Јана Бурческа на Евровизија 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па во право е. Се штанцаат песни и се прават сите пејачи. Да не одиме далеку, да одиме од македонскава музика, кажи ми добар пејач со 5 песни што се бар малку како оние на Тоше Проески. Лозано? Ламбе? Каролина? Тамара? Ни еден прав текст, што ќе те замисли, ко некој Тошев. Не е дека не ги слушам ни јас и овие што ги наведов и од странскиве актуелни што ги спомна Анон, ама немаат вредност тие песни. Влегуваат лесно во глава, да, ама и Врне, врне на Мејс лесно влегува во глава, па не значи дека е добра песна.

Ако се буквално читаш, така ќе е, ко што си пишал/а.

Значи без разлика што жанр е, треба да те допре. Драма ако не те стресе, не е драма. Комедија ако не те насмее, ебате комедијата, акција и трилер ако не ти дадат адреналин, ебате жанровите, хорор ако не те стресе од страв, ебате хоророт.

Значи типов вика да се прави музика што ќе остави нешто во тебе, што ќе ти стои на срце ко грутка, што ќе ти го растрепери од тага или развесели од радост срцево.

А тоа што некој се навредил, па и треба, ако не работи доволно добро. Може музиката е субјективна, ама не може секој што му текне да е пејач и да ја изврека, без да го мисли тоа што го пее, да пренесе некакви чувства. Еве пример романската песна, каква вредност имаше. За мене никаква, Yodel it, yodel it. Класична бљувотина што со модерна трака се смета за музика, ама секој со своето мерило и вкус нели.

Некој ќе го сака Салвадор, некој ќе го пцуе.

И за крај едно видео со кое ги јаде 90% од „пејачите“ на Евровижнот.
Малце не си ми јасен, го спомнуваш Тоше што правеше поп музика и имаше песни како Лименка и Парче од Европа, он е таа музика за која ти зборуваш против.
А веќе кога праша за мак музичари тука ти е прво Калиопи, Елена Ристеска, ДНК, Александра Јанева.
 
Дај не се расправајте. Секој си слуша тоа што си сака. Еве јас слушам се скоро од жанрови на музика и бирам тоа што мене ми го поднесува мозокот и увото. Нема место за дискусии околу тоа дали едниот жарн чини другиот не.

Се сложувам со некој мислења на Shawn Spencer. Јас сум пред се да се врати добрата музика на Евровизија а и воопшто во светот.

Наредна година мислам треба да ги земат овие да направат песна ако веќе повторно одиме на диско техно и хаус ритами
https://www.youtube.com/channel/UCvFnWULc5N7RjrD1tVHpYaA

Ако одиме на песни балади испеани со многу емоции, убава музика, убави текстови кој имаат смисла и имаат длабоки пораки тогаш да пратиме нешто вакво
 
Последно уредено:
Факт е дека евровизииве се срање, а песнава што победи , не и е местото за на евровизија. Можеби за на некое талент шоу, или за некој концерт од оваков тип. Нит ме допира, не знам шо збори, типот е у некој негов свет, праи глупи гримаси и мумла нешо, не знам ни дали е португалски јазиков, ништо не се слуша. А дали добар глас има, тоа не сум кадарен да кажам, но све друго му е 0. Ако не се гледа ни сценски настап, ни живост на песната, тогаш немаше да има сцена, ќе пуштеа аудио снимка. :D
Ова што победи , не може да се спореди со ниедна песна што победила претходно, па и со многу што не победиле, а биле блиску :D

Тотална утка е евровизијата од 2007/2008 навака, па затоа и победниците се такви шугави.
Порано се знаеше, евровизиските песни беа хит на радио, на секаде , сега ги нема никаде, не знам кој победил и како им се вика песната, од Шерифовиќ навака :D
 
До 2010 колку толку ок беа победниците али оттогаш навака (со исклучок на Лорен/Лорин 2012) се е глупост до глупост. Една песна од победничките не знам
 
Можеби една од работите поради кои не влегуваме во финале и не ја погодуваме песната е тоа што за Евровизија се снимаат песни во онакви жанрови и со онакви текстови какви што не се карактеристични за нас и какви што нашиот народ не слуша. Ни To the sky на Тијана, ни Пред да се раздени на Есма и Влатко Лозаноски, ни ,,рокот" на Некст Тајм, ни Дона на Калиопи, ни еден куп други песни не се нешто што нашиот народ го слуша, за разлика од Нинананајна, Црно и Бело, Мојот свет и другите песни кои влегоа во финале.
 
Мртва песна?
\
Да. Не им е местото на ваквите песни на Евровизија. Поентата на изборот на песната е таа да стане хит, да се пушта насекаде. До сега јас ја немам слушнато победничкава на радио, а ги слушнав тие на Италија, Белгија и Шведска (и нашата нормално), а сигурен сум дека има далеку повеќе шанси да ги слушнам и тие на Бугарија, Данска, Франција, Хрватска, Молдавија и уште неколку отколку на Португалија. Едноставно, не е наменета таква песна да биде хит.

Или пак, можеби ја пуштаат за добра ноќ пред спиење, којзнае... Одговара за тоа.
 
Последно уредено:
Да песната нема да биде хит, нема да се врти на радио, во дискотеки но е специфична па затоа и се издвои од сите песни.
 
Колку само в година ќе играат на картата на Салвадор,жалопојќи ќе има в година.
 
Нема формула за успех и победа на Евровизија. И да оди некој на варијантата "е последно победи тажна балада ајде и ние" нема можеби да има успех нити да влезе во финале.
 
Да. Не им е местото на ваквите песни на Евровизија. Поентата на изборот на песната е таа да стане хит, да се пушта насекаде. До сега јас ја немам слушнато победничкава на радио, а ги слушнав тие на Италија, Белгија и Шведска (и нашата нормално), а сигурен сум дека има далеку повеќе шанси да ги слушнам и тие на Бугарија, Данска, Франција, Хрватска, Молдавија и уште неколку отколку на Португалија. Едноставно, не е наменета таква песна да биде хит.

Или пак, можеби ја пуштаат за добра ноќ пред спиење, којзнае... Одговара за тоа.
Од кај сега ова? Ваљда ќе се викаше хитовизија или радиовизија ако се бараа тупци тупци радиски хитови.
 
Нема формула за успех и победа на Евровизија. И да оди некој на варијантата "е последно победи тажна балада ајде и ние" нема можеби да има успех нити да влезе во финале.
Така ние правиме, го следиме туѓиот тренд, нешто што кај нас не се слуша, па затоа песната не влегува во финале.
 
Нема формула за успех и победа на Евровизија. И да оди некој на варијантата "е последно победи тажна балада ајде и ние" нема можеби да има успех нити да влезе во финале.
Takaee trendot spontano se kreira za vreme na samata manifestacija
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom