиталенти за песна, па немаме ни слух за добра музика.
Португалецов бил мртвак, песната била мртва, ова било мртво.

Нашава една разиграна што беше, што да ти расправам.

Друго, информирајте се малку за португалската музика. Типичен жанр во неа е фадото. Тажна музика со такви тажни гласови и текстови типична за Португалија и мислам никаде на друго место ја нема. Обично главен мотив во фадо-песните е носталгијата кон родниот крај, жалење за љубената и слично.

Текстот е едноставен, ама предобар и феноменално отпеан. Ако не сте го разбрале ваш проблем.

А пораката што Салвадор ја даде на крајот е јаготката на шлагот. 3:08 почнува.

Цитирам: „Живееме во свет на разиграни/еднократни песни со никаква содржина и мислам дека ова може да биде победа за сите оние кои прават музика која значи нешто. Музиката не е огномет, музиката е чувство, затоа да се обидеме да го промениме ова и да го вратиме најважното нешто, а тоа е музиката.“

Веројатно една од најдобрите пораки.
 
M

Moon Child

Гостин

...co песна против режимот на Грујчо.
Имаше еден ваков сличен испрдок во времето на моето детство со плава коса и пипи долги чарап плетенки, 90тите години, на некој фестивал ала Валандово се појави, како дел од кореографија, во магла се сеќавам. Ако некој знае на што мислам, нека сподели, на врв јазик ми стои, и гуглав и ништо...
Тоа треба да го пратиме.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
546
Поени од реакции
1.821
А пораката што Салвадор ја даде на крајот е јаготката на шлагот. 3:08 почнува.

Цитирам: „Живееме во свет на разиграни/еднократни песни со никаква содржина и мислам дека ова може да биде победа за сите оние кои прават музика која значи нешто. Музиката не е огномет, музиката е чувство, затоа да се обидеме да го промениме ова и да го вратиме најважното нешто, а тоа е музиката.“

Веројатно една од најдобрите пораки.
Просветли ме, што е толку добро во неговата порака?
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.833
Поени од реакции
12.286
Ама балада била, ама специфична била ама не знам што. Мртва песна и настап. Не знам како некој воопшто можел она да го гласа.
Сто пати беа подобри овие

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.203
Поени од реакции
10.232
Просветли ме, што е толку добро во неговата порака?
Дека не секое лајно што тука го величевте и што се величи насекаде низ светов е музика и дека музика треба да се прави, ама и да се слуша за душа, за чувство, да те допре, да те растресе, да те развесели, а не umbrella, ella, ella, бор, смрека и разни растресотини што се нарекуваат музика.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745
да те допре, да те растресе, да те развесели
Секогаш кога @RickyLFC9 посетувал дискотеки во кои се пушта турбо-фолк, он бил допрен, растресен и развеселен од таа музика.

Музиката е субјективна и апсолутно не е битно каква е, туку е битно како влијание има на тебе и што ти се слуша во моментот.
Јас си ги поштувам (и под поштувам мислам сум ги слушал многу) Beatles, Kraftwerk, Лед Цепелин, Пинк Флојд, Мајкл Џексон, класична музика, стара македонска музика и се и сешто, па во последно време целосно си уживам во Kygo, Marshmallow, Alan Walker, Chainsmokers...
Не можеме да дефинираме што е подобра музика но можам слободно да кажам дека музиката на последниве што ги набројав (кои се масовно хејтани од они кои мислат дека знаат што е „вистинска“ музика) има исто толку влијание колку што имале и претходните. На различен начин, секако.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
546
Поени од реакции
1.821
Дека не секое лајно што тука го величевте и што се величи насекаде низ светов е музика и дека музика треба да се прави, ама и да се слуша за душа, за чувство, да те допре, да те растресе, да те развесели, а не umbrella, ella, ella, бор, смрека и разни растресотини што се нарекуваат музика.
Епа тоa и ми е поентата. Братот буквално даде изјава дека неговата песна била real music бидејќи била поинаква од другите и плус дека само тој пеел со емоции. Многу ми се кења од такви арогантни нарциси, кои жанрот на музика кој го пеат го сметаат за единствен и најдобар.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

По аналогија секој филм што не е драма, тешка романса што ќе те дотера до солзи не е филм. I beg to differ.
Различни стилови на музика исполнуваат различна функција во опшествениот живот. Нема да излезам во сабота навечер и да слушам Адел.
Таа изјава е арогантна, да не речам навредлива за 70% од учесниците на Евровизија.
 
Па во право е. Се штанцаат песни и се прават сите пејачи. Да не одиме далеку, да одиме од македонскава музика, кажи ми добар пејач со 5 песни што се бар малку како оние на Тоше Проески. Лозано? Ламбе? Каролина? Тамара? Ни еден прав текст, што ќе те замисли, ко некој Тошев. Не е дека не ги слушам ни јас и овие што ги наведов и од странскиве актуелни што ги спомна Анон, ама немаат вредност тие песни. Влегуваат лесно во глава, да, ама и Врне, врне на Мејс лесно влегува во глава, па не значи дека е добра песна.

По аналогија секој филм што не е драма, тешка романса што ќе те дотера до солзи не е филм. I beg to differ.
Различни стилови на музика исполнуваат различна функција во опшествениот живот. Нема да излезам во сабота навечер и да слушам Адел.
Таа изјава е арогантна, да не речам навредлива за 70% од учесниците на Евровизија.
Ако се буквално читаш, така ќе е, ко што си пишал/а.

Значи без разлика што жанр е, треба да те допре. Драма ако не те стресе, не е драма. Комедија ако не те насмее, ебате комедијата, акција и трилер ако не ти дадат адреналин, ебате жанровите, хорор ако не те стресе од страв, ебате хоророт.

Значи типов вика да се прави музика што ќе остави нешто во тебе, што ќе ти стои на срце ко грутка, што ќе ти го растрепери од тага или развесели од радост срцево.

А тоа што некој се навредил, па и треба, ако не работи доволно добро. Може музиката е субјективна, ама не може секој што му текне да е пејач и да ја изврека, без да го мисли тоа што го пее, да пренесе некакви чувства. Еве пример романската песна, каква вредност имаше. За мене никаква, Yodel it, yodel it. Класична бљувотина што со модерна трака се смета за музика, ама секој со своето мерило и вкус нели.

Некој ќе го сака Салвадор, некој ќе го пцуе.

И за крај едно видео со кое ги јаде 90% од „пејачите“ на Евровижнот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom