- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.165
- Поени од реакции
- 10.130
3 Idiots (2009)
Индиска комедија/драма од 243 минути. Трет индиски за мене по тој со пијанистот од филмскиот клуб и Slumdog millionaire (знам дека е британска продукција али цел е Индијци ).
Добар филм ако се одземат тие индијските џиџи-миџи танци што ги практикуваат во секој филм. Тука за среќа само 3-4 пати имаше вакви ствари.
Ко почна сцената со авионот си викам ова ќе биде некоја преценета индиска ствар, али после добро се разви.
Најинтересно ми беше тролањето што му го правеше Ранџу на Виру(с) и другиве професори, тролањето со говорот на Чатур беше исто така цепки.
Имаше добри поенти ко: „Треба да се бориме за знаење, а не за оцени“, нешто што и кај нас ептен е застапено. Филозофијата што ја практикуваше Ранџу ''All is well'' (или како што ја изговараше Ал ис вел ).
На некој начин филмов со All is well си го поистоветив со една мисла, која откако ја слушнав се обидувам и јас да ја практикувам. Имено: „Ако имаш некој проблем што можеш да го решиш, немаш причина за грижа. Ако имаш некој проблем што не можеш да го решиш, е дури тогаш воопшто немаш причина за грижа.“
Како во секој индиски и овде имаше нафрлано повеќе жанрови, де драма, де комедија, де мјузикл (со денсањето и пеењето), па малце и сај-фај со породувањето, али ме бендисаа пораките што ги носи и ме насмеа, па ќе замижам на некои нелогичности.
Оцената нека биде 4/5.
Фала за предложувачот. По пораката што ја добив, би рекол дека е @santelli или @Violetova, али не знам дали се пријавени.

Последно уредено: